Нашите општествени потреби
Адвентен дом
Дар на зборување
Бог се погрижил за нашите општествени потреби. – Во мерките за воспитување на избраниот народ јасно е откриено дека целосен живот може да има само оној кој го направил Бога центар на својот живот. Кога Бог во срцето на човекот ќе всади некоја желба, Тој овозможува и нејзино задоволување; секоја способност која ја дава, Тој настојува да ја развие. {АД 455.1}
Основачот на сите убавини и самиот љубител на убавото, Бог, се потрудил да ја задоволи и кај Своите деца љубовта кон убавината. Тој се погрижил и за нивните општествени потреби, за пријатните и полезни општествени допири кои толку многу придонесуваат за развој на меѓусебните сочувства и животот го прават повреден и попријатен. {АД 455.2}
Влијанието на друштвото. – Секој наоѓа пријатели или ги создава. Токму од тоа колкаво е пријателството, зависи колкава ќе биде силата на влијанието кое пријателите го вршат еден на друг, на добро или на лошо. Секој има пријатели и секој влијае на другите, а во исто време и самиот е под влијание на другите. {АД 455.3}
Божјата реч особено го нагласува влијанието на општеството во животот на возрасните. Колку е поголема тогаш неговата моќ кога е во прашање развојот на умот и карактерот на децата и младите! Тоа што ќе го одлучат во нивна корист овде на Земјата и за нивната вечна иднина, тоа ќе биде друштвото кое го избрале, начелата кои ги прифатиле и навиките кои ги изградиле… {АД 455.4}
Неизбежно е младите да имаат друштво, кое ќе влијае на нив. Постојат таинствени врски кои ги поврзуваат душите, така што срцето на едниот станува блиско до срцето на другиот. Едниот ги прифаќа идеите, чувствата и духот на другиот. Таа врска може да биде благослов или проклетство. Младите можат да помогнат и да се зајакнат еден со друг, станувајќи подобри во однесувањето, во расположението, во знаењето; или дозволувајќи си на себе да станат невнимателни и неверни, тие можат да извршат влијание кое обесхрабрува. {АД 455.5}
Позната е вистинитата изрека: „Покажи ми со кого се дружиш, а јас ќе ти покажам каков е твојот карактер“. Младите не се доволно свесни за влијанието што го вршат избраните пријатели на нивниот карактер и углед. Човекот бара друштво од оние чии навики, вкус и постапки се слични на неговите. Оној кој повеќе го цени друштвото на неписмените и лошите, отколку на мудрите и добрите покажува дека неговиот карактер е полн со недостатоци. Неговиот вкус и навики во почетокот можат да се разликуваат од вкусот и навиките на оние кои ги бара друштвото; но, во друштво со вакви луѓе, неговите мисли и чувства почнуваат да се менуваат; тој ги жртвува вистинските начела и незабележително, но и неизбежно станува сличен на своето друштво. Како што реката секогаш ги прима особините на реката која што тече, така начелата и навиките на младите без исклучок стануваат обележани со карактерот на друштвото во кое се движат. {АД 456.1}
Склоностите на телесното срце уназадуваат. – Кога младите би можеле да се уверат дека е потребно да побараат друштво на чисти, внимателни и љубезни луѓе, влијанието би било спасоносно. Кога би бирале пријатели кои се плашат од Бога, влијанието кое тие пријатели го вршат на нив, би ги зацврствувало во вистината, во извршувањето на нивните должности и во светост. Вистинскиот христијански живот е сила на доброто. Но, од друга страна, оние кои се дружат со личности со слаб морал и лоши начела и постапки, наскоро и самите ќе тргнат по таков пат. Склоностите на телесното срце водат кон зло. Оној кој се дружи со оние кои се сомничави, и самиот наскоро ќе почне да се сомнева; оној кој се дружи со лошите, и самиот наскоро ќе стане лош. Да се биде во друштво на лоши значи да зачекориш на патот на грешниците и да седиш во друштво на потсмевачите. {АД 456.2}
Во животот на световните млади, љубовта кон друштвото и уживањето станува страст. Облекувањето, посетите, попуштањето на апетитот и страстите, да се вртиш во кругот на ненаситноста, се чини дека е единствена цел на постоењето. Тие се несреќни ако останат сами. Нивната најголема желба е во друштвото да им се воодушевуваат, да им ласкаат и да предизвикуваат внимание; кога оваа желба не е задоволена, животот изгледа неподнослив.
Оние кои го сакаат друштвото, често ја негуваат оваа особина, додека не стане вистинска страст… Таквите не можат да истраат во читањето на Библијата и размислувањето за она што е небесно. Тие се чувствуваат несреќни, доколку нема нешто што би ги возбудило. Тие во себе немаат сили да бидат среќни туку во тоа зависат од друштвото на младите кои исто така се невнимателни и безобѕирни како и тие самите. Силата која би можеле да ја насочат кон благородни цели, тие неразумно и неумерено ја расипуваат. {АД 457.2}
Благослови од христијанското дружење. – Кај Божјиот народ премалку се негува христијанското дружење… Оние кои се затвораат во себе, кои се без желба како пријатели да ги придружуваат другите, да им бидат на благослов, губат многу благослови, затоа што усовршувањето и префинетоста на умот се стекнуваат со меѓусебно дружење; со друштвените допири се создаваат познанства и се склопуваат пријателства, што доведува до единство на срцето и атмосфера на љубов која е пријатна во очите на Небото. {АД 457.3}
Особено оние кои ја вкусиле Христовата љубов треба да го развиваат своето влијание во друштвото, затоа што на тој начин ќе ги придобијат душите за Спасителот. Христос не смее да биде сокриен во нивното срце, затворен во него како сокриено богатство, свето и мило, во кое единствено тие уживаат; ниту треба Христовата љубов да се покажува само кон оние кои одговараат на нивниот вкус. Учениците треба да се научат да бидат слични на Христа со изразување на љубезна заинтересираност и друштвено расположение кон оние на кои помошта им е најпотребна, дури иако таквите не се нивни одбрани пријатели. Во секое време и на секое место Исус покажувал љубезно интересирање за човечкото семејство и околу себе ширел светлина на радосна побожност. {АД 457.4}

