Историја на Реформното движење
Од адвентното будење до организирањето на Реформното движење, сведоштво за вера, совест и верност кон Божјото слово.

Кога станува збор за Црквата на реформното движење на адвентистите на седмиот ден, за нејзиното појавување и постоење, не можеме да го занемариме фактот дека таа е тесно поврзана со историјата на Црквата на адвентистите на седмиот ден. Сето подолу наведено претставува една кратка историја, составена според сеќавањата на очевидците, служителите, како и од материјалите на други автори и од оригиналните документи, кои едвај биле сочувани.
Библијата и историјата сведочат дека Божјата црква во неколку наврати отстапувала од чистотата на вистината. Во такви времиња, Бог подигал ревни луѓе кои се нарекувале реформатори, и тие правеле сѐ што можеле за да ја вратат црквата во првобитната состојба, во согласност со Божјиот закон. Кога луѓето се обидувале да го нарушат Божјиот закон, тогаш биле подигани реформаторите за да го одбранат истиот. Но, тие секогаш биле малубројни.
Денес, исто така, постои малобројна, „сиромашна, отфрлена од бурата, неутешна“ Црква на реформното движење на адвентистите на седмиот ден (понатаму РДАСД), која, според историските податоци и сведоштвата на сѐ уште живите браќа и сестри, во тешки времиња, гледајќи ѝ на смртта во очи, застанала во одбрана на принципите на Божјиот закон. Затоа, историјата на Божјата црква е историја на борба, во која учествува не само таа, туку и целиот универзум, бидејќи оваа борба „не е против крв и тело“ (Ефесјаните 6:12), туку борба помеѓу вистината и заблудата, светлината и темнината.
Нејзиниот почеток и причината за појавата датираат од далечното минато. Од самиот почеток на големата борба на небото, намерата на Сатаната била да го собори Божјиот закон. Имено, токму со таа цел тој се побунил против Творецот, и бидејќи бил протеран од небото, ја продолжил истата борба на земјата. Целта која упорно ја спроведува е да ги мами луѓето и да ги натера да го кршат Божјиот закон. Без разлика дали ќе го постигне ова со кршење на целиот закон или преку отфрлање на само една од заповедите, на крајот резултатот е ист. Грешејќи „само во едно“, покажуваме презир кон целиот закон; со своето влијание и пример го охрабруваме беззаконието и „стануваме виновни за сè“ (Јаков 2,10).
Еве зошто во оваа борба, волно или неволно, учествува секој жител на Земјата. А на чија страна ќе биде - секој сам нека одлучи. Задачата на Црквата е да ја прикаже сликата на големата борба помеѓу вистината и заблудата; да ги открие лукавите планови на Сатаната и средствата со кои ќе можеме да му се спротивставиме; да понуди сеопфатно решение за големиот проблем на злото, прикажувајќи го во вистинска светлина потеклото на гревот и неговото крајно уништување; да ги открие во целост правдата и милоста во сите Божји постапки кон Неговите созданија; и конечно, да ја покаже светоста и непроменливоста на Неговиот закон.
Крстот на Голгота ја потврдува непроменливоста на Законот и му покажува на целиот универзум дека платата за гревот е смрт. Претсмртниот крик на Спасителот: „Се сврши!“ за Сатаната звучеше како смртна казна. Исходот на оваа голема борба, која трае толку долго, покажува дека е овозможено конечното искоренување на злото. Божјиот Син помина низ портите на гробот за „преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот“ (Евреите 2:14).
Почетоци на адвентното движење
Вилијам Милер добива дозвола да проповеда
Големо разочарување; откривање на светилиштето
Видение за саботата (Е. Вајт)
Име „Адвентисти на седмиот ден“
Организација на АСД (3.500 члена)
Прва светска војна · промена на став
Разговори во Фриденсау
Настаните од минатото, набљудувани како дел од борбата помеѓу силите на светлината и темнината, треба да добијат ново значење во нашите очи, бидејќи тие фрлаат светлина на иднината, осветлувајќи го патот на оние кои, како реформаторите од минатите векови, ќе бидат повикани, занемарувајќи ги земните благослови, да им го пренесат на луѓето Божјото слово и сведоштвото на Исус Христос.
Денес, Црквата на реформното движење на адвентистите на седмиот ден ја продолжува работата на реформаторите од сите векови. Но, зошто е потребно да се организира ново движење и да се додели ново име, бидејќи веќе постоеле многу различни христијански цркви и религиозни здруженија? Овие прашања засегаат мнозина, и за да се добие одговор на нив, потребно е да се погледне во историјата и да се истражи појавата на адвентизмот во целина, а потоа и на Реформното движење.
Според историските податоци, движењето на адвентистите на седмиот ден било формирано од христијани од различни верски движења, истовремено во многу земји. Сепак, центар на големото адвентно движење станал северноамериканскиот континент, бидејќи тука владеела најголема слобода и веста за претстојното второ доаѓање на Исус Христос најмногу се проповедала. На 12 септември 1833 година, Вилијам Милер добил официјална дозвола да го проповеда Евангелието и заедно со истомислениците започнал да проповеда за претстојното второ доаѓање на Исус Христос, кое според пророчките проценки требало да се случи во 1844 година. До овој заклучок тој дошол по многугодишно истражување на библиските пророштва. Оние што ја примиле веста со нетрпение го очекувале доаѓањето на Спасителот. Тие биле наречени адвентисти, од латинскиот збор adventus, односно „доаѓање“.
