Милениум
Милениум
Проучете го илјадагодишниот период по Второто Христово доаѓање.

Вовед
Денес речиси секој слушнал за милениумот, а за него постојат многу различни мислења. Кога ќе ја истражиме Библијата за да дознаеме што кажува Божјата реч за оваа тема, ќе забележиме дека зборот „милениум“ не се споменува директно. Според речникот, овој збор потекнува од два латински термини: „mille“, што значи илјада, и „annus“, што значи година. Често значењето на овој израз се прифаќа според популарното сфаќање, наместо според дефиницијата што ја дава Божјата реч.
За нас е важно да ги разбереме фактите онака како што се прикажани во Библијата, бидејќи за милениумот постојат многу различни мислења и учења во верскиот свет. Поради тоа, мораме да ја отвориме Библијата и да видиме што Бог ни открива за овој значаен временски период. Дваесеттото поглавје од Откровението ни дава најмногу светлина за оваа тема, нарекувајќи го едноставно „илјада години“. Од него учиме дека овој период започнува со Христовото второ доаѓање на земјата и завршува со второто воскресение. Овие два значајни настани го обележуваат почетокот и крајот на милениумот, а во текот на тој период се одвиваат и други случувања што се тесно поврзани со нив.
Сите треба да бидеме заинтересирани за воскресението, бидејќи никој од нас не знае кога ќе биде повикан да зачекори во долината на „смртната сенка“. Надежта во воскресението и вечниот живот била утеха за Божјите деца низ сите векови, давајќи им храброст и на оние што ги жртвувале своите животи за Божјото дело. Без таа надеж, христијаните би биле најнесреќните луѓе на светот.
Воскресението е ветено и на оние што не Му служат на Господа и чиј живот е во отворена спротивност со Неговата волја. Секој човек на судниот ден ќе мора да застане пред великиот Судија. Наша должност е внимателно да ги разгледаме овие две големи групи луѓе, на кои на крајот ќе биде поделен целиот свет, како и нивната конечна судбина. Додека сè уште имаме време и можност, треба да избереме на чија страна ќе застанеме. Сега е времето за одлука.
Ќе се вратиме на Божјата реч и внимателно ќе ги проучиме фактите изнесени на различни места во Библијата, за да стекнеме јасна претстава за она што Бог ни го открил.
ПОЧЕТОК НА МИЛЕНИУМОТ
Зошто Исус ќе се врати повторно на земјата?
„Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‘Одам да ви приготвам место’? Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас“
— Јован 14:2,3Како и преку што Христос, кога ќе се спушта од небото, ќе ги повика умрените верници да се разбудат за вечен живот?
„Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите“
— 1. Солунјаните 4:16Што ќе се случи со оние што умреле во своите беззаконија и гревови?
„Другите, пак, од умрените не оживеаја додека не се навршија илјада години“
— Откровение 20:5Кои грешници, со исклучок, сепак ќе воскреснат за да го видат Христос кога ќе дојде по втор пат?
„Ете, иде со облаци, и ќе го види секое око, и оние што Го прободоа“
— Откровение 1:7Што ќе им се случи на оние кои упорно ќе останат во гревот и ќе бидат живи во времето на Христовото доаѓање?
„А вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила, во распламнат оган да им се одмаздува на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на нашиот Господ Исус Христос“
— 2. Солунјаните 1:7,8„Тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ (Исус) ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби“
— 2. Солунјаните 2:8Што ќе прават и што ќе зборуваат непокајаните во тој момент?
„И царевите земни, и благородниците, и богатите, и војводите, и силните, и секој роб и слободен се скрија во пештери и горски камењари, велејќи им на планините и на карпите: ‘Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето’“
— Откровение 6:15,16Како е наречено во Библијата воскресението што тогаш ќе се случи, и какви благослови им се ветени на оние што ќе се удостојат да учествуваат во првото воскресение?
„Тоа е првото воскресение. Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада години“
— Откровение 20:5,6Што ќе се случува со сатаната и неговите зли ангели за време на тие ‘илјада години’, додека спасените ќе бидат со Христос на небото, а сите непокајани во своите гробови?
„Потоа видов како од небото слегуваше ангел кој го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја: го фати змевот, древната змија, која е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години; потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјада години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време“
— Откровение 20:1-3МИЛЕНИУМ
Што ќе прават спасените заедно со Христос во текот на тие „илјада години”?
„И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, и не примија белег на челата свои и на рацете свои и оживеаја и царуваа со Христос илјада години“
— Откровение 20:4; исто така да се прочита и 1. Коринтјаните 6:2Како го опишува Еремија изгледот на земјата во тоа време?
„Ја гледам земјата – и ете, таа е разорена и пуста, – небесата, и нема на нив светлина. Ги гледам горите – и ете, тие треперат, и сите ридови се нишаат. Гледам – и ете, нема човек и сите небески птици одлетале“
— Еремија 4:23-25КРАЈ НА МИЛЕНИУМОТ
Што ќе се случи по завршувањето на периодот од „илјада години”?
