21 јануари — Да работиме за да придобиеме барем една душа

Мараната — Господ доаѓа
Да работиме за да придобиеме барем една душа
21 јануари
„Кој од вас, ако има сто овци, и ако загуби само една од нив, нема да ги остави останатите деведесет и девет во пустината и нема да оди да ја бара загубената, сѐ додека не ја најде?“ (Лука 15:4) {МАР 29.1}
„За обратувањето на една душа треба да ги вложиме сите средства со кои располагаме. Околу една душа придобиена за Христос ќе засвети небесна светлина што ќе проникне во моралната темнина и ќе спаси други души. {МАР 29.2}
Кога Христос ги оставил деведесет и деветте овци за да може да ја најде и спаси едната изгубена, можеме ли ние да се оправдаме ако правиме помалку? Зар не ја издаваме светата доверба, зар не го навредуваме Бога ако не работиме како што работел Христос, ако не се жртвуваме како што Тој се жртвувал? {МАР 29.3}
Трубете низ целата земја, предупредувајќи на опасност. Објавете му на народот дека Господовиот ден е близу и дека доаѓа многу брзо. Никој не смее да остане неопоменат. Сме можеле и ние да бидеме на местото на тие јадни души кои се во заблуда. Сме можеле да се наоѓаме меѓу дивите народи. Соодветно на вистината што сме ја добиле повеќе од другите, ние сме исто толку должни да им ја пренесеме на другите. {МАР 29.4}
Не смееме да губиме време. Крајот е близу. Патувањето од место во место со цел на ширење на вистината наскоро ќе биде опкружено со опасности од сите страни. Ќе се употреби сè за да се попречи патувањето на Божјите гласници, така што тие нема да бидат во состојба да го направат она што денес можат да го направат. Мораме отворено да погледнеме во лице на своето дело и да напредуваме што е можно побргу во агресивна христијанска борба. Според светлината што Бог ми ја даде знам дека силите на темнината силно дејствуваат одоздола и дека сатаната се приближува со таен чекор за да се дограби до оние кои спијат, како што волкот ја фаќа својата жртва. Ние имаме опомени кои денес сè уште можеме да ги објавуваме, дело кое денес треба да го извршиме зашто наскоро ќе биде потешко отколку што можеме да замислиме. Бог нека ни помогне да опстанеме на каналот на светлината, работејќи со очи постојано вперени во нашиот Водач Исус и залагајќи се трпеливо и истрајно да извојуваме победа.“ (6. Сведоштво, стр. 22) {МАР 29.5}
„Иако овде, во земниот живот, гревот нè ограничува, најголемата радост и највозвишеното образование ги наоѓаме во служењето. Во идниот живот ќе ја најдеме најголемата радост и највозвишеното образование во служењето, ослободени од ограничувањата на грешното човештво.“ (The Faith I Live By, стр. 370) {МАР 29.6}