Бидејќи Милер со својот труд ги утврдувал црквите, извесно време на него гледале со наклонетост. Но, кога проповедниците и верските водачи се свртеле против адвентната вест и решиле да го задушат секое ширење на вистината, тие ѝ се спротивставиле не само од проповедалната, туку им забраниле на своите верници и да слушаат проповеди за второто доаѓање, па дури и да зборуваат за оваа надеж на своите состаноци. Така, верниците се нашле во тешка положба и биле збунети. Тие ги сакале своите цркви и неволно се одвојувале од нив. Но, кога виделе дека сведочењето на Божјото слово се потиснува и дека им се негира правото да ги истражуваат пророштвата, се увериле дека верноста кон Бога е на прво место. Не можеле оние што ги отфрлале сведоштвата на Божјото слово да ги сметаат за Христова црква, која е „столб и тврдина на вистината“. Затоа, сметале дека е оправдано да се одвојат од своите довчерашни цркви. Летото 1844 година, од црквите истапиле околу педесет илјади членови. Исто така, многу луѓе биле исклучени од официјалните цркви само затоа што ја изразиле својата вера во второто Христово доаѓање.
Но, кога одреденото време помина, а Христос не дојде, оваа група на верници се подели. Некои од разочараните престанаа да бидат верници, велејќи дека тие никогаш искрено не верувале во второто Христово доаѓање. А таквите беа во поголем број. Другите, пак, не можејќи да го објаснат своето разочарување, почнаа подлабоко да ја истражуваат Библијата за да ја откријат грешката, бидејќи веруваа дека Божјото слово не греши, што значи дека грешката мора да биде во нивното толкување. И таа беше пронајдена. Предметот за Светилиштето беше клучот кој ја отвори тајната на разочарувањето во 1844 година. Тие сфатија дека грешката не е во пресметувањето на пророчките времиња, туку во општото неразбирање на Христовото дело во небесното светилиште. Оние што го преживеаја разочарувањето, и понатаму останаа адвентисти, сѐ уште верувајќи дека Христос сигурно ќе дојде.
При такво длабоко проучување на Библијата, тие, исто така, дојдоа до заклучок дека е потребно да се празнува седмиот ден, саботата. Во Откровение 14. поглавје луѓето се повикуваат да го слават Творецот, а пророштвото ни обрнува внимание на група верни кои, како резултат на објавувањето на тројната вест, ги држат Божјите заповеди. Една од овие заповеди непосредно упатува на Бога како на Творец. Четвртата заповед вели: „А седмиот ден е сабота Господова… Зашто за шест дена ги создаде Господ небото и земјата, морето и сè што е во нив; а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети“ (Излез 20:10, 11).
Важноста на саботата како спомен на создавањето се состои во тоа што таа постојано нè потсетува на вистинската причина зошто на Бога Му припаѓа обожавање, затоа што Тој е Творец, а ние сме Негови созданија. Поради тоа, саботата е темел на целокупното богослужение, зашто таа на најизразит начин ја истакнува оваа голема вистина, што не може да се каже ниту за една друга уредба. Почитувањето на саботата претставува знак на верност кон вистинскиот Бог. Затоа, пораката ги повикува луѓето да Му служат на Бога и да ги пазат Неговите заповеди, а особено да се сеќаваат на потребата да ја почитуваат четвртата заповед, која во 321 година била изменета со декретот на царот Константин Велики, преку воведување на сеопшто празнување на неделата. Според тоа, почнувајќи да ја празнуваат саботата, адвентистите не откриле нешто ново; тие само се вратиле на старите божествени вистини, кои биле променети од страна на човекот.
Вистините што ги научиле, адвентистите не само што ги спроведувале во пракса, туку се обиделе да им ги проповедаат и на другите. За таа цел користеле различни методи: ширење публикации, одржување состаноци под шатор, одржување конференции и друго.
Паралелно со ширењето на веста проповедана од трите ангели и со порастот на бројот на оние што ја прифатиле, во редовите на црквата навлегоа и луѓе со необични погледи. Тие можеле да ѝ нанесат голема штета на црквата, но биле запрени. Тоа покажало дека, за да се избегне конфузија и да се спречи продирањето на чудни учења во нејзината средина, била потребна некаква форма на организација.
Еден од првите обиди да се направи организација била статијата во „Адвентен весник“ од 21 јули 1858 година, со предлог да се свика годишна конференција во секоја држава, на која ќе биде изготвен и усвоен план за работа во иднина. Овој предлог бил разгледан на генералното собрание во Батл Крик во 1860 година, а во исто време биле направени планови да се заврши со организацијата на издавачката куќа и имотот кој бил во нејзина сопственост.
Во 1860 година, во врска со организацијата на издавачката дејност, било избрано и името на црквата. Некои во почетокот мислеле дека името „Божја црква“ би било посоодветно, но потоа увиделе дека името треба да ги одразува особините на црквата и заедно со останатите се договориле да се нарекуваат „Адвентисти на седмиот ден“. Ниту едно друго име не одговара на нашето исповедање како ова, кое ја изразува нашата вера и укажува на нашата посебна мисија. Името „Адвентисти на седмиот ден“ во прв план ги истакнува особеностите на нашата вера, па затоа има моќ да ги убеди луѓето кои се во потрага по вистината.
По овие предлози, неколку групи верници во државата Мичиген се обединија во црква, а во црквата беше организирана членска конференција. Ова се случуваше и на други места. Конечно, како организација, АСД беше формирана на конференцијата во Батл Крик на 21 мај 1863 година, на која присуствуваа делегати од неколку држави, кои претставуваа 125 цркви со околу 3.500 членови. Дваесет делегати претставуваа шест конференции. Џон Бајингтон беше избран за прв претседател на Генералната конференција на АСД, Урија Смит за секретар, а Е.С. Вокер за благајник. Беа разработени и усвоени основните учења на АСД, кои се состоеја од 22 точки.
