9 јуни — Лажно будење

Мараната — Господ доаѓа

Лажно будење

9 јуни

„Тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ (Исус) ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби. Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса,“ (2 Солунјаните 2:8,9) {МАР 168.1}

„Во своето второ послание до Солунјаните Павле го опишува дејствувањето на сатаната низ спиритизмот како нешто што ќе се случува непосредно пред второто Христово доаѓање. Зборувајќи за манифестацијата на ова зло токму пред второто Христово доаѓање, Павле меѓу другото кажува: ’Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса‘ (2. Солунјаните 2:9).“ (Патријарси и пророци, стр. 686) {МАР 168.2}

„Пред Бог да ги излее своите судови на светот, меѓу Неговиот народ ќе се јави такво оживување на вистинска побожност, какво што не се видело од времето на апостолите. Врз Божјите деца ќе се излеат Неговиот Дух и Неговата сила. Во тоа време мнозина ќе ги напуштат црквите во кои љубовта кон светот го зазела местото на љубовта кон Бога и кон Неговото слово. Многу проповедници и верници со радост ќе ги прифатат оние големи вистини што ќе ги даде Бог да се објавуваат во тоа време за да го подготват народот за второто Господово доаѓање. Непријателот на душите ќе сака да го спречи ова дело; и пред да настапи времето на тоа движење, ќе се обиде да го осуети со подигање на свои лажни движења. Во оние цркви во кои сатаната ќе може да ја покажува својата лажна моќ ќе предизвика уверување дека врз нив е излеан посебен Божји благослов; во нив ќе се покаже навидум големо религиозно будење. Мнозина ќе ликуваат што Бог работи толку чудесно за нив, а всушност тоа дело потекнува од сосем друг дух. Сатаната ќе се обидува под плаштот на религијата да го прошири своето влијание врз целиот христијански свет.“ (Големата борба, стр. 464) {МАР 168.3}

„Ќе се појават млади мажи и жени што ќе тврдат дека уживаат посебна наклоност и дека се повикани да направат некои големи нешта. Ќе има многу обратувања од необичен вид, но тие нема да го носат божествениот потпис. Ќе се појават неморал и претерување, и мнозина ќе доживеат бродолом на својата вера.“ (Selected Messages, книга 2, стр. 59) {МАР 168.4}