Раскината алка во ланецот
Раскината алка во ланецот
Проучете го прашањето за промената на денот за одмор.

Вовед
Без сомнение, во животот честопати сте ја слушнале изреката: „Ланецот е силен онолку колку што е силна неговата најслаба алка.“ Ова е потполно точно. Денес, во верскиот свет, наоѓаме раскината алка во однос на Божјиот закон. Зачудувачки е што многу искрени луѓе, па дури и некои верски учители, не се свесни која е причината за раскинувањето на таа алка. Секако, мислиме на празнувањето на неделата — првиот ден од седмицата, наместо седмиот ден, кој Бог го одвоил и посветил при самото создавање на светот.
Во нашата мината лекција научивме дека Христос ја празнувал саботата и дека им рекол на Своите ученици да се молат на Бога денот кога ќе мораат да бегаат од Ерусалим (што се случило речиси четириесет години по Неговото воскресение) да не биде во сабота. Павле и останатите апостоли ја празнувале саботата, и во Библијата не наоѓаме запис дека кој било друг ден треба да се празнува освен саботата. Да се вратиме на сведоштвото на Библијата и историјата за да видиме како дошло до оваа промена.
ОБИД ЗА ПРОМЕНАТА НАЈАВЕН ВО ПРОРОШТВОТО
Што една сила, според зборовите на пророкот Даниел, ќе се обиде да направи?
„И против Севишниот ќе зборува и ќе ги угнетува светиите на Севишниот; дури ќе си помисли да ги измени празниците нивни и закони…“
— Даниел 7:25Што, според Павловото предвидување, треба да се случи пред Христос повторно да дојде? До каде ќе оди таа отпадничка сила?
„Никој да не ве измами на ниеден начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта, кој се противи и се превознесува над сè што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог“
— 2. Солунјаните 2:3,4Световната и црковната историја сведочат дека постои само една сила која одговара на дадениот опис. Бидејќи Божјиот закон претставува откровение на Неговиот карактер, секој што ќе се обиде да внесе какви било промени во Неговиот закон буквално се издигнува над Бога.
ПУКНАТИНА ВО БОЖЈИОТ ЗАКОН
Која сила го вовела празнувањето на неделата наместо саботата?
Ќе ги цитираме автентичните католички извори кои јасно ни го откриваат извршителот на таа промена.
„Католичката црква, повеќе од илјада години пред појавата на протестантите, преку својата божествена мисија, наместо саботата ја вовела неделата.“
Прашање: Кој ден во седмицата е библискиот „ден за одмор“?
Одговор: Саботата е библискиот „ден за одмор“.
Прашање: Зошто тогаш ја празнуваме неделата наместо саботата?
Одговор: Неделата ја празнуваме наместо саботата затоа што католичката црква, на Лаодикискиот собор (336 година по Христа), светоста на саботата ја пренела на неделата.
Со ова не сакаме никому да му префрламе вина. Нашата цел е да објасниме како дошло до оваа значајна промена во практиката на христијанската црква, за како Христови следбеници правилно да го сфатиме и разбереме значењето на саботата.
Од кога започнува празнувањето на неделата?
Празнувањето на неделата потекнува од времето на Нимрод (Создавање 10:8–10), кога луѓето го обожавале сонцето. Во христијанската црква, неделата е воведена постепено и речиси неосетно. На почетокот, таа била сметана како ден за рекреација, додека саботата била сметана за ден за строго празнување со претерани барања. Така, некое време биле празнувани и двата дена. Конечно, римскиот цар Константин во 321 година по Христа го донел првиот познат закон за празнување на неделата. По Лаодикискиот собор, денот на богослужение официјално бил пренесен од саботата на неделата.
Каков став, во тој поглед, ќе имаат оние кои навистина Го љубат Бога и сакаат само Нему да Му оддаваат слава?
„Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето“
— Дела на апостолите 5:29БОЖЈИОТ ПЕЧАТ И ЖИГОТ НА ОТПАДНИШТВОТО
Кое особено дело треба да се изврши на земјата пред да се пуштат на неа ветровите на уништувањето?
„Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по морето, ниту на некое дрво. И видов друг ангел како се подигаше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон четирите ангели, на кои им беше дадено да и пакостат на земјата и морето, велејќи: ‘Не пакостете и на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог’“
— Откровение 7:1-3Каде го наоѓаме Божјиот печат?