Првобитните начела
Големата борба помеѓу црквата на Исус Христос и непријателските сили е опишана во Откровение 12. поглавје. На крајот од 12. поглавје е запишано: „И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос“ (Откровение 12:17). „Сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото“ (Откровение 19:10). На овој начин последната црква е изразито обележана со Духот на божествено вдахновение. Во најтесна врска со тројната ангелска порака од Откровение 14:6-12, која продира низ сите земји, ќе се собере еден народ, кој ги пази заповедите Божји и верата во Исус. Во врска со тоа стои и дарот на пророштвото. Пророкот Јоил прорекол дека пред да дојде големиот и страшен ден Господов: „Ќе излеам од Мојот Дух врз секое тело, и синовите ваши и ќерките ваши ќе пророкуваат; старците ваши ќе сонуваат соништа и младите ваши ќе гледаат виденија. А и врз слугите и слугинките во оние денови ќе излеам од Мојот Дух“ (Јоил 2:28, 29). Ние треба да ја цениме Божјата бескрајна љубов и дарот на пророштвото. „Не гаснете Го Духот! Пророштвата не ги омаловажувајте“ (1. Солунјаните 5:19, 20); „Верувајте Му на Господ, вашиот Бог, и бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови и ќе имате успех“ (2. Летописи 20:20).
Во развојот и организацијата на Црквата на адвентистите на седмиот ден, Духот на божественото вдахновение преку Дарот на пророштвото зазеде истакнато место. Затоа, на овој милостив дар од Небото за последната генерација на „остатокот“ му припаѓа најголема чест. Бидејќи Дарот на пророштвото меѓу адвентистите првпат се појави во декември 1844 година, како што гледаме во книгата „Искуства и виденија“ на страна 7, списите на Духот на пророштвото, кои содржат совети и упатства, се признаени во адвентната литература паралелно со Библијата како соодветно сведоштво за Божјиот народ. Преку овој дар на пророштво, од 1844 година беа воспоставени начелата и учењата на Црквата на АСД, вдахновени како што читаме од следново сведоштво:
Од ова произлегува дека верувањето во науката за Духот на пророштвото за Црквата на АСД е начелно прашање, и веднаш до Божјата реч, сведоштвата стојат на прво место.
Следниов извештај од книгата „Живописни цртички“ (стр. 236-238) ни покажува дека Дарот на пророштвото бил поврзан со реформата на саботата:
„Во времето кога сестра Вајт била во посета на Њу Бедфорд (New Bedford) во државата Масачусетс во 1846 година, таа се запознала со старешината Џозеф Бејтс. Тој веќе ја примил адвентната наука и ревно дејствувал во тој правец… Старешината Бејтс ја држел саботата и инсистирал на нејзината важност. Сестра Вајт во тоа време сѐ уште не ја видела оваа вистина и мислела дека старешината Бејтс е во заблуда со тоа што повеќе се занимава со саботната заповед отколку со останатите девет. Но, Господ ѝ дал видение за небесното светилиште; Божјиот храм на небото бил отворен и ѝ бил покажан ковчегот на заветот со престолот на милоста.
Два ангела, едниот од едната, а другиот од другата страна, ги рашириле своите крилја над престолот на милоста и ги свртеле своите лица кон него. Ангелот придружник ѝ рекол дека тие ја претставуваат небесната војска, која со стравопочит гледа на Божјиот закон, напишан со Божји прст. Исус го подигнал капакот од ковчегот на заветот и таа ги видела камените плочи на кои биле напишани заповедите. Со чудење видела дека четвртата заповед, меѓу сите десет, е опкружена со еден светол круг. Ангелот рече: ’Само една од десетте заповеди го спомнува живиот Бог, кој ги создал небото и земјата и сѐ што е во нив. Кога беа поставени темелите на земјата, тогаш беше поставен и темелот на саботата‘“. - Почеток и развојот на Адвентистите, 124, 125.
Еве го лекторираниот текст, со повторна корекција на историскиот датум (од 1844 во 1861 година, бидејќи тогаш е формирана Мичигенската конференција и е потпишан тој завет):
На 6 октомври 1861 година, при заседавањето на Мичигенската конференција, било препорачано при организацијата на Црквата да биде прифатен следниот завет:
„НИЕ, ДОЛУПОТПИСАНИТЕ, СО ОВА СЕ ОБЕДИНУВАМЕ КАКО ЕДНА ЦРКВА, ЗЕМАЈЌИ ГО ИМЕТО АДВЕНТИСТИ НА СЕДМИОТ ДЕН, И СЕ ЗАВЕТУВАМЕ ДЕКА ЌЕ ГИ ДРЖИМЕ БОЖЈИТЕ ЗАПОВЕДИ И ВЕРАТА НА ИСУС ХРИСТОС.“ - Почеток и развој, 199.
Во 1865 година, црквата на АСД се соочила со уште едно многу важно прашање: дали носењето оружје е во согласност, особено во време на војна, со барањата на Божјиот закон? Била донесена следната одлука: „Ние сме принудени да се откажеме од какво било учество во војна и во дела на крвопролевање“. - Извештај од третата годишна сесија на ГК на АСД.
