7 февруари — Храна што заситува

Мараната — Господ доаѓа

Храна што заситува

7 февруари

„Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат!“ (Матеј 5:6) {МАР 46.1}

„Кога таквите мажи и жени кои се задоволуваат со своето слабо, непотполно познавање на божествените работи, одеднаш би биле пренесени на небо и кога за момент би биле сведоци на она свето совршенство коешто секогаш владее таму, би ги виделе душите преполни со љубов, лица блескави со радост. Се прашувам дали тие личности би можеле да влезат во друштвото на светите, да учествуваат во нивното пеење и да ја поднесат онаа чиста, возвишена, преобразувачка слава која доаѓа од Бога и Јагнето? О, не! … {МАР 46.2}

Единствено оние коишто го воспитале умот да ужива во духовните активности се оние кои ќе бидат преобразени и кои нема да бидат уништени од чистотата и преголемата слава на небото. Можеш да бидеш вешт во своите уметности, можеш да ги познаваш добро науките, можеш да бидеш одликуван во музиката и книжевноста, можеш да придобиваш со своето однесување, – но каква врска има сето ова со подготвувањето за на небо? Дали сето тоа ќе те подготви да опстанеш на Божјиот суд? {МАР 46.3}

Немој да се залажуваш. Со Бога нема шега. Само со светост можеш да се подготвиш за небото. Единствено искрената, делотворна побожност може да ти даде чист, возвишен карактер и да те оспособи да бидеш во Божјото присуство што се наоѓа во непристапна светлина. Небесниот карактер мора да се стекне на земјата, инаку нема воопшто да се стекне.“ (2. Сведоштво, стр. 266–267) {МАР 46.4}

„Правилно е да се тежнее кон добрина и вистинска светост, но ако се остане само на ова, нема да се има многу корист. Убаво е да се има добри намери, но тие не се од никаква корист ако одлучно не се спроведат во дело. Мнозина ќе бидат загубени, иако сакаат и настојуваат да бидат христијани; тие не вложуваат сесрдни напори и според тоа ќе бидат измерени на мерила и ќе се најдат лесни. Волјата мора да се вежба во добар правец. Сакам да бидам целосен христијанин. Сакам да ја запознаам должината и ширината, висината и длабочината на совршената љубов. Чујте ги Христовите зборови: ’Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат!‘. Христос приготвил големи залихи со кои ќе ги насити оние кои се гладни и жедни за правда.“ (2. Сведоштво, стр. 265–266) {МАР 46.5} {МАР 46.6}