3 јуни — Подготовката на сатаната за последниот судир

Мараната — Господ доаѓа
Подготовката на сатаната за последниот судир
3 јуни
„И против Севишниот ќе зборува и ќе ги угнетува светиите на Севишниот; дури ќе си помисли да ги измени празниците нивни и закони, па тие ќе бидат предадени во раката негова за време од три и пол години.“ (Даниел 7:25) {МАР 162.1}
„Големиот непријател на човековата среќа во вековите на христијанската ера најжестоко ја нападнал саботата од четвртата заповед. Сатаната вели: ’Ќе ја осуетам Божјата намера. Ќе ги овластам своите следбеници да го тргнат Господовиот спомен — саботата, седмиот ден. Ќе му прикажам на светот дека денот кој Бог го осветил и благословил е променет. Тој ден не смее да живее во мислите на луѓето. Ќе го избришам и споменот за него. На негово место ќе го поставам денот кој не носи Божји печат, ден кој не може да биде знак помеѓу Бога и Неговиот народ. И ќе ги наведам оние кои го прифаќаат тој ден да му ја придаваат онаа иста светост која Бог ја дал за седмиот ден. {МАР 162.2}
Со помош на својот намесник ќе се воздигнам себеси. Ќе го уважувам првиот ден и така протестантите ќе ја прифатат лажната сабота наместо вистинската. Преку непочитување на саботата која Бог ја воспоставил ќе ги наведам луѓето да го презрат Неговиот закон. Зборовите ’знак меѓу Мене и вас од колено до колено‘, ќе направам да служат во чест на мојата сабота. {МАР 162.3}
Така светот ќе ми припаѓа мене. Ќе владеам со земјата и ќе бидам господар на светот. Јас така ќе ги контролирам умовите коишто се под моја контрола така што Господовата сабота ќе стане предмет на посебен презир. Каков знак ќе биде тоа? Ќе направам празнувањето на саботата да претставува знак на непокорност кон власта. Човечките закони ќе бидат така строги што луѓето нема ни да се осмелуваат да ја празнуваат саботата како седми ден. Од страв да не останат без храна и облека, тие ќе се приклучат на светот кој го престапува Божјиот закон. Земјата ќе биде целосно под моја власт‘.“ (Пророци и цареви, стр. 183, 184) {МАР 162.4}
„Саботата ќе биде голем тест на верноста, зашто таа е точка на вистината што е посебно оспорувана. Кога луѓето ќе бидат ставени пред последната проба, тогаш ќе биде повлечена линија на разграничување меѓу оние што Му служат на Бога и оние што не Му служат.“ (Големата борба, стр. 605) {МАР 162.5}