Таква била почетната позиција на адвентистите: никакво учество во војна. Тоа било во согласност со Библијата (Јован 18:36; Матеј 5:43, 44; Лука 9:56; Матеј 26:52; Јован 15:14) и со Духот на пророштвото:
„Сатаната ужива во војната, зашто војната буди најлоши страсти во душата и потоа ги фрла во вечна пропаст своите жртви потонати во порок и крв. Негова цел е да ги поттикне народите да војуваат едни против други, зашто така може мислите на луѓето да ги одврати од подготовката да опстанат во денот на Божјото доаѓање.“ – Големата борба, 589.
„Божјиот народ мора да ги држи Неговите заповеди, отфрлајќи ги сите световни насочувања. Бидејќи ги прифатиле исправните начела на делување, луѓето треба да се покоруваат на тие начела бидејќи тие се од небесно потекло. Покорноста на Бога за вас е од поголема вредност од среброто и златото.“ – Сведоштва за црквата, том 8, 95.
Исус рекол: „Никој не може да им слугува на двајца господари“ (Матеј 6:24). Бидејќи воената служба бара апсолутна послушност, тоа значи апсолутно обврзување.
„Сатаната ужива во војната, зашто војната буди најлоши страсти во душата и потоа ги фрла во вечна пропаст своите жртви потонати во порок и крв. Негова цел е да ги поттикне народите да војуваат едни против други, зашто така може мислите на луѓето да ги одврати од подготовката да опстанат во денот на Божјото доаѓање.“ – Големата борба, 589.
Нашиот став во однос на ова прашање е јасен: Господ тоа ни го открил преку Својата реч и Духот на пророштвото. Секое отстапување од оваа светлина е отстапување од Бога.
На 6 јули 1863 година, на сестра Е. Г. Вајт во едно видение ѝ беше покажана потребата за една сеопфатна здравствена реформа и вегетаријански начин на живот. (Почеток и развој, 229).
„Здравствената реформа е една од гранките на големото дело со кое народот треба да се подготви за второто Христово доаѓање. Здравствената реформа е толку тесно поврзана со пораката на Третиот ангел како раката со телото.“ – Сведоштва за црквата, том 3, 161.
„Помеѓу оние што го очекуваат Господовото доаѓање, употребата на месо како храна ќе биде конечно изоставена – месото ќе престане да сочинува дел од нивната исхрана. Таа конечна цел секогаш треба да ја имаме предвид и секогаш да вложуваме напори да го оствариме тоа. Не можам да сметам, ниту да верувам дека јадејќи месо постапуваме во согласност со светлината која Бог во Својата милост ни ја дал.“ – Christian Temperance and Bible Hygiene, p. 119.
„Во оваа состојба од светската историја ние го обесчестуваме Бога со јадење месо. Остатокот треба да се воздржува да јаде месна храна. Нека оние кои веруваат во вистината останат верни на своето знаме.“ – Bible Training School, July 1, 1902
„Кога правилно се спроведува, здравственото дело служи како клин кој за другите вистини го пробива патот до срцата. Кога веста на Третиот ангел ќе биде прифатена во целост, тогаш здравствената реформа ќе до бие свое вистинско место во советите на Конференцијата, во работата на црквите, во домот, зад трпезата и во сите домашни работи. Тогаш десната рака ќе му служи на телото и ќе го заштити.“ – Сведоштва за црквата, том 6, 327.
Еве го лекторираниот текст, со направени граматички корекции (особено кај заменските форми и интерпункцијата):
Поради големата важност на овој предмет, биле давани упатства преку Духот на пророштвото. Во книгите „Христијанска умереност“, „Здравје и среќа“ и во многу сведоштва било укажувано на големата потреба од здравствената реформа во подготовката за второто Христово доаѓање. Ненаситноста на стариот Израел, кој копнеел по египетските лонци со месо, ни е наведен како предупредувачки пример.
„Израелевите синови сакале месо, зборувајќи, како што и денес зборуваат многумина: „Ќе умреме без месо”. Бог им дал месо на бунтовно настроените Израелци, но на месото било Неговото проклетство. Илјадници од нив умреле додека саканото месо им било во забите. Ние го имаме примерот на старите Евреи и опомена да не правиме како што правеле тие. Нивната историја на постојано неверување и бунт е забележана како посебна опомена да не се поведуваме по нивниот пример во мрморењето против Божјите барања. Како можеме толку рамнодушно да преминеме преку тоа, бирајќи сопствен пат, одејќи по она што го гледаат нашите очи и оддалечувајќи се сè повеќе од Бога како што правеле и Евреите?“ – Сведоштва за црквата, том 3, 171.
„Оние кои уживаат месна храна, ги презираат сите Божји опомени кои Тој им ги дал во врска со ова прашање. Тие немаат никаков доказ дека одат по сигурен пат. Тие немаат ни најмало извинување што јадат месо од мртви животни… Божјото проклетство е на животинскиот свет. Честопати кога се консумира месо, истото гние во желудникот и предизвикува болести. Повеќето болести како ракот, чиревите и болестите на органите за дишење настануваат поради употреба на месна храна.“ – Pacific Union Recorder (1902)
„Начелата за здраво живеење се мошне значајни за нас како поединци и како народ… Тој ми покажа дека оние кои ги држат Неговите заповеди треба да воспостават света врска со Него и да бидат умерени во јадењето и пиењето, за да можат да го сочуваат својот ум и тело за служба во најдобра состојба.“ – Сведоштва за црквата, том 9, 158.
