18 мај — Спиритизам и револуција

Мараната — Господ доаѓа
Спиритизам и револуција
18 мај
„Тој одговори и рече: ’Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!‘“ (Лука 10:27) {МАР 146.1}
„Кога младите зачекоруваат во светот за да се соочат со неговото мамење на грев – со страста за натрупување пари, со забавите и попустливоста, со разметливоста, со изобилството и настраностите, со надмудрувањата, подлостите, искористувањата и упропастувањето – со какви учења ќе се сретнат во него? {МАР 146.2}
Спиритизмот тврди дека луѓето се безгрешни полубогови; дека ’секоја душа ќе си суди сама на себе‘; дека ’вистинското сознание го издигнува човекот над сите закони‘; дека ’сите сторени гревови се безопасни‘; дека е ’добро сѐ што се прави‘ и дека ’Бог не осудува‘. Најподлото човечко суштество тој го претставува како да е на Небото и таму ужива висока почест. Така, тој на сите луѓе им објавува: ’Не е важно што правите; живејте како што сакате, небото е ваш дом‘. Мнозина на тој начин се наведени да веруваат дека желбата е највисокиот закон, дека раскалашноста е слобода и дека човекот одговара единствено пред себеси. {МАР 146.3}
Како да се заштити доблеста на младите кога тие се сретнуваат со едно такво учење на самиот праг од животот, тогаш кога нагоните се најсилни, а потребата за зауздување и непорочност најголема? Што ќе го спречи светот да не стане втор Содом? {МАР 146.4}
Во исто време анархијата се обидува да ги отстрани сите закони, не само божествените, туку и човечките. Централизација на богатството и моќта; големи здружувања за збогатување на малцинството на сметка на мнозинството; здружувања на сиромашните класи за одбрана на сопствените интереси и барања; дух на немири, побуна и крвопролевање; ширење на истите учења кои довеле до француската револуција по целиот свет – сето тоа се стреми да го вмеша светот во борба слична на онаа што ја протресе Франција. {МАР 146.5}
Денешната младина мора да се соочи со вакви влијанија. За да може да се одржи среде такви пресврти, таа треба сега да ги положи темелите на карактерот. {МАР 146.6}
Во секоја генерација и во секоја земја вистинскиот темел и пример за изградба на карактерот беше ист. Божествениот закон: ’Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце… и својот ближен како себе си‘ (Лука 10:27), големиот принцип кој се одразил во животот и карактерот на нашиот Спасител, е единствениот сигурен темел и единствен сигурен водич.“ (Воспитување, стр. 227–229) {МАР 146.7}
