2 јуни — Подготовка за она што следи

Мараната — Господ доаѓа

Подготовка за она што следи

2 јуни

„Побарајте Го Господа, сите скромни на земјата, вие што ги извршувате законите Негови; побарајте ја правдата, побарајте ја понизноста; можеби ќе бидете заштитени во денот на гневот Господов.“ (Софонија 2:3) {МАР 161.1}

„Збрката го исполнила светот, а голем страв наскоро ќе го зафати човечкиот род. Крајот е многу близу. Божјиот народ треба да се подготвува за она што како големо изненадување ќе се урне врз овој свет.“ (Совети за детето, стр. 555) {МАР 161.2}

„Наскоро ќе настапи ’време тешко, какво што немало откако постојат луѓето‘ (Даниел 12:1), и тогаш ќе ни биде потребно искуство што сега го немаме, а кое мнозина занемаруваат да го стекнат. Често се случува очекуваната неволја да ја преувеличуваме повеќе отколку што е во стварноста, но тоа не е случај со кризата што е пред нас. Ниту најбујната мечта не може да замисли колку тешко ќе биде искушението. Во тоа време на искушение секоја душа ќе мора да стои сама за себе пред Бога. Ако Ное, Даниел и Јов беа на земјата: ’жив сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките; со својата праведност тие би ги спасиле само своите души‘ (Езекиел 14:20).“ (Големата борба, стр. 622, 623) {МАР 161.3}

„Последниот голем судир меѓу вистината и заблудата е само последната битка на долготрајната борба против Божјиот закон. Во овој судир ние сега влегуваме – судир меѓу човечките закони и прописите на Јехова, меѓу религијата што е втемелена на Библијата и религијата што е втемелена на приказни и преданија.“ (Големата борба, стр. 582) {МАР 161.4}

„Треба да ги проучуваме големите патокази што укажуваат на времето во кое живееме. … Сега треба најсесрдно да се молиме да бидеме подготвени за битките на големиот Божји ден.“ (Our High Calling, стр. 340) {МАР 161.5}

„Оние кои се ставаат под Божја власт, Тој да ги води и упатува, ќе го увидат текот на настаните кои треба да следат онака како што се одредени од Него. Вдахновени со Духот на Оној Кој го дал Својот живот за светот, тие нема веќе немоќно да стојат, укажувајќи на тоа што тие не можат да направат. Ставајќи го на себе небесниот оклоп, тие ќе одат во борба, со волја да работат и да се излагаат на опасност за Бога, знаејќи дека Неговата семоќ ќе им даде сè што им е потребно.“ (Сведоштва за црквата, том 7, стр. 14) {МАР 161.6}