Служба на ангелите

← Ризница на ЕвангелиетоЛЕКЦИЈА 15 ОД 30

Служба на ангелите

Проучете ја службата на ангелите и нивната улога во Божјиот план.

Лекција 15 — Служба на ангелите

Вовед

Во денешно време, кога материјалистичките сфаќања сѐ повеќе земаат замав, лесно се заборава дека постои вистинска врска помеѓу видливиот и невидливиот свет. Дури и оние кои, како Божји деца, ја познаваат оваа вистина, понекогаш се случува да бидат повлечени од плимата на секојдневните обврски и да заборават дека сме опкружени со „толку многу сведоци“. Понекогаш, кога ќе видиме дека трагедијата е едвај избегната, согледуваме дека на дело било Божјото провидение. Иако не можеме да ги видиме ангелите кои управуваат со настаните или ги отстрануваат опасностите, нивното присуство е реално, како што ќе научиме во оваа лекција. Ќе бидеме далеку поспокојни и посигурни ако сфатиме дека ангелите Господови се секогаш во наша близина и дека секое влакно на нашата глава е изброено.

ПРИРОДАТА НА ДОБРИТЕ АНГЕЛИ

Каква споредба прави Библијата помеѓу човекот и ангелите?

„Што е тоа човек… Си го направил малку помал од ангелите“

— Псалм 8:4,5

Што ни кажува Библијата за силата и карактерот на ангелите?

„Благословувајте Го Господа – сите ангели Негови, вие крепки по сила, кои го извршувате Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов; благословувајте Го Господа – сите Негови војски, Негови служители, кои ја исполнувате волјата Негова“

— Псалм 103:20,21

Каква е природата и која е задачата на светите Божји ангели?

„А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол… Нели се тие сите служителски духови, испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението?“

— Евреите 1:13,14

Колкав е бројот на ангелите?

„Потоа видов и чув глас на многу ангели околу престолот и околу животните и старешините, а бројот им беше илјадници и милиони“

— Откровение 5:11; да се прочита и Псалм 68:17; Евреите 12:22

Која е одговорноста на ангелите кон оние што се бојат од Бога?

„Ангел Господов се улогорува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува“

— Псалм 34:7

Зошто Исус ја дал опомената: „Гледајте да не презрете едно од овие мали?“

„Зашто, ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец небесен“

— Матеј 18:10

Кога Елисеј бил опкружен со непријателска војска во малиот град Дотан, што направил за неговиот слуга да ја види вистинската ситуација и секогаш присутната Божја заштита за Неговите верни слуги?

„Елисеј се помоли и рече: ‘Господи, отвори му ги очите да види.’ И Господ му ги отвори очите на прислужникот, и тој ја виде целата гора полна со коњи и огнени коли околу Елисеј“

— Втора книга за царевите 6:17; да се прочитаат стиховите 8-17

Што се случило кога богохулните Асирци, за време на царот Сенахирим, со пркос го опседнале Ерусалим?

„Тогаш излезе ангел Господов и погуби во асирскиот логор сто осумдесет и пет илјади души. Утредента станаа, и, ете, насекаде имаше само мртви тела“

— Исаија 37:36

Кога Даниел поради својата верност на Господа, бил фрлен во лавовска јама, кој го заштитил од овие диви ѕверови?

„Мојот Бог го испрати својот ангел и им ја затвори устата на лавовите, така што тие не ме повредија“

— Даниел 6:22

Кој го ослободил Петар од затворот, каде што бил затворен и врзан за да не го проповеда Евангелието?

„Тогаш Петар, откако дојде на себе, си рече: ‘Сега знам дека навистина Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете Иродови’“

— Дела на апостолите 12:11; да се прочитаат стиховите 1-11

Во Библијата има доста примери каде ангелите во својство на гласници разговарале со луѓето. Набројуваме некои од нив: Гедеон (Судии Израелови 6:8-11), Маној и неговата жена (Судии Израелови 13:2-21), Даниел (Даниел 9:20-27), Захарија, таткото на Јован Крстител (Лука 1:5-20), Марија, мајката на Исус (Лука 1:26-38).

Кое величествено дело ќе го извршат ангелите кога Господ ќе дојде повторно во слава?

„И ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата“

— Матеј 24:31

Колку ангели ќе го придружат во таа прилика?

„А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја“

— Матеј 25:31

АНГЕЛИ ШТО ЗГРЕШИЛЕ

Што направил Господ со ангелите што згрешиле?

„И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив; но беа поразени, и за нив веќе не се најде место на небото. И беше исфрлен големиот змев старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборена на земјата, и заедно со неа и ангелите нејзини беа исфрлени“

— Откровение 12:7-9

За што се чуваат грешните ангели?

„Ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија живеалиштето, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на големиот ден“

— Послание на Јуда 6; да се прочита и 2. Петрово 2:4

Што прави водачот на злите ангели, и што, според тоа, прават и злите ангели?

