4 јуни — Ѓаволската стратегија против празнувачите на саботата

Мараната — Господ доаѓа
Ѓаволската стратегија против празнувачите на саботата
4 јуни
„Па зар до Тебе ќе се приближи престолот безбожнички, оној што работи спротивно на законот Твој? Ја ловат душата на праведниот и осудуват невини на смрт.“ (Псалми 94:20,21) {МАР 163.1}
„Како што Божјиот народ се приближува кон опасностите на последните денови, сатаната сериозно се советува со своите ангели за да го смислат најуспешниот план за уништување на неговата вера. … Големиот измамник вели: ’… Саботата е големото прашање околу кое ќе се решава судбината на душите. Мораме да ја издигнеме саботата што ја создадовме ние. Направивме да ја прифатат и световните луѓе и членовите на црквата. Сега треба да ја наведеме црквата да се соедини со светот и да ја добие неговата поддршка. Мораме да употребуваме знаци и чуда за да им ги заслепиме очите за вистината и да ги наведеме да ги остават настрана разумот и стравопочитта кон Бога и да ги следат обичаите и преданието. {МАР 163.2} {МАР 163.3}
Ќе влијаам врз угледните проповедници да го одвратат вниманието на своите слушатели од Божјите заповеди. … Но наша најитна грижа е да ја замолчиме оваа секта што ја почитува саботата. Мораме да го разбудиме гневот на луѓето против нив. Ќе ги придобиеме на своја страна големите и мудрите луѓе и ќе ги поттикнеме оние што се на власт да ги извршат нашите намери. Тогаш саботата што ја воспоставив јас ќе биде наметната со најстроги и најтешки закони. Оние што ќе ги отфрлат ќе бидат протерани од градовите и селата, да гладуваат и да живеат во немаштија. Штом ја добиеме власта, ќе покажеме што можеме да правиме со оние што нема да сакаат да ја напуштат својата заедница со Бога. … Сега, кога ги доведуваме протестантските цркви и светот во согласност со оваа наша силна десница, конечно ќе имаме закон со кој ќе ги уништиме сите што нема да сакаат да ѝ се покорат на нашата власт. Кога ќе биде донесена смртната казна за прекршување на нашата сабота, мнозина што сега се во редовите на оние што ги држат заповедите ќе преминат на наша страна. {МАР 163.4} {МАР 163.5}
Но пред да преминеме кон овие крајни мерки, мораме … да ги фатиме во стапица празнувачите на вистинската сабота. Мнозина можеме да ги одвоиме од Христос преку световноста, похотта и гордоста. Можат да мислат дека се сигурни затоа што веруваат во вистината, но попуштањето на апетитот или на ниските страсти, кои ќе им го помрачат расудувањето и ќе им ја уништат способноста за разликување, ќе го предизвика нивниот пад.‘“ (Testimonies to Ministers and Gospel Workers, стр. 472, 473) {МАР 163.6}