Цврста основа
На темелот на овие вистини настанала адвентната заедница, која требало да ја исполни свечената задача: да ја однесе тројната ангелска порака во целиот свет. Начелата на оваа вистина требало да останат недопрени пред целиот свет, бидејќи врз нив ние, како заедница, стоиме или паѓаме. Седумдесет години Господ го водел и штител овој народ преку пророците, како што тоа некогаш го правел со Израел (Осија 12:13), но токму кога се приближила една криза и денови на голема опасност за Божјиот народ, овој дар на пророштво бил одземен. Господ ја положил сестра Вајт во гроб токму тогаш кога адвентниот народ во Првата светска војна бил испитан и тргнал по свој сопствен пат. Господ во сите времиња ги испитувал поединците, како и својата заедница, дали ќе бидат послушни на Неговите заповеди и дали ќе стојат на темелите на вистината. Во такви судбоносни времиња се откривало кај поединците, како и кај заедницата, дали љубовта кон вистината пребива во нивните срца, бидејќи во „одлучни точки се открива карактерот“.
„Бог го води Својот народ, чекор по чекор. Тој ги доведува во различни положби и околности за да се покаже што им е во срцето. Некои опстануваат во еден аспект, но паѓаат на наредниот. При секоја следна проверка срцето се става на посериозен испит. Ако припадниците на Божјиот народ чувствуваат отпор во своето срце кон овој сосем оправдан процес, тоа треба да ги осведочи дека во тој поглед мора да извршат одлучна промена ако не сакаат да бидат изблуени од устата Господова.“ – Сведоштва за црквата, том 1, 186, 187.
„Ниеден дел од вистината што ги прави адвентистите на седмиот ден она што се, не смее да биде ослабен. Ние имаме стари граници на вистината, искуства и должности и затоа треба пред целиот свет цврсто да стоиме во одбрана на нашите начела.“ – Сведоштва за црквата, том 6, 17.
„Нека никој не се осмели да ги собори основните начела на нашата вера – начела кои биле поставени на почетокот на нашето дело преку истражување на Божјата реч, преку молитви и откровенија… ’Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената‘ (1. Коринтјаните 3:11). Во минатото мнозина се обидувале да воведат една нова вера и да постават нови темели; но колку долго останала нивната градба? Таа набргу паднала бидејќи не била основана на камен.“ – Слуги на евангелието, 272.
Поделбата во Првата светска војна
Со појавата на Првата светска војна, за адвентниот народ настапила една криза. Носителите на знамето сега требало храбро да одат пред стадото и да водат чесна борба за Христовото знаме. Но, колку бедно и слабо се покажале водачите во овој час на искушение! Тие честопати се откажувале од вистината и ја срамеле со своите повици да се брани татковината со оружје во раце, па дури и во сабота. Водачите побрзале во едно писмо до Военото министерство да го објават своето ново гледиште. На тој начин беа оставени старите начела и прифатени новите, но не повеќе во согласност со едно „Така вели Господ“ или „Според законот и сведоштвата“, туку тоа беа сопствени мислења на луѓе кои ги оставиле Божјите начела. Писмото до Военото министерство јасно покажува колку бил длабок падот и отстапувањето од првобитните начела. Споменатото писмо, кое водачите на европското одделение го упатиле до Военото министерство, гласи:
Каков бил резултатот од еден таков искривен став на водечките браќа? За тоа пишувал светскиот печат, од каде што го наведуваме следниов пасус:
„По избувнувањето на војната, меѓу адвентистите настана расцеп. Мнозинството сакаше за време на војната да го стави во мирување постојното учење, додека останатиот дел бараше саботата да се празнува и во ова тешко време. Оваа спротивставеност доведе до конечно исклучување на приврзаниците на старата вера од Црквата.“ - Келнише цајтунг (Kölnische Zeitung), 21 септември 1915 година.
Така, од Црквата беа исклучени членовите верни на начелата и со нив се случи истото она што им се случувало на сите реформатори кои го кренале својот глас против отпадот. Преку овие настани во адвентниот народ, душите кои Му беа верни на Бога чувствуваа обврска да го подигнат својот глас против отпадот во Адвентната црква, и тогаш настапи едно решетање меѓу Божјиот народ.
Решетање
„Деновите на прочистување на црквата нагло се приближуваат. Бог ќе има народ кој ќе биде чист и верен. Во силното решетање кое наскоро ќе дојде, ќе можеме подобро да ја измериме силата на Израел. Знаците покажуваат дека е близу времето кога Господ ќе се појави како Оној Кој во Својата рака држи лопата, и Кој целосно ќе го очисти Своето гумно.
Бргу се приближуваат денови на голема забуна и збрка. Сатаната, облечен во ангелска облека, ќе ги измами, ако е можно, дури и избраните. Ќе има многу богови и господари. Ќе дува секој ветар на науката. Тие што на ’таканаречената лажна наука‘ ѝ оддавале најголема почест, тогаш нема да бидат водачи. Тие што се потпирале на разумот, генијалноста или талентите нема да стојат на чело… Борбата се води меѓу Божјите и човечките заповеди. Во тоа време во црквата ќе се одвои златото од троскотот. Вистинската побожност јасно ќе се разликува од лажната. Ќе потемнат многу ѕвезди на чиј сјај се восхитувавме. Ветрот ќе ја разнесе плевата, дури и оттаму каде што гледаме гумна со богата пченица. Сите кои ги присвојуваат украсите на светилиштето, а не се облечени во Христовата праведност, ќе се појават во срамот на својата голотија.
Кога ќе се исечат бесплодните дрвја кои ја истоштуваат земјата, кога лажните браќа ќе се одвојат од вистинските, тогаш ќе се појават тие што се скриени и ќе се соберат под Христовото знаме, воскликнувајќи: Осана! Луѓето кои беа срамежливи и без доверба во себе, отворено ќе се изјаснат за Христа и за вистината.“ – Сведоштва за црквата, том 5, 79, 80.
