10 јуни — Како ќе настане ликот на ѕверот

Мараната — Господ доаѓа

Како ќе настане ликот на ѕверот

10 јуни

„Ја извршува сета власт на првиот ѕвер во негово присуство и ја присилува целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;“ (Откровение 13:12) {МАР 169.1}

„За да можат Соединетите Држави да му направат лик (икона) на ѕверот, црковната власт мора во голема мера да ја контролира граѓанската власт, со што црквата ќе може да ја употреби државната власт за постигнување на своите цели. … {МАР 169.2}

’Ликот на ѕверот‘ го претставува оној облик на отпаднатиот протестантизам што ќе се развие кога протестантските цркви ќе бараат помош од државата принудно да ги наметнат своите догми. … {МАР 169.3}

Но, кога празнувањето на неделата ќе биде наметнато со закон, и кога светот потполно ќе биде упатен и просветлен во врска со должностите кон вистинската сабота, тогаш сите што ќе ја прекршат Божјата заповед за да ја послушаат наредбата зад која што не стои поголем авторитет од оној на Рим, со тоа ќе му оддадат поголема почит на папството отколку на Бога. Тие го почитуваат Рим и власта што наметнува да се почитува установата што ја вовел Рим. Тие му се поклонуваат на ѕверот и на неговиот лик (икона). Кога луѓето ќе ја отфрлат установата за која Бог рекол дека е знак на Неговиот авторитет, а наместо неа ја почитуваат онаа што ја избрал Рим да биде знак на неговата врховна власт, тие на тој начин примаат знак на верност кон Рим – ’жиг на ѕверот‘. Дури тогаш, кога сето тоа ќе им биде јасно на луѓето, и тие ќе се најдат во положба да бираат меѓу Божјите и човечките заповеди, тогаш оние што ќе останат во својот престап, ќе примат ’жиг на ѕверот‘. … {МАР 169.4}

На крајот на борбата целото христијанство ќе биде поделено на два големи дела – едните кои ги држат Божјите заповеди и верата Исусова, и другите кои му се поклонуваат на ѕверот и на неговиот лик (икона) и го примаат неговиот жиг. Иако црквата и државата ќе ја соединат својата моќ да ги присилат ’сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови‘ да примат ’жиг на ѕверот‘ (Откровение 13:16), сепак, Божјиот народ нема да го прими. Пророкот уште на Патмос ги видел ’оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа харфи Божји. И ја пееја песната на Мојсеј, Божјиот слуга, и песната на Јагнето‘ (Откровение 15:2,3).“ (Големата борба, стр. 443, 445, 449, 450) {МАР 169.5}