15 март — Сеидбата и жетвата на животот

Мараната — Господ доаѓа

Сеидбата и жетвата на животот

15 март

„Одбегнувај ги, исто така, и младешките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господ од чисто срце!“ (2 Тимотеј 2:22) {МАР 82.1}

„Драги млади пријатели, она малку време кое ќе пропадне во вашите краткотрајни авантуристички задоволства, донесува жетва која ќе ви го загорчи целиот живот; еден момент на невнимание, едно попуштање на искушението, може целиот ваш живот да го насочи во погрешен правец. Младоста можете да ја имате само еднаш во животот, затоа направете ја корисна. По патот по кој еднаш сте тргнале низ животот, никогаш не можете да се вратите за да ги исправите своите пропусти. … {МАР 82.2}

Сатаната … се преправа во ангел на светлината и им приоѓа на младите со своите посебни искушенија, успевајќи чекор по чекор да ги заведе од патеката на должноста. Тој е опишан како обвинител, измамник, лажливец, мачител и убиец. … Сатанска работа е да ве искушува, но само од вас зависи дали ќе го прифатите искушението. Ни сите сатански војски не можат да го принудат искушуваниот да згреши. За гревот нема оправдување.“ (4. Сведоштво, стр. 622,623) {МАР 82.3}

„Искушението не е грев. Исус бил чист и свет, па сепак бил подложен на сите искушенија како и ние. Но тие искушенија биле со таква сила и моќ на какви што ниеден човек нема да биде ставен. Тој со Својата успешна борба ни оставил светол пример и ние треба да одиме по Неговите стапки. Ако бидеме самоуверени и ако се потпираме на својата правда, ќе бидеме пуштени да паднеме под силата на искушенијата. Но ако гледаме на Христа и ако се надеваме во Него, ќе ни помогне силата која го победила непријателот на полето на битката и која во секое искушение ќе отвори пат за излегување од него. Кога сатаната навалува на нас со поплава од искушенија, мораме да му се спротивставиме со мечот на Духот, а Исус ќе ни помогне и за нас ќе го подигне Своето знаме против него.“ (5. Сведоштво, стр. 426) {МАР 82.4}

„Дури една погрешна црта на карактерот, една негувана грешна желба може по одредено време да ја неутрализира сета сила на евангелието. … Неволите во вршењето на должноста и задоволствата на гревот се јажиња со кои сатаната ги врзува луѓето во своите стапици. Како верни ќе се покажат само тие што попрво би умреле отколку да направат некое погрешно дело.“ (5. Сведоштво, стр. 53) {МАР 82.5}

„Младите можат да бидат толку цврсти во начелата што ни најсилните сатански искушенија нема да ги одвратат од нивната верност.“ (3. Сведоштво, стр. 472) {МАР 82.6}