Се повториле истите карактеристики кои, во времето на Јован Крстител, се случиле во ранохристијанската реформација. Тогашното решетање меѓу јудејството довело до организирање на христијанска заедница, додека масите на еврејската матична заедница се покажале како плева, и заедно со својот храм пропаднале при разурнувањето на Ерусалим, затоа што не ја примиле божествената вест (Матеј 3:11, 12).
Со тоа се исполнило Сведоштвото за едно претскажано решетање меѓу адвентниот народ во 1914 година. Во она време било јасно до каде се протега принципиелната верност кон начелата; било откриено дека „верата која го победува светот“ и љубовта кон Бога не биле вистински и дека се исполнило следново пророштво:
Во тоа тешко време на искушенија за верните кои не сакале да се потчинат на заклучокот на водечките луѓе и да ја напуштат саботата за време на војна, и кои во својата совест не можеле да се согласат да кренат оружје против своите ближни, тие го барале Бога во молитва. Гонети со потерници од властите, оставени од своите пастири, мнозина доживеале затвор и заробеништво. Дури и по судски пат, тројца собраниски старешини биле исклучени од црквата од страна на своите водачи, само затоа што го објавувале старото неборбено гледиште на црквата и со истото се согласувале.
Неверните пастири го оставиле своето стадо не само на цедилка, туку над своите браќа вршеле предавство поради страв од прогонство и затвор, како што се гледа од писмото на Военото министерство од 1914 година:
„Ако се случи некои адвентисти да откажат служба во саботен ден, или одбијат да примат оружје, ќе ѝ бидеме благодарни на Вашата Екселенција ако за ова наше гледиште ги известите оние кои се потчинети на вашата команда.“
Но каде беа неверните пастири во она време? Верните трпеле прогонства, мачење и затвори. Неверните пастири сами изјавиле на преговорите во Фриденсау: „Најголемиот дел од нашите проповедници беа на фронтот, а уште поголемо мнозинство од нашите собраниски чиновници и браќа исто така беа на фронтот.“
Зошто истите не го паселе стадото како што тоа го правел добриот Пастир кој својот живот го дал за овците?
Ставот на Генералната конференција
На браќата од Генералната конференција не им беа непознати настаните во Европа, и верните, изгонети души со нетрпение чекаа на еден официјален став. Но, тие мораа да се стрпат сѐ до 23 јули 1920 година, кога Генералната конференција била волна да преговара со браќата во Фриденсау, кои поради настаните меѓу адвентистите стоеле надвор од црквата. Сите прашања кои довеле до овој расцеп биле дискутирани, и братот А.Г. Даниелс, кој тогаш беше претседател и официјален претставник на Генералната конференција, меѓу другото го изјавил и следново:
Каков тогаш беше тој „добро промислен став“ на Генералната конференција, кога ниту во Библијата ниту во Сведоштвата не можеле ништо да најдат за врз основа на тоа да заземат еден јасен став? Братот Даниелс понатаму вели:
„Ние најдовме дека е мошне тешко да се даде едно сеопшто начело во случај на војна. Воениот проблем е еден мошне компликуван проблем, можеби многу потежок од другите што сме ги имале. Тоа не е толку едноставно како Десетте заповеди или едноставно библиско толкување на Евангелието според Јован 3:16 итн.
Сѐ додека ние немаме никакви одредени граници и изразито правило во однос на нашиот став кон властите, мора на секој поединец да му се препушти самиот да постапува според својата совест.“ (Протокол, 37, 38).
Така, ова одлучувачко прашање, кое предизвикало толку многу болки и страдања на верните браќа и доведе до расцеп во црквата, беше оставено на личната совест на секој поединец. Ова прашање донело голема забуна меѓу водечките браќа и таа забуна во ова спорно прашање останала нерешлива и до денешен ден, иако црковните историчари, како пасторот Валтер Дигнат-Дирен, ова прашање јасно и отворено го опишале. Дали може за овие водачи да се каже: „Зашто устата на свештеникот треба да располага со знаење, и Законот го бараат од устата негова, бидејќи тој е гласник на Господ Саваот“ – Малахија 2:7.
Свештениците треба будно да внимаваат и да стражарат за некој да не си земе слобода на совеста да го престапува Божјиот закон; меѓутоа, Генералната конференција им дозволила на своите членови слобода на совест! Зошто тогаш не ја дава таа слобода на совест и во другите заповеди, како на пример во прашањето на бракот и во осмата заповед? Може ли водството да им дозволи на членовите слобода во кршење на бракот? Ако не, тогаш немаат никакви права да им дозволат престап на шестата заповед (не убивај) и престап на саботата, туку нивна света должност е да ги воспитаат членовите на црквата во верска послушност. За слобода на совеста во книгата „Мисли од гората на блаженството“ (стр. 51), читаме:
„Кога на луѓето би им се дозволило да ги занемарат Божјите барања и сами на себе да си пропишуваат правила за должностите, тогаш би постоеле мноштво различни стандарди кои би ги задоволувале различните умови, така што власта би била одземена од рацете на Господа. Човечката волја би станала врховна, а возвишената и света Божја волја – Неговата намера на љубовта кон Неговите созданија – би била обесчестена и презрена“.
