Непроменлив споменик
Непроменлив споменик
Истражете ја саботата како спомен на Божјото создавање.

Вовед
Во минатата лекција учевме за денот што Бог, во Својата љубов, го одредил за одмор на човекот. Тој ден е сабота — време што Творецот на небото и земјата го наменил за размислување за Неговата милост, Неговите чудесни дела и Неговата спасоносна сила. Саботата е дадена од милост, за луѓето да не заборават на Бога. Поради својата човечка природа, наклонета кон борба за минливите интереси на овој живот, ние би работеле сите седум дена во седмицата. Оној што нѐ создал, уште од самиот почеток видел дека ни е потребен еден ден во седмицата, посебно за да размислуваме за Него како Творец. Тој, по сѐ што создал, се одморил во седмиот ден од сите Свои дела.
„А во седмиот ден си отпочина; заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети“
— Излез 20:11Да имаме на ум дека саботата е знак на Божјата сила — и во создавањето и во откупувањето. Размислувањето за создавачката сила на Христос ја обновува духовната сила и нѐ охрабрува во верата. Додека така ги набљудуваме Божјите дела во создавањето, стекнуваме храброст и нова надеж, со сознанието дека истата создавачка сила и нам ни е на располагање — само ако сме подготвени да ја прифатиме. Таа сила може да нѐ препороди и обнови во Исуса Христа и да ни овозможи победа над секој грев. Саботата е дадена со цел да му донесе на човекот спасоносно сознание за Бога. Во оваа лекција ќе научиме уште повеќе за библиската сабота.
ГОСПОДОВ ДЕН
Кој ден Библијата го нарекува ден Господов?
„Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден, и ако ја нарекуваш саботата радост, свет ден Господов…“
— Исаија 58:13„Па така, Синот Човечки е господар и на саботата“
— Марко 2:28Кој ден во седмицата е саботата?
„А седмиот ден е сабота, ден за одмор, посветен на Господ“
— Излез 31:15ХРИСТОС И САБОТАТА
Каков бил Христовиот обичај во поглед на почитувањето на саботата?
„И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па стана да чита“
— Лука 4:16Дали Христос, во поуките дадени за иднината, го признава значењето на саботата и по Своето вознесение?
„Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме или во сабота“
— Матеј 24:20Христијаните не бегале од Ерусалим сѐ до месец октомври 66 година по Христа, три и пол години пред разорувањето на градот. Ова е еден од непобитните докази дека саботата, и по Христовото воскресение, сѐ уште била почитувана како свет ден.
Дали Христовите следбеници продолжуваат да ја празнуваат саботата како свет ден и по Неговата смрт?
„А потоа се вратија, приготвија мириси и миро, а во саботата одмараа според заповедта“
— Лука 23:56 (законот на кој што овде се упатува се наоѓа во Излез 20:8-11)АПОСТОЛ ПАВЛЕ И САБОТАТА
Во кој ден Павле и Варнава проповедале во Антиохија?
„А тие тргнаа од Пергија и пристигнаа во Антиохија Писидиска. Тука во сабота влегоа во синагогата и седнаа“
— Дела на апостолите 13:14Кога се одржувани богослуженијата во Филипи?
„А во саботата излеговме надвор од градот покрај една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени“
— Дела на апостолите 16:13Како Павле, што се однесува до саботата, го следел Христовиот пример?
„Дојдоа во Солун, каде што имаше јудејска синагога. Павле, по својот обичај, влезе кај Јудејците и три саботи по ред им зборуваше од Писмото“
— Дела на апостолите 17:1,2Од овие стихови јасно може да се види дека Павле, според воспоставената практика, редовно присуствувал на верските состаноци во сабота и ја проповедал Божјата реч.
Како апостол Павле ги поминувал работните денови додека се наоѓал во Коринт, а што правел во сабота?
„И бидејќи го имаше истиот занает, остана кај нив и работеше. А занаетот им беше да прават шатори. И секоја сабота тој зборуваше во синагогата и ги убедуваше Јудејците и Елините“
— Дела на апостолите 18:3,4Шест дена Павле вредно го работел својот занает, изработувајќи шатори. Но во сабота редовно го проповедал Евангелието во синагогата, и библискиот запис за тоа вели: „ги убедуваше Јудејците и Елините.“
САБОТАТА НА НОВАТА ЗЕМЈА
Во кој ден откупените ќе се собираат на новата земја да се поклонат на Господа?
