24 април — Работа за секоја возраст

Мараната — Господ доаѓа

Работа за секоја возраст

24 април

„Ви напишав вам, чеда, бидејќи го познавте таткото. Ви напишав, вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној Кој е од почеток; ви напишав вам, момчиња зашто сте силни, и словото Божјо пребива во вас, па го победивте лукавиот.“ (1 Јованово 2:14) {МАР 122.1}

„Има многу подрачја каде што на младите може да им се даде можност за полезни напори. … Во завршувањето на евангелското дело сè уште треба да се освои големо подрачје, и повеќе од кога и да е порано треба да бидат повикани на работа помошници од редовите на обичните луѓе. И младите и постарите ќе бидат повикани од нивите, од лозјата и од работилниците за да ја објават пораката на својот Господар. Мнозина од нив можеби имале малку можности за образование, но Христос гледа во нив особини што ќе ги оспособат да ја исполнат Неговата намера. Ако ги посветат своите срца на службата и продолжат да бидат ученици, Тој ќе ги подготви да работат за Него. … {МАР 122.2}

Колку и да се големи или мали вашите таланти, знајте дека она што го имате ви е доверено. Така Бог ве испитува, давајќи ви можност да се докажете. Нему Му ги должите сите свои способности. Нему Му припаѓаат силите на вашето тело, ум и душа, и тие треба да се употребуваат за Него. Вашето време, влијание, можности, способности — за сè мора да Му дадете сметка на Оној Кој дава сè.“ (The Youth’s Instructor, 3 март 1908) {МАР 122.3}

„Младите кои наоѓаат среќа и радост во читањето на Божјата реч и во часовите на молитва, постојано се освежуваат на Изворот на животот. Тие достигнуваат висина на морална возвишеност и широчина на мислите кои другите и не ги насетуваат. … Оние кои во душата така се поврзуваат со Него, Бог ги признава како Свои синови и ќерки. Тие постојано се издигнуваат сè повеќе и повеќе, стекнувајќи сè појасна претстава за Бога и за вечноста, така што Господ може да ги направи канали на светлината и духовно спознавање за оние кои сè уште се наоѓаат во темнината на заблудата.“ (Сведоштва за црквата, том 4, стр. 624) {МАР 122.4}

„Со таква војска правилно извежбани работници каква што би можела да биде нашата младина, колку бргу би можела да му се однесе на светот веста за распнатиот и воскреснат Спасител Кој наскоро ќе дојде! Колку бргу би можел да дојде крајот – крајот на страдањата и жалостите и гревот!“ (Воспитување, стр. 271) {МАР 122.5}