„И беше таму, во пустината, четириесет дни искушуван од сатаната“

— Марко 1:13

„Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта“

— 1. Петрово 5:8

Овде нема доволно простор да се наведат сите примери на Христовата служба во ослободувањето на оние што биле држени во ропство и мачени од злите духови. Христос ги предупредувал таквите, кои биле жртви на духовите, да не им дозволат на изгонетите демони повторно да се вратат во нив, бидејќи секој од нив би довел со себе уште седум полоши од себе. (Да се прочита Лука 11:24-26).

Какво предупредување за ова дава апостол Павле?

„А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења“

— 1. Тимотеј 4:1

Кои посебни опомени му се дадени на Божјиот народ во врска со овие измамнички духови?

„Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш“

— Левитска 19:31

„И ќе дојдам кај вас за суд и ќе бидам брз извршител против вражачите“

— Малахија 3:5

Како се дефинира спиритизмот?

„Спиритизмот е верување дека духовите на починатите можат да комуницираат со живите преку физички феномени, како што е таинственото тропање, или преку ненормални ментални состојби, како што е транс и слично. Најчесто се манифестира преку медиуми.“ (Извор: Вебстер). „Спиритизам (латински, spiritismus) е верување дека од онаа страна на гробот постои свет на духови со кои, под одредени околности — со посредство на маса и специјални посредници, медиуми — може да се воспостави контакт и да се разговара.“ (Извор: Вујаклија).

Кои духови најчесто им се појавуваат на ожалостените, прикажувајќи се како нивни сакани покојници?

„Тој одговори: ‘Ќе излезам и ќе станам дух што лаже во устата на сите негови пророци’“

— Прва книга за царевите 22:22 (Токму таков дух го одвел Саула во смрт наредниот ден)

Иако таквите духови се прикажуваат како да се заинтересирани за нашето добро, што треба да правиме?

„Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку проверувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот“

— 1. Јованово 4:1

Со што треба да ги проверуваме и испитуваме духовите?

„Допрашајте се до законот и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина“

— Исаија 8:20

„Модерниот спиритизам ги содржи сите суштински принципи на магијата и вештерството од минатото. Дејствува истата сила, делува истиот дух.“

— Окултизам во пракса, 85

„Јас сум сосема сигурна дека движењето, познато како модерен спиритизам целосно е во рацете и под водство на таткото на злите духови. Христос никогаш нема да ја напушти душата за која умрел. Човекот може да го остави Него и да му подлегне на искушението, но Христос никогаш не може да се сврти од оној кој го откупил со сопствениот живот. Кога нашиот духовен вид би бил поизострен, би ги виделе душите наведнати поради товарот, обземени со тага, притиснати како кола со снопје како обесхрабрени ја бараат смртта. Би ги виделе ангелите како брзо летаат за помош на оние кои се обидуваат и стојат на самиот раб на пропаста. Небесните ангели ги потиснуваат војските на злото кои ги опкружуваат овие души, и ги поставуваат нивните стапала на сигурен темел. Битките кои се водат помеѓу овие две војски се создадени како и борбите на овој свет, и од исходот на овој духовен судир зависи вечната судбина на мнозина.“

— Мисли од гората, 118

„Божјите ангели се качуваат носејќи му ги на Отецот молитвите на сиромашните и несреќните и слегуваат носејќи им благослов, надеж, охрабрување, помош и живот на синовите човечки.“

— Копнежот на вековите, 142

Проверете го наученото

Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.

1. Самиот Сатана е водач на злите ангели. Т Н
2. Модерниот спиритизам е исто што биле магиите и гледањето во библиско време. Т Н
3. Исаија 8:20 е правило според кое треба да го испитуваме секое учење. Т Н
4. Има безброј ангели (Откровение 5:11). Т Н
5. Сите небесни ангели нема да дојдат со Исус кога по втор пат ќе дојде затоа што се потребни на небото. Т Н
Покажи ги точните одговори ✧ РЕШЕНИЈА ✧
  • 1. Свети (добри) ангели и зли (паднати) ангели.
  • 2. Ангелите се поголеми по чест и сила. Човекот е создаден „малку помал од ангелите“ (Псалм 8:4,5).
  • 3. Гедеон (Судии 6), Маној и неговата жена (Судии 13), Даниел (Даниел 9), Захарија (Лука 1), Марија (Лука 1) — прифатливи се три точни примери.
  • 4. Тие се „служителски духови, испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението“ (Евреите 1:14).
  • 5. Во Откровение 12:7-9.
  • 6. Отстапување од верата, слушање измамнички духови и злодуховски учења. (1. Тимотеј 4:1)
  • 7. Со законот и откровението (Божјото слово). (Исаија 8:20)
  • ТОЧНО/НЕТОЧНО: 1. Т; 2. Т; 3. Т; 4. Т; 5. Н (Сите свети ангели ќе дојдат со Него, Матеј 25:31).