Библијата нѐ учи дека Бог на секој човек му дал слободна волја да одлучи дали ќе ги слуша Божјите зборови и заповеди или не. Ова јасно произлегува од книгата на Исус Навин 24:15; Еремија 21:8; и Левитска 18:5. Божјата црква има свечена задача од Бога да оди во целиот свет и да ги научи луѓето „да пазат сè што сум ви заповедал“ (Матеј 28:20). Секој верник при заветот на крштевање се обврзал пред Бога и црквата дека ќе ги држи Божјите заповеди и верата Исусова, и на овој темел е поставена организацијата на црквата на адвентистите на седмиот ден, како што тоа веќе беше порано покажано. Затоа, нејзина света должност е да внимава овие заеднички принципи верно да се чуваат и од секој поединечен член да се извршуваат.
Црквата како таква не е овластена на своето членство да му дозволува слободно да ги престапува Божјите заповеди, бидејќи тогаш би доминирало човечкото самоволие, а божествената волја би била попречена. Но, како што „Не секој што Ми вели: ,Господи, Господи‘, ќе влезе во царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен“ (Матеј 7:21), исто таква беше и официјалната изјава на Одборот на Генералната конференција од ноември 1915 година „дека во различни земји се дозволува полна слобода на прилагодување на законите во сите граѓански должности (па и за учество во војната) како досега така и понатаму“, еден директен повик за престап на заповедите и самоволно презирање на Христовата мирољубива наука во Беседата на гората (Матеј 5:38-48; Јован 18:36).
Резултатот од една лажна претпоставена слобода на совеста, која врховното водство на адвентистите на седмиот ден им ја дозволило на членовите на црквата, според нивните сопствени зборови беше дека: „Повеќето наши проповедници беа надвор [на фронтот], а уште поголемо мнозинство од нашите собраниски чиновници и браќа исто така беа надвор.“ Ние прашуваме: Што барале тие таму? Не може во воениот метеж, со Библија во една рака и со меч во друга, да се објавува евангелието на тројната ангелска порака. Сепак, тоа може да го прави, според нивниот сопствен суд „Само една отпадната црква, или некој, кој начелата на Христовото царство ги изгубил од своето срце и ги споил со државната сила“ („Домашен христијански пријател“ од 23 септември 1915 година).
Но не само тоа! Додека од една страна била дадена слобода на совеста особено за четвртата и шестата заповед во време на војна, со што црквата на адвентистите на седмиот ден жртвувала многу души на богот на војната, сега, од друга страна, оние адвентисти кои протестирале против тоа, бидејќи во тоа виделе отворен отпад од нашите основни начела, биле исклучени и прогонети од своите сопствени пастири и обвинувани како отпадници, и во многу случаи предавани на властите. Така, една изопачена слобода на совест довела дотаму да се прилагодат на сите воени барања, додека оние кои од чиста совест ова го одбиле, немале слобода јавно да го исповедаат своето гледиште. Со тоа пастирите доброволно ја напуштиле вистината и стадото кое им било доверено, и секој член го оставиле сам на себе, опкружен со безбројни опасности.
Ако во една таква ситуација црквата немала верска храброст своите имоти и животи да ги изложи на опасност поради вистината, и ако водачите на стадото под изговор на граѓанска должност ја напуштиле возвишената должност да бранат едно јасно „така говори Господ“, како може за одделни членови на црквата, кои под закана на власта ја откажувале бараната служба, да се тврди дека истите се против Божјата волја? Кога црквата му откажува послушност на Бога, како можат тогаш поединци да опстанат?
Разговорите во Фриденсау
На страниците 44-46 од книгата „Протокол за разговорите во Фриденсау“, братот Даниелс изјавил дека поради воениот расцеп на АСД, настанатото Реформно движење немало право да се организира и да се отцепува од матичната црква. Слично тврдење било изнесено и против Јован Крстител и првобитната христијанска реформација, што се гледа од Јован 1:19-25; Матеј 3:9-12; Јован 9:22 и 16:1-3; Дела 28:22. Истото се тврдело и против реформаторите во средниот век, дека тие, и покрај злоупотребата и изопачените црковни учења, немале право да се одвојат од мајчинската црква и да создадат организација. Од страна на старешините и водечките духовници секогаш било изјавувано дека пред сѐ мора да се зачува единството на стадото. На реформаторот Лутер му било кажано дека треба да ги повлече своите тези кои предизвикале само неединство, пречки и вознемиреност. Бидејќи тоа било така секогаш во црковната историја, не е ништо ново ако истото се повтори и во црквата на адвентистите на седмиот ден. Овде ги наведуваме зборовите на претседателот Даниелс кои ги упатил до членовите на Реформацијата:
Понатаму во оваа точка беше кажано: „Некои членови на црквата можат да бидат навредени од страна на чиновниците или старешините. Можеби постои нешто во водството на собранието кое тие не можат да го одобрат. И што треба тие тогаш да прават? Дали треба веднаш да основаат една нова црква и да се одвојат? Јас велам: Не!“ (Протокол, 44).
„Колку и да погрешиле вашите браќа, вие бидете внимателни и мирни и предајте Му се на Бога и на Неговата грижа, и не дозволувајте да дојде до расцеп. Немојте да војувате против своите браќа. Немојте да печатите и да ширите никакви списи кои нѐ доведуваат во тешкотии нас и нашите институции. А кога бурата и тешкотиите ќе поминат, тогаш ќе се состанеме и ќе дискутираме за оваа работа и ќе ја доведеме до една цел.“ (Протокол, 45).
