16 мај — Оние што објавуваат мир

Мараната — Господ доаѓа

Оние што објавуваат мир

16 мај

„Дојдете – велат – ќе донесеме вино, ќе се напиеме жесток пијалак; и утре ќе биде истото она што и денес, дури и повеќе отколку денес.“ (Исаија 56:12) {МАР 144.1}

„Лошиот слуга вели во своето срце: ’Господарот мој уште за долго време нема да дојде‘. Тој не вели дека Христос нема да дојде. Тој не ја исмева идејата за Неговото второ доаѓање. Меѓутоа, во своето срце и со своите постапки и зборови тој зборува дека Господ нема уште долго да дојде. Во душите на другите тој го уништува уверувањето дека Господ брзо ќе дојде. Неговото влијание ги наведува луѓето да станат дрски и безгрижни во доцнењето и тие се зацврстуваат во нивната световност и тапост. Духот подлегнува на земните страсти и расипаните мисли. Лошиот слуга јаде и пие со пијаниците, се обединува со светот во барање на задоволства. Тој ги тепа другите слуги, обвинувајќи ги и осудувајќи ги оние кои се верни на својот Господ. … {МАР 144.2}

Христовото доаѓање ќе ги изненади лажните учители. Тие зборуваат: ’Мир и безбедност!‘. Како и свештениците и учителите пред падот на Ерусалим, тие сакаат црквата да постигне земен просперитет и слава. Тие ги толкуваат знаците на времето како токму тоа да го претскажуваат. Но, што вели Речта на Вдахновението? ’Тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст‘. (1. Солунјаните 5:3) … {МАР 144.3}

Луѓето го одложуваат Господовото доаѓање. Тие се потсмеваат на опомените. Горделиво се фалат: ’сѐ си стои така како од создавањето на светот‘. ’и утре ќе биде истото она што и денес, дури и повеќе отколку денес‘. (2 Петрово 3:4; Исаија 56:12) Сè подлабоко ќе тонеме во љубовта кон задоволство. Меѓутоа, Христос вели: ’Ете, Јас доаѓам како крадец‘. (Откровение 16:15) Знаците се исполнуваат токму во моментот кога светот во исмејување прашува: ’Каде е ветувањето на Неговото доаѓање?‘ ’И додека уште велат: „Мир и безбедност!“, Тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст‘ (1. Солунјаните 5:3). Кога оние што се потсмеваат и ја отфрлаат вистината ќе станат самоуверени, кога рутината на работата во разните методи за заработка на пари се одвива не водејќи сметка за начелата, кога ученикот желно бара знаење насекаде освен во Библијата — тогаш Христос ќе дојде како крадец.“ (The Faith I Live By, стр. 342) {МАР 144.4}