15 мај — Похотта за голотија

Мараната — Господ доаѓа

Похотта за голотија

15 мај

„Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое.“ (Матеј 5:28) {МАР 143.1}

„Голем дел од младината лудува по книги. Читаат сè што ќе им дојде при рака. Возбудливите љубовни романи и нечисти слики вршат лошо влијание на младината. Многумина читаат романи кои создаваат нечиста фантазија. По возовите често се нудат фотографии на жени во голотија. Овие одвратни слики … се наоѓаат по оние работилници кои тргуваат со бакрорез. Ова е време кога расипаноста насекаде преовладува. Со сликите се будат лоши страсти. Фантазијата го изопачува срцето. Луѓето сакаат да набљудуваат сцени кои будат ниски, животински страсти. Тие порочни слики кои делуваат на изопаченото вообразување, ги расипуваат добрите обичаи и ги поттикнуваат заслепените, измамени луѓе да се препуштат на својата страст. Потоа доаѓаат гревот и злосторството кои ги спуштаат суштествата создадени според Божје обличје на ниво на животните и конечно ги одвлекуваат во пропаст. Не читајте и не гледајте го она што предизвикува нечисти мисли. Развивајте морални и умни сили. Не дозволувајте тие благородни сили да ослабнат и да се изопачат со читање на романи. … {МАР 143.2}

Невозможно е младината да поседува здрав ум и исправни верски начела ако не ја чита Божјата реч. Таа книга содржи најинтересна историја, укажува на патот на спасението преку Христа и претставува патоказ кон повозвишен и подобар живот. Сите би ја прогласиле за најинтересна книга која некогаш ја прочитале, ако нивната фантазија не е изопачена со читање на возбудливи, измислени романи. Вие кои очекувате вашиот Господ да дојде по втор пат за да ги вообличи вашите смртни тела според Своето славно тело, морате да се позанимавате со повозвишена дејност. Морате со делата да се издигнете на еден повозвишен став отколку досега, инаку нема да бидете меѓу оние кои ќе добијат бесмртност.“ (Сведоштва за црквата, том 2, стр. 410, 411) {МАР 143.3}