26 јуни — Ослободување од телесните страдања

Мараната — Господ доаѓа
Ослободување од телесните страдања
26 јуни
„И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно; болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, демони изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10:7,8) {МАР 185.1}
„Времето на неволјите е пред нас. Целиот свет ќе биде зафатен од метеж и тегоба. Болести од секаков вид ќе го нападнат човечкиот род, а незнаењето што сега владее во врска со законите на здравјето ќе ги покаже своите последици во големи страдања и загуба на многу животи што можеле да бидат зачувани. … {МАР 185.2}
Додека верската агресија ја руши слободата на нашата нација, оние што се залагаат за слобода на совеста ќе се најдат во неповолна положба. За свое добро треба, додека имаат можност, да стекнат разумно познавање на болестите, нивните причини, спречување и лекување. Оние што го прават тоа насекаде ќе најдат поле за работа. Ќе има болни, многумина на кои им е потребна помош, не само меѓу нашите верници, туку главно меѓу оние што не ја познаваат вистината.“ (Counsels on Health, стр. 504–506) {МАР 185.3}
„Здравственото дело што се извршува во врска со објавувањето на третата ангелска вест треба да даде прекрасни резултати. Тоа треба да биде работа што посветува и обединува, каква што прилега на делото што големиот Поглавар на црквата им го доверил на првите ученици. … {МАР 185.4}
Собирајќи ги сите Свои ученици, Христос им дал налог: ’И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно; болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, демони изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!‘ ’Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби‘ (Матеј 10:7,8,16). {МАР 185.5}
Добро е за нас да ја читаме оваа глава и да дозволиме нејзините упатства да нè подготват за нашата задача. Првите ученици оделе по Христов налог, под Негово водство. Неговиот Дух требало да го подготви патот пред нив. Требало да чувствуваат дека со таква порака што ја носат, со такви благослови што ги делат, ќе бидат добредојдени во домовите на луѓето.“ (Counsels on Health, стр. 540, 541) {МАР 185.6}
„Бог допира до срцето преку ослободување од телесните страдања. Семето на вистината е посеано во умот и Бог го полеал. Потребно е многу трпение пред семето да почне да покажува знаци на живот, но на крајот ќе никне и ќе донесе плодови за вечен живот. {МАР 185.7}
Колку бавно луѓето ја сфаќаат Божјата подготовка за денот кога ќе ја покаже Својата сила!“ (Medical Ministry, стр. 246) {МАР 185.8}
