Поучете ги младите за вистинската разонода
Адвентен дом
За каков одмор се определува христијанинот?
Нецелосни мерки. – Христијанските родители им попуштаат на склоноста на своите деца кои го сакаат светот. Тие ја отвораат вратата на разонодите кои некогаш начелно се забранувале. {АД 526.1}
Некои христијански родители премногу попуштале на љубовта кон забавата. Тие ги прифатиле световните мерки, се прилагодиле на општото мислење дека за децата е добро детството и младо стада ги поминат во себични разоноди и неразумно попуштање. На тој начин кај децата и кај младите е создадена наклонетост кон возбудливите забави и тие така навикнале да уживаат во возбудливо расфрлање; тие не ги сакаат трезвените, полезни животни должности. Тие живеат живот кој не е достоен за човечките суштества. Тие не мислат за Бога и за вечните вредности туку летаат како пеперутки. Тие не постапуваат како разумни суштества, кои својот живот можат да го мерат со Божјиот живот и кои се одговорни пред Него за секој момент од своето време. {АД 526.2}
Мајките треба да пронајдат разонода. – Наместо да ги оддалечи своите деца од себе, за да не ја вознемируваат со нивната врева и нивните многубројни барања, таа ќе сфати дека најдобро што може да направи е нивниот немирен, активен ум да го смири и заинтересира за некоја забава или лесна работа. Мајката ќе биде богато наградена за вложените напори и времето кое го поминала за да пронајде разонода за своите деца. {АД 526.3}
Малите деца сакаат друштво. Тие не можат да се заиграат сами; мајката треба да знае, дека во повеќето случаи местото за нејзините деца кога се во домот е просторијата во која и самата се наоѓа. Тогаш таа може да ги надгледува и да ја смири секоја расправија која ќе се појави; таа може да ги исправи лошите навики или појавата на себичност или лутина, а нивните мисли да ги насочи во добар правец. Децата обично мислат дека мајката го сака она што тие го сакаат и природно е што ја викаат мајката да ги реши нивните мали несогласувања. Мајката не треба да го рани срцето на своето чувствително дете со својата рамнодушност или со одбивање да се занимава со такви ситници. Она што на мајката ѝ изгледа безначајно, за нив е важно. Упатството или предупредувањето изговорено во вистински момент, ќе има најголема вредност. {АД 527.1}
Не ги скратувајте нивните разоноди. – Поради недостаток од време и размислување, многу мајки им ускратуваат на своите деца некоја наивна разонода, додека нејзините неуморни прсти и уморни очи внимателно изработуваат украси, кои во најдобар случај во нивните млади срца само ќе ја поттикне себичноста и претерувањето. Кога ќе пораснат децата, овие поуки донесуваат плод на злоба и морална ништожност. Мајката е загрижена за мааните на своите деца и не сфаќа дека жетвата која ја жнее потекнува од семето кое сама го посеала. {АД 527.2}
Некои мајки не постапуваат исто со своите деца. Понекогаш им дозволуваат на своите деца да го прават она што не е добро, друг пат одбиваат да ја задоволат наивната желба која би го направила детското срце многу среќно. Во ова не се огледуваат на Христа; Тој ги сакал децата; ги сфаќал нивните чувства и имал разбирање за нивните задоволства и нивните тешкотии. {АД 527.3}
Како сестра Вајт ги воздржувала своите деца. – Кога децата бараат да се придружат на некое друштво или да учествуваат во некоја разонода кажете им: „Не можам да ве пуштам, деца; седете тука, а јас ќе ви ја откријам причината. Јас го извршувам делото за вечност и за Бога. Бог ве дал на мене и ве доверил јас да се грижам за вас. Јас, деца мои, сум ви наместо Бог; поради тоа морам да ве сочувам како личност која на Божјиот ден ќе даде сметка. Дали сакате името на вашата мајка да биде запишано во небесните книги како оние кои пропуштиле да ја извршат својата должност кон децата, како оние кои му дозволиле на непријателот да влезе и да ја заземе територијата која требало јас да ја заземам? Деца, ќе ви кажам кој пат е прав, а тогаш ако одлучите да се спротивставите на својата мајка и тргнете по патот на злото, вашата мајка ќе биде чиста, а вие ќе страдате за своите гревови”. {АД 528.1}
Вака постапував со своите деца и пред да завршам, тие заплачуваа и велеа: „Моли се за нас!“ Никогаш не одбивав да се молам за нив. Клечев покрај нив и се молев со нив. Потоа одев и му се молев на Бога цела ноќ, додека сонцето не се подигне на небото, за да се скрши моќта на непријателот, а јас да извојувам победа. Иако тоа ме чинеше цела ноќ, јас се чувствував богато наградено кога моите деца ме прегрнуваа и ми велеа: „Ох, мајко, толку сме среќни што не ни дозволи да одиме таму кај што сакавме. Сега гледаме дека би погрешиле”. {АД 528.2}
Родители, ова е начин на вашето постапување. Морате сериозно да се залагате, ако сакате да ги спасите своите деца за Божјото царство. {АД 529.1}
Проблеми кај поголемите деца. – Во сегашната состојба на човечкото општество, на родителите не им е лесно да ги контролираат своите деца и да ги поучат во склад со библиските начела на правдата. Децата често стануваат нетрпеливи и сакаат да биде по нивна волја кога им се поставуваат граници, сакаат да одат и да доаѓаат кога сакаат. Особено оние помеѓу десет и осумнаесет години сметаат дека не е опасно да се присуствува на световни собири на младите пријатели. Но искусниот христијански родител може да ја види опасноста. Тој ја познава вистинската природа на своите деца и го познава влијанието на сето тоа на нивниот ум. Бидејќи го сака нивното спасение, треба да ги одвои од овие возбудливи забави. {АД 529.2}
По обраќањето. – Кога децата самите ќе одлучат да ги напуштат световните задоволства и да станат Христови ученици, колку тежок товар се симнува од срцето на загрижените, верни родители! Но, ниту тогаш родителите не треба да престанат со работа. Овие млади само што започнале да водат сериозна борба против гревот и злото на телесното срце и затоа посебно им е потребен совет и грижа од нивните родители. {АД 529.3}
Како да се сочуваат децата од световноста. – Колку многу родители се жалат што не можат да ги задржат своите деца во домот, затоа што тие немаат љубов за домот! Тие многу рано тежнеат за друштво на други луѓе и штом станат постари, се одвојуваат од она што им изгледа како ропство и неразумно ограничување, и повеќе не се грижат за мајчините молитви или татковите совети. Внимателното проучување покажало дека гревот е пред вратата на родителите. Тие не го направиле домот она што би требало да биде привлечен, удобен, полн со љубезни зборови, благи погледи и искрена љубов. {АД 529.4}
Тајната на спасението на вашите деца лежи во тоа да го направите својот дом пријатен и привлечен. Попустливоста на родителите нема да ги врзе децата за Бога или за домот; но постојаното духовно влијание кое правилно го воспитува умот, ќе спаси многу деца од пропаст. {АД 530.1}
Должност на родителите е да бдеат над излегувањата и доаѓањата на своите деца. Тие би требало да ги охрабрат и да ги привлечат со она што ќе ги задржи во домот и ќе им помогне да сфатат дека родителите се заинтересирани за нив. Својот дом треба да го направат удобен и радосен. {АД 530.12
Осумнаесетти дел
ЌЕ ЈА ПРИМИШ СВОЈАТА НАГРАДА

