13 март — Обликувани во Божјата работилница

Мараната — Господ доаѓа
Обликувани во Божјата работилница
13 март
„Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе? Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.“ (1 Коринтјаните 6:19,20) {МАР 80.1}
„Ние не сме свои. Ние сме купени скапо, со страдањата и смртта на Божјиот Син. Кога тоа би можеле да го разбереме и во целост да го согледаме, би чувствувале голема одговорност која лежи на нас, за да се одржиме во најдобро здравје и нашата служба на Бога да може да биде совршена. … {МАР 80.2}
Ние веруваме без никакво сомнение дека Исус наскоро ќе дојде. … Ние не се сомневаме, ниту сме се сомневале, дека науката која денес ја исповедаме е сегашна вистина и дека ние се ближиме кон страшниот суд. Ние се подготвуваме да го дочекаме Оној Кој во придружба на светите ангели ќе се појави на небесните облаци за да им подари бесмртност на праведните и верните. Кога ќе дојде, Тој нема да нè чисти од гревот, да ги отстранува недостатоците на нашиот карактер ниту ќе нè лекува од нашите слабости и склоности. Ако воопшто тоа дело се изврши за нас, тоа ќе биде завршено пред тоа. Кога Господ ќе дојде, оние кои се свети ќе останат свети. Оние кои го сочувале своето тело и својот дух во светост, ќе добијат бесмртност. Но оние кои се неправедни, непосветени и валкани, ќе останат такви засекогаш. Тогаш за нив нема да се изврши никакво дело за да се отстранат нивните недостатоци и да добијат свет карактер. … Сето тоа треба да се изврши во овие часови на проба. Сега тоа дело мора да се изврши за нас. … {МАР 80.3} {МАР 80.4}
Ние сега се наоѓаме во Божјата работилница. Многумина меѓу нас се груби камења од каменолом. Меѓутоа, кога ќе ја прифатиме вистината, таа влијае на нас. Таа нè издигнува и ја отстранува од нас секоја несовршеност и грев, какви и да се. Така ќе се подготвиме да го здогледаме Царот во сета Негова убавина и конечно да се обединиме со чистите и небесни ангели во царството на славата. Овде тоа дело мора да се изврши за нас; овде нашето тело и дух мораат да се подготват за бесмртност.“ (2. Сведоштво, стр. 354–356) {МАР 80.5}