„Врзи го свидетелството и запечати го откровението (законот) пред своите ученици“
— Исаија 8:16Ќе се сетите дека во 18. лекција учевме дека единствено четвртата заповед го содржи Божјиот печат. Во таа заповед Тој се идентификува како Господ (име), Создател (титула), небото и земјата (територија).
Што папството наведува како доказ за својот авторитет и моќ?
„Важно дело на промена на саботата во недела е тоа што и протестантите ја прифатиле.“
„Секако, католичката црква тврди дека таа промена е нејзино дело. Поинаку и не може да биде, зашто во тоа време никој не помислувал да направи било што во духовните или верските прашања без неа. Тој факт е знак (белег) на нејзината црковна моќ и авторитет во верските прашања.“
Што прорекол Јован дека ќе се случи во последните денови на земската историја?
„И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни“
— Откровение 13:16Овој знак, во 17-тиот стих наречен белег (жиг) на ѕверот, е во спротивност со примањето на Божјиот печат, за кој се зборува во 7. и 14. поглавје на Откровението. Бидејќи саботата претставува Божји печат, очигледно е дека противник на вистинската сабота може да биде само денот чие празнување го вовела таа власт која, во својата узурпаторска моќ и авторитет, се издигнала над Бога (2. Солунјаните 2:3,4).
НАША ОДЛУКА
Кој значаен принцип, поврзан со прашањето за саботата, треба секогаш да го имаме на ум?
„Дали знаете дека, ако му се предавате некому како робови за послушност, робови сте му на оној кому му се покорувате“
— Римјаните 6:16„Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура“
— Матеј 12:30Невозможно е овде да останеме неутрални. Ние сме слуги на оној кому му се покоруваме. Исус сака да го празнуваме Неговиот ден затоа што Го љубиме и не сакаме со ништо да Го навредиме. Во наредната лекција подетално ќе проучуваме за благословите што ги примаме ако го празнуваме денот што самиот Господ го посветил и го празнувал.
Која величествена визија ја имал апостол Јован за оние што ќе го примат Божјиот печат?
„Потоа видов: ете, Јагнето стои на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец“
— Откровение 14:1„И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; и оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа харфи Божји“
— Откровение 15:2Оние што ќе го примат Божјиот печат на своето чело или во својот ум, на крајот ќе стојат со Божјото Јагне на стакленото море. Драги пријателе, сакаш ли и ти да бидеш таму? Со Божја милост и благодарение на Неговата спасоносна сила, таа желба може да ти се оствари.
„Саботата ќе претставува голема проверка за верноста, зашто нејзиното празнување е особено оспорувана точка на вистината. Кога луѓето во тој поглед ќе бидат ставени на последно проверување, тогаш, слично на граничната линија, ќе се истакне разликата помеѓу оние кои Му служат на Бога и оние кои не Му служат. Додека празнувањето на лажната сабота (неделата) сообразно со земните закони, но спротивно со четвртата Божја заповед, ќе претставува јавно признавање на поданичката покорност на онаа сила која се спротивставувала на Бога – празнувањето на вистинската сабота, во сообразност со Божјиот закон, претставува очигледен доказ на верност кон Творецот. Додека едните, прифаќајќи го овој знак на потчинетост кон земните власти, го примаат белегот на ѕверот – другите, избирајќи го знакот на верност на божествениот авторитет, го примаат Божјиот печат.“
Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
и
а) „Повеќе треба да Му се покоруваме отколку на луѓето“ (Дела на апостолите 5:29).
б) „Врзи го свидетелството и запечати го пред своите ученици“ (Исаија 8:16).
в) „Кој не е Мене е“ (Матеј 12:30).
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. празниците нивни; закони. (Даниел 7:25)
- 2. Отпаѓање и ќе се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта. (2. Солунјаните 2:3)
- 3. Преку обид да го промени Божјиот закон (конкретно четвртата заповед за саботата). Бидејќи законот е откровение на Божјиот карактер, менувањето на законот значи издигнување над Бога.
- 4. Католичката црква (папството).
- 5. Потекнува од времето на Нимрод (обожавање на сонцето); во христијанската црква постепено воведена, со закон на Константин во 321 г., а официјално на Лаодикискиот собор (околу 336 г.).
- 6. а) на Бога; б) откровението (законот); в) со Мене, против.
- 7. Дали ќе му бидат верни на Бога и ќе го примат Неговиот печат (празнувајќи ја вистинската сабота) или ќе се потчинат на човечкиот авторитет и ќе го примат белегот на ѕверот (празнувајќи недела).
