4 април — Местото каде што започнува сведочењето

Мараната — Господ доаѓа

Местото каде што започнува сведочењето

4 април

„Дај синовите наши да се како нови насади во младоста своја, нашите ќерки – накитени и украсени како столбови во храмот.“ (Псалми 144:12) {МАР 102.1}

„Нашата работа за Христа треба да започне во семејството, во домот. … Не постои мисионерско поле кое е поважно од ова.“ (Сведоштва за црквата, том 6, стр. 429) {МАР 102.2}

„Среќни се оние родители чиишто животи се вистински одраз на Божеството, така што Божјите ветувања и заповеди кај нивното дете ќе разбудат благодарност и понизност; родителите кои со својата нежност, праведност и долготрпение му ја прикажуваат на детето Божјата љубов, правда и долготрпеливост; и кои, учејќи го детето да ги сака, почитува и слуша, го учат да Го сака, почитува и слуша Небесниот Татко. Родителите што ќе вградат ваков дар во своето дете, му подариле богатство поскапоцено од богатствата на сите векови – богатство, кое е постојано како вечноста.“ (Здравје и среќа, стр. 375, 376) {МАР 102.3}

„Бог сака секое дете уште од најрана возраст да Му припаѓа Нему, да биде посвоено во Неговото семејство. Колку и да се мали, децата можат да бидат членови на домот на верата и да стекнат најдрагоцени искуства. Можат да имаат нежни срца, подготвени да примаат впечатоци што ќе траат вечно. Можат да имаат срца полни со доверба и љубов кон Исус и да живеат за Него. Христос ќе ги направи мали мисионери. Целиот тек на нивните мисли може да се промени, така што нема да уживаат во гревот, туку ќе се одвраќаат од него и ќе го мразат.“ (Counsels to Parents, Teachers, and Students, стр. 169) {МАР 102.4}

„Родителите треба со поука и со пример да ги учат своите деца како да работат за необратените. Децата треба така да се воспитаат што ќе имаат сочувство кон постарите и оние кои страдаат, трудејќи се да ги олеснат неволјите на сиромашните и оние кои се во неволја. … Треба уште од најрана младост да им се влева во свеста потребата за самооткажување и жртви поради доброто на другите и ширење на Христовото дело, за да можат да станат Божји соработници. … {МАР 102.5}

Божја намера е семејството на земјата да биде симбол на семејството на небото. Христијанскиот дом кој се заснова и раководи соодветно на божествениот план е едно од најделотворните орудија во образување на христијанскиот карактер и унапредување на Неговото дело.“ (Сведоштва за црквата, том 6, стр. 429, 430) {МАР 102.6}