„Другите, пак, од умрените не оживеаја додека не се навршија илјада години“
— Откровение 20:5Што ќе се случи со сатаната кога, по тие „илјада години“, сите непокајани ќе станат во второто воскресение?
„А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој“
— Откровение 20:7Каква одлука ќе донесе сатаната кога ќе ја види својата последна можност, во безбројното мноштво на воскреснатите грешници, да ги поведе во борба против Христос?
„И ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата, Гог и Магог, и да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок“
— Откровение 20:8Кое славно ветување ќе се исполни во тој момент?
„Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж“
— Откровение 21:2На што ќе ги наговори сатаната непокајаните, во својата слепа дрскост, кога Божјиот град ќе се спушти од небото?
„Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; ќе падне од Бога оган небесен и ги проголта“
— Откровение 20:9Како му бил прикажан на пророкот големиот суден ден во визија, и кои книги ќе бидат отворени тогаш?
„И видов голем бел престол и Седнатиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни. Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои“
— Откровение 20:11-13Како е опишано конечното казнување на непокајаните по завршувањето на илјадагодишниот суд?
„Падна од Бога оган небесен и ги проголта. А ѓаволот, што ги лажеше, беше фрлен во огнено и сулфурно езеро, каде што е ѕверот и лажниот пророк… И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото Езеро“
— Откровение 20:9,10,15Како апостол Петар го опишува тој ден?
„Додека го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата ќе се разрушат и основите во оган ќе се стопат“
— 2. Петрово 3:12На кое ветување апостол Петар ги потсетува верниците?
„Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се всели правда“
— 2. Петрово 3:13Како апостол Јован го опишува истиот настан?
„И видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина, и морето го немаше веќе“
— Откровение 21:1„Големата борба е завршена. Нема веќе грев и грешници. Целата вселена е чиста. Сѐ што создал Бог во бескрајната вселена, повторно чука со единствен пулс на хармонија и радост. Животот, светлината и радоста кои доаѓаат од Оној кој создал сѐ, незапирливо течат во сите делови на Неговото пространо и неограничено царство. Од најситниот атом до најголемиот свет во пространството на вселената, сѐ што живее и што постои, живата и неживата природа – сѐ во својата непоматена убавина и радост зборува дека Бог е љубов.“
Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
- а) Период од илјада години.
- б) Во тоа време Христос ќе владее на земјата.
- в) Време кога сите народи на светот ќе живеат во мир и меѓусебна слога.
- а) Ќе биде воскресение на сите луѓе родени на светот.
- б) Ќе биде воскресение на грешниците од сите времиња.
- в) Ќе биде воскресение на верните.
- г) Ќе се слушне Божјата труба.
- д) Ќе станат некои од најгрешните (оние што Го прободоа).
- ѓ) Грешниците ќе останат да живеат на земјата по вознесението на светите на небото.
- е) Живите свети ќе се преобразат и ќе останат на овој свет.
- ж) Живите ќе бидат вознесени тајно.
- з) Христос за време на Неговото доаѓање ќе го види секое око.
- ѕ) Грешниците ќе се покајат и ќе бидат среќни.
- и) Грешниците ќе се обидуваат да побегнат од Неговото доаѓање.
- ј) Ќе бидат благословени оние кои ќе имаат „дел“ во првото воскресение.
- а) Светите ќе царуваат со Христа на земјата.
- б) Светите со Христа ќе бидат на небото и ќе им судат на непокајаните.
- в) Сатаната ќе ги организира непокајаните да го заземат светиот град.
- г) Сатаната ќе биде врзан во таа смисла што на земјата во тоа време нема да има никој жив кого би можел да го искушува и лаже.
„А другите, пак, не оживеаја додека не се навршија “ (Откровение 20:5).
На крајот од илјадагодишниот период ќе биде и грешниците ќе бидат од гробот.
ќе биде одврзан и ќе излезе да лаже.
Кога Исус и светите ќе се вратат, тогаш светиот град ќе слегне од . Сатаната го собира мноштвото да го освои градот.
Кога Сатаната и мноштвото непокајани ќе се соберат околу градот, ќе падне од Бога и ги .
По уништувањето настанува ново небо и нова и борбата засекогаш е завршена.
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. Точни одговори: а) Период од илјада години. (б и в се неточни — Христос е на небото со светиите, а на земјата нема живи луѓе).
- 2. Точни одговори: в) воскресение на верните; г) Божјата труба; д) некои од најгрешните (оние што Го прободоа); з) секое око ќе Го види; и) грешниците ќе се обидуваат да побегнат; ј) благословени се оние во првото воскресение.
- 3. Точни одговори: б) Светите ќе бидат со Христа на небото и ќе им судат на непокајаните; г) Сатаната е врзан затоа што нема кого да лаже.
- 4. од умрените; илјада години.
- 5. второ воскресение; воскреснати / подигнати.
- 6. Сатаната.
- 7. Ерусалим (нов Ерусалим); небото.
- 8. оган; проголта.
- 9. на грешниците; земја.
