25 април — Зошто има толку многу безделници?

Мараната — Господ доаѓа
Зошто има толку многу безделници?
25 април
„Но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“ (Дела 1:8) {МАР 123.1}
„Во задачата што им е доверена на првите ученици треба да учествуваат верниците од сите времиња. Секому што ќе го прифати евангелието му е дадена света вистина да му ја објавува на светот. Верниот, и на Бога предан народ, секогаш претставувал активен мисионер кој своите средства ѝ ги посветувал на честа на неговото име и мудро ги употребувал своите лични способности во Неговата служба. … {МАР 123.2}
Верниците на Божјата црква мора да бидат ревносни во добри дела, слободни од земно славољубие, следејќи ги стапките на Оној кој поминал правејќи само добро. Со срце полно со љубов и сочувство, тие мора да им служат на оние на кои им е потребна помош и на грешниците да им дадат сознание за љубовта на Спасителот. Тоа дело бара истрајни напори, но донесува богата награда. Тие што прават така, посветувајќи ѝ се искрено на целта, ќе видат души придобиени за Спасителот … {МАР 123.3}
’И Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој ќе чуе, нека каже: ‘Дојди!’‘ (Откровение 22:17). Со налогот да се упатува овој повик е опфатена целата црква. Секој поединец што ќе го слушне овој повик треба да го пренесува понатаму одгласот на пораката носена преку планините и долините – ’Дојди!‘ … {МАР 123.4}
Стотици и илјадници кои ја чуле пораката на спасението сè уште безделничат на улица без работа, а всушност би можеле да извршуваат некоја корисна должност. Ним Христос им порачува: ’Зошто стоите тука цел ден без работа?‘ И додава: ’Одете во моето лозје‘ (Матеј 20:6,7). Зошто повеќе луѓе не го прифаќаат овој повик? Дали затоа што не се во проповедничка служба? Сите тие нека имаат на ум дека постои едно големо дело кое не се завршува од проповедална и во кое се повикуваат илјадници посветени и предани верници. {МАР 123.5}
Бог одамна чека дух на ревносна служба да ја проникне целата црква и секој верник да работи за него според своите способности. Ако верниците на Божјата црква го исполнуваат налогот на евангелието, ако ја извршуваат должноста што им е наменета, таму каде што е потребно, во својата земја или во странство, набргу цел свет ќе биде предупреден и Господ Исус повторно ќе дојде со голема сила и слава. ’И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот‘ (Матеј 24:14).“ (Делата на апостолите, стр. 109–111) {МАР 123.6}