Овие изјави на братот Даниелс, тогашниот претседател на Генералната конференција, покажуваат дека настаните кои се случиле меѓу адвентистите на седмиот ден во 1914 година не биле разгледувани од гледиште на начелните учења според Законот и Сведоштвото, туку главно од гледиште на организација. Од иста гледна точка еврејските, римските и многу други религиозни организации тврделе дека се валидни и од Бога повикани цркви. Тие и понатаму се повикувале на своето долгогодишно постоење, на бројната моќ, на богатството, влијанието итн., сепак овие надворешни обележја не се никаква потврда за вистинската Христова црква. Основачот на христијанството изјавил: „Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици“; и „Секој што ги слуша и ги исполнува овие Мои зборови, ќе биде како мудар човек кој си изградил куќа на камен“ (Јован 8:31; Матеј 7:24). Црквата треба да се темели на Божјата реч; но ако таа ги напушти принципите на Божјата реч и се обиде да го избегне крстот, прилагодувајќи се кон светот, водејќи светска политика, тогаш го губи правото да биде Божја црква.
Црквата и речта
Прашањата отворени во Фриденсау го објаснуваат продолжувањето на обидите за разговори и патот кон заедничкото организирање, прикажани во следните поглавја.
Заедничкото организирање во 1925 година
Разговорите во Фриденсау во 1920 година не донеле помирување. Пред конечното одделно организирање, претставниците на Реформното движење повторно побарале нивниот случај да биде разгледан пред делегатите на Генералната конференција на адвентистите на седмиот ден.
Дотогаш групите користеле различни локални имиња: во Југославија — „Адвентисти на остатокот“, а во Скандинавија — „Адвентисти на првобитната вера“.
Ото Велп и Хајнрих Шпанкнебел отпатувале на заседанието во Сан Франциско, одржано од 11 до 31 мај 1922 година. Според историскиот извештај на РДАСД, биле поднесени три писмени обраќања — на 11, 18 и 22 мај — но не било овозможено изнесување на случајот пред целата делегација.
Летото 1922 година, на меѓународниот состанок во Бебра, Германија, четири веќе организирани унии се согласиле да работат заедно. Канцеларијата во Вирцбург ја координирала меѓународната работа, а за 1925 година било предвидено конечното организациско уредување.
Првото официјално делегатско заседание се одржало во Гота, Германија, од 14 до 20 јули 1925 година, со 18 делегати. Биле усвоени начелата на верата и организацијата на Генералната конференција. Четирите унии — германската, дунавската, скандинавската и балтичката — ја сочинувале заедничката организација.
Со резолуцијата 11 било прифатено заедничкото име „Реформно движење на адвентистите на седмиот ден — Генерална конференција“. Под него требало да се објават и начелата на верата. Така локалните заедници добиле заедничко име и организациска рамка.
Извори: Обидот за разговори во 1922 година ↗ · Името на нашата црква ↗ · Првите заседанија на Генералната конференција ↗
Името и регистрацијата во Германија
Во Германија, во 1919 година се користело името „Меѓународно мисионерско друштво на адвентистите на седмиот ден“. Подоцна било дополнето со повикување на основата од 1844 година, а кон крајот на 1921 година и со „Реформно движење“.
Регистрацијата била одложена: според тогашните германски правила, организацијата требало да поседува имот, а Генералната конференција немала сопствен имот. Со резолуцијата 8 од 1927 година било предвидено правното уредување да се поврзе со статутите на германската унија.
На 11 јануари 1929 година, во Бургведел, Генералната конференција била регистрирана со подолг назив, кој ги вклучувал зборовите „Меѓународно мисионерско друштво“. Извесно време се користеле двата назива.
Во меѓувреме, движењето ја развивало меѓународната работа. Во 1926 година канцеларијата на Генералната конференција била преместена од Вирцбург во Изернхаген, близу Хановер. Печатницата, саботните лекции и другите изданија ја поддржувале работата во повеќе земји.
На 11 мај 1936 година, нацистичката тајна полиција Гестапо ја укинала регистрацијата на Генералната конференција. Изворот го разликува тој настан од укинувањето на регистрацијата на германската унија на 12 мај. Овие околности се дел од тешкотиите со кои се соочувала организацијата во Германија.
Извори: Името на нашата црква ↗ · Меѓународната работа и регистрацијата во Германија ↗
Регистрацијата во САД и поделбата (1949–1952)
Војната и политичките ограничувања ја отежнувале меѓународната координација. По четиринаесет години без редовно заседание, делегатите се состанале во Хаг, Холандија, од 5 до 15 јули 1948 година. Меѓу административните одлуки било и преместувањето на седиштето на Генералната конференција во САД.
На 8 април 1949 година следувала регистрацијата во Калифорнија, под името усвоено во 1925 година.
Повоеното седиште било во Сакраменто, Калифорнија. Подоцна меѓународниот центар бил преместен во Блеквуд, Њу Џерси, а потоа во Роанок, Вирџинија. Овие преселби го следеле развојот на светската работа.
На заседанието во Зајст, Холандија, од 7 до 30 мај 1951 година, несогласувањата во раководството довеле до поделба и две одделни реорганизации на 23 и 24 мај. Според историскиот приказ на Генералната конференција на РДАСД, на 24 мај бил избран комитет со Думитру Николич како претседател.
Според истиот историски приказ, двете страни уште извесно време се повикувале на регистрацијата од 1949 година. На 6 јуни 1952 година, Карл Козел и неговите приврзаници се организирале одделно, со додавката „Меѓународно мисионерско друштво“ во името.
Затоа, организирањето во 1925 година, правните регистрации и поделбата од 1951–1952 година се разгледуваат како различни историски настани. Продолжението тука го следи историскиот приказ објавен од Генералната конференција на РДАСД; изворите се наведени за понатамошно проучување.
Извори: Повоеното заседание во 1948 година ↗ · Името на нашата црква ↗ · Потекло и развој на Реформното движење ↗ · Заседанието и поделбата во 1951 година ↗