„Зашто, како што новото небо и новата земја, кои Јас ќе ги создадам, ќе бидат секогаш пред лицето Мое, вели Господ, така ќе постои и потомството ваше и името ваше. Тогаш од месец на месец, и од сабота во сабота ќе доаѓа секоја плот пред лицето Мое на поклонение, вели Господ“
— Исаија 66:22,23„Во почетокот, по создавањето, Отецот и Синот се одморале во саботата. Кога ‘се довршија небото и земјата и сето нивно воинство’ (Создавање 2:1), Творецот и сите небесни суштества се радувале додека ја набљудувале таа величествена сцена. Тогаш ‘пееја заедно утринските ѕвезди и сите Божји синови извикуваа од радост’ (Јов 38:7). Сега Христос се одморал по извршеното дело на откупот, и иако владеела тага меѓу оние што Го сакале на земјата, на небото владеела радост. Славно било ветувањето за иднината во очите на небесните суштества. Обновеното создавање, откупениот човечки род, кој го победил гревот и веќе никогаш нема да може да падне, тоа јасно го виделе Бог и ангелите како плод на Христовото завршено дело. Со тие настани засекогаш е поврзан денот во кој Исус починал. Зашто ‘Неговото дело е совршено’ и ‘сѐ што твори Бог, тоа останува довека’ (Второзаконие 32:4; Проповедник 3:14). ‘Кога ќе биде обновено сѐ, за кое Бог навестуваше од дамнина преку устата на сите Свои свети пророци’ (Дела на апостолите 3:21), саботата на создавањето — денот во кој Исус почивал во Јосифовиот гроб — сѐ уште ќе биде ден за одмор и радост. Небото и земјата ќе се обединат во славењето ‘од сабота во сабота’ (Исаија 66:23), а мноштвото спасени радосно ќе Му се поклонуваат на Бога и на Јагнето.“
„Како што саботата била знак по кој Израелците можеле да се препознаат како особен народ кога излегле од Египет за да влезат во Хананската земја, така и денес е знак по кој можат да се препознаат припадниците на Божјиот народ кои го напуштаат овој свет за да влезат во небесниот мир. Празнувањето на саботата е од Бога одреден начин да се сочува знаењето за Него и да се истакне разликата меѓу Неговите верни поданици и престапниците на Неговиот закон.
На сите што ја прифаќаат саботата како знак на Христовата творечка и откупувачка сила, таа ќе им биде радост и милина. Гледајќи Го во неа самиот Христос, тие се радуваат и уживаат во Него. Во делата на создавањето, на кои саботата постојано ги потсетува, тие гледаат очигледни докази за Неговата сила и моќ да ги откупи и спаси изгубените. Додека, враќајќи се назад во мислите, таа ги потсетува на изгубениот мир во Едем, но истовремено зборува и за мирот повторно воспоставен преку Спасителот. Секој предмет во природата во сабота го повторува Неговиот повик: ‘Дојдете кај Мене сите изморени и обременети, и Јас ќе ве успокојам’ (Матеј 11:28).
Саботата е златна алка која го поврзува Бога и Неговиот народ. Таа ги упатува нашите мисли кон природата и нѐ доведува во поблиска врска со Творецот. Во песната на птиците, во шумолењето на дрвјата и во музиката на морето сѐ уште можеме да го слушнеме гласот на Оној кој разговарал со Адам во Едем на зајдисонце. И додека така ја набљудуваме Неговата сила во природата, наоѓаме вистинска утеха, бидејќи Речта која создала сѐ што постои е истата што го враќа животот на душата.
Бог на човекот му дал шест дена за работа, но во денот што го посветил и одредил за одмор, Тој бара човекот да биде ослободен од сите световни работи. Одделувајќи ја саботата од останатите денови, Бог на светот му оставил еден споменик. Тој не го издвоил кој било ден меѓу седумте, туку особено нагласил дека тоа е седмиот ден. Празнувајќи ја саботата, ние покажуваме дека Го признаваме Него како жив Бог, Творец на небото и земјата.
Нека саботата ви биде најрадосниот и најблагословениот ден во целата седмица.“
Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
Можете ли јасно да ја согледате важноста на признавањето и верувањето во Божјото дело на создавањето?
Дали согледувате дека Денот Господов и саботата се едно исто?
Дали верувате дека саботата што ја држеле Христос и апостолите е истиот ден кој христијаните треба да го празнуваат и денес?
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. Затоа што истата создавачка сила ни е на располагање да нѐ препороди, обнови во Христа и да ни даде победа над гревот. Таа ја обновува нашата духовна сила и нѐ охрабрува во верата.
- 2. саботата; свет ден Господов (или радост, свет ден Господов). (Марко 2:28; Исаија 58:13)
- 3. Седмиот ден. (Излез 31:15)
- 4. а) Т (Точно); б) Н (Неточно — нема библиски запис за тоа); в) Т (Точно); г) Т (Точно).
- 5. За да не го заборави Бога; за да размислува за Неговата милост и дела; за духовна и физичка обнова; за да дојде во поблиска заедница со Творецот. Саботата е дадена од милост за доброто на човекот.
- Прашања за размислување: (Лични одговори) — Саботата е спомен на создавањето и откупувањето; Денот Господов е саботата според Исаија 58:13 и Марко 2:28; Христос и апостолите ја празнувале седмиот ден — сабота, и таа останува непроменета како Божји свет ден.
