14 мај — Предрасудите се зголемуваат

Мараната — Господ доаѓа
Предрасудите се зголемуваат
14 мај
„Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази. Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме браќата свои; оној што не го љуби братот свој, тој останува во смртта.“ (1 Јованово 3:13,14) {МАР 142.1}
„Тој што е блиску поврзан со Христа се издига над расните и класните предрасуди. Неговата вера цврсто се држи за вечните вистини. Мораме да Го издигаме божествениот Зачетник на вистината. Нашите срца мора да бидат исполнети со вера што делува преку љубовта и ја чисти душата. Делото на милостивиот Самарјанин е пример на кој треба да се угледаме.“ (Сведоштва за црквата, том 9, стр. 209) {МАР 142.2}
„Нема да биде можно сите прашања поврзани со бојата на кожата да се усогласат со Господовата заповед сè додека оние што веруваат во вистината не бидат толку блиску поврзани со Христос што ќе бидат едно со Него. И белите и црните членови на нашите цркви треба да се обратат. Во двете групи има неразумни луѓе, и кога се расправа за прашањето на бојата на кожата, тие покажуваат непосветени, необратени карактерни црти. Лесно доаѓа до кавга кај оние што се тврдоглави и непопустливи, зашто никогаш не научиле да го носат Христовиот јарем. Таквите со врева и непосветена решителност бараат првенство.“ (Letter 105, 1904) {МАР 142.3}
„Како што одминува времето и како што расните предрасуди ќе се умножуваат, во многу места на белите работници речиси ќе им биде оневозможено да работат за обоените луѓе. Понекогаш белите луѓе, кои не се наклонети на нашата работа, ќе им се придружат на обоените во противењето, тврдејќи дека нашето учење има за цел да ги разбие другите цркви и да создава тешкотии заради прашањето на саботата. Проповедниците од другите цркви и бели и обоени, ќе изнесуваат лажни тврдења, што кај луѓето ќе предизвикаат такви чувства на противење и нетрпеливост, што ќе бидат подготвени да уништуваат и убиваат. {МАР 142.4}
Силите на пеколот ја употребуваат целата своја остроумност за да го оневозможат објавувањето на последната порака на милост на обоените. Сатаната се труди на сите можни начини на библиските проповедници и учители, надминувањето на предрасуди кои постојат помеѓу белите и обоените, да го направи најтешко. {МАР 142.5}
Да го следиме патот на мудроста, да не правиме ништо што без потреба би создало противење — ништо што би можело да го попречува објавувањето на евангелската вест.“ (Сведоштва за црквата, том 9, стр. 207, 208) {МАР 142.6}
