13 мај — Метеж во градовите

Мараната — Господ доаѓа
Метеж во градовите
13 мај
„А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени.“ (2 Тимотеј 3:13) {МАР 141.1}
„Не била Божја намера Неговиот народ да се натрупува во градовите и да се стиснува во куќите згуснати една до друга и по зградите. Тој на почетокот ги поставил нашите прародители во градина, покрај прекрасните глетки и привлечните звуци на природата и Тој сака и денес човекот да ужива во тие глетки и звуци.“ (Сведоштва за црквата, том 7, стр. 87) {МАР 141.2}
„Дадена ми е светлина дека градовите ќе бидат исполнети со збрка, насилство и злосторство и дека тоа ќе се шири до крајот на историјата на Земјата.“ (Сведоштва за црквата, том 7, стр. 84) {МАР 141.3}
„Време е нашиот народ да ги повлече своите семејства од градовите и да оди во помирни места, бидејќи непријателот мнозина од младите, а исто така и старите ќе ги фати во своите стапици и ќе ги зароби.“ (Сведоштва за црквата, том 8, стр. 101) {МАР 141.4}
„’Излезете од градовите, излезете од градовите!‘ — ова е Господовата порака што ми ја даде.“ (Life Sketches of Ellen G. White, стр. 409) {МАР 141.5}
„Метежот и збрките во тие градови, можностите кои ги создале синдикатите и штрајковите, во голема мера ќе ја попречуваат нашата работа. Луѓето се трудат работниците кои се вработени во разни занаети да ги вовлечат во оковите на синдикатот. Тоа не е Божји план, туку план на силата која во никој случај не треба да ја признаеме. Се исполнува Божјата Реч; безбожниците се поврзуваат во снопови за да бидат запалени. {МАР 141.6}
Сега треба да ги употребиме сите способности кои ни се дадени за да му ја објавиме на светот последната вест на опомена. Во тоа дело мораме да ја сочуваме својата индивидуалност. Не смееме да се обединуваме со тајни здруженија, ниту со синдикати. Мораме да останеме слободни во Бога, очекувајќи постојано налози од Христа.“ (Сведоштва за црквата, том 7, стр. 84) {МАР 141.7}
„Метлата на уништување ќе ги очисти безбожните градови на нашиот свет. Во неволјите кои се случуваат денес во големите градби и големите делови на градот, Бог ни покажува што ќе се случи на целата Земја. Тој ни кажал: ’Со смоквата направете споредба: штом ќе се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото; Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата‘ (Матеј 24:32, 33).“ (Сведоштва за црквата, том 7, стр. 83) {МАР 141.8}
