Молитва – одржување врска со небото

← Ризница на ЕвангелиетоЛЕКЦИЈА 10 ОД 30

Молитва – одржување врска со небото

Проучете ја молитвата како лична врска со Бога.

Лекција 10 — Молитва – одржување врска со небото

Вовед

Во двете претходни лекции научивме како да дојдеме во лична врска со Христос; сега мораме да научиме како да ја одржиме таа врска. Како што двајца млади, кога ќе направат веридба, постојано во мислите се сосредоточени еден на друг и желно ја очекуваат секоја можност да поразговараат и да бидат заедно, така е и со новиот „следбеник на Исуса Христа“. Кога во Него сме пронашле пријател поверен и од братот и Оној чија љубов ја надминува љубовта на жената, ќе бараме секоја можност да бидеме со Него како со својот постар Брат. Ако што било во животот се обиде да ја прекине таа врска, веднаш ќе го забележиме тоа, како што би го забележале прекинот на телефонската врска. Молитвата е дишење на душата и храна за нашиот духовен живот.

Без молитва нема духовен живот и сè што би се испречило и го прекинало, мора да биде отстрането за врската повторно да се воспостави. Знаеме дека гревовите нè одделуваат од Бога и знаеме за ветувањето од Првото послание на Јован 1:9 дека простувањето, преку вистинското признавање, повторно го отвора патот за таа прекрасна врска. Христијанинот кој ја нема таа сила или кој не се моли (различни изрази за ист поим) сличен е на трамвајот кога ќе ја изгуби врската со електричниот вод. Ништо не е во ред додека врската со изворот на енергијата не се воспостави. Така и на христијанинот постојано му е потребна духовна енергија за да се спротивстави на гревот и искушението и да ги победи наследените и стекнатите склоности кон злото. Нему му е потребна сила за да го сочува своето срце чисто и неговите мисли да останат чисти. Потребна му е сила за да го чува влезот на својата душа.

Во оваа лекција ќе се запознаеме со упатството кое Библијата ни го дава за молитвата, за да не направиме грешка и за да искористиме сè што небото ни нуди. „Молитвата е отворање на срцето на Бога како на пријател.“

КАКО ДА СЕ МОЛИМЕ

Што нашле за потреба учениците кога го слушале нивниот Учител како се моли и кога Неговата молитва ја споредиле со својата?

„Еднаш беше Тој на едно место и се молеше. Кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: ‘Господи, научи нè да се молиме, како што ги научи Јован учениците свои’“

— Лука 11:1

На Кого, според примерот што Исус ни го даде, треба да ги упатуваме своите молитви?

„А Тој им рече: ‘Кога се молите, говорете: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштеваме на секој наш должник; и не воведувај нè во искушение’“

— Лука 11:2-4

Што вели Исус за ставот на Отецот кон Неговите деца кога Му се обраќаат во своите молитви?

„Па така, значи, ако вие, кои сте лоши, умеете да им давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат?“

— Лука 11:13

„Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур – како волна ќе станат бели“

— Исаија 1:18

Кога се обраќаме до Отецот во молитва, во чие име мораме да дојдеме?

„И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го исполнам, за да се прослави Отецот во Синот“

— Јован 14:13

Дали постои некое ограничување за нашите молитви и молби?

„А Исус им рече: ‘Заради вашето безверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа планина: Премести се одовде таму! И таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно’“

— Матеј 17:20

Што треба да ги прати нашите молитви? Кој нема да прими ништо?

„Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, прилега на морски бран, кого ветрот го издига и растура“

— Јаков 1:6

Човекот кој е непостојан или кој се сомнева нема да прими ништо.

ОДГОВОР НА МОЛИТВАТА

Зошто некогаш добиваме негативен одговор на нашите молитви?

„Да мислев беззаконие во срцето мое, Господ немаше да ме услиши“

— Псалм 66:18

„Просите, а не добивате, зашто зло барате, за да го трошите во вашите похоти“

— Јаков 4:3

Што им е ветено на верниците кои ќе се соединат во молитвата?

„Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец небесен“

— Матеј 18:19

Кога Христос во молитвата бараше нешто големо, на кого им дозволи да бидат присутни и што бараа присутните неверници?

„А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, откако ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето“

— Марко 5:40

Што ѝ помогнало на долгогодишната болна жена да биде исцелена?

„А Тој и рече: ‘Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си во мир’“

— Лука 8:48

Да се молиш, а да не веруваш, исто е како да ја отвориш славината за вода во својот стан, а претходно да го затвориш вентилот на главната водоводна цевка.

Што треба да ја следи молитвата во исклучително важни случаи?

„И го свртев лицето свое кон Господ Бог со молитва и со молба, во пост“

— Даниел 9:3

Што е запишано во Библијата за молитвата на Илија?

„Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот. Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци“

— Јаков 5:16,17

Кој совет го дава апостол Јаков за тажните и болните?

„А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога… Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат“

— Јаков 5:13-15

На каква потчинетост можеме да се научиме од личната Христова молитва?

„Оддалечувајќи се малку, падна ничкум; се молеше и говореше: ‘Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; сепак, нека биде не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти’“

— Матеј 26:39

Дали примерот на апостол Павле, забележан во Новиот Завет, нè наведува на помислата дека можеме да стоиме, седиме или да клечиме на едно колено кога се молиме?

„Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос“

— Ефесјаните 3:14

„И кога се молиш, не биди како лицемерите, кои сакаат да стојат по синагогите и крстопатите за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам, тие веќе си ја добиле својата награда. Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Тој, Кој гледа тајно, ќе те награди (јавно)“

— Матеј 6:5,6

ПОСТОЈАНА ВРСКА СО НЕБОТО

Кој ќе ја насочува молитвата на верниот христијанин?

„Исто така и Духот нè поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување“

— Римјаните 8:26

Дали ќе бидеме услишени само затоа што во молитвата говориме многу?

„Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени“

— Матеј 6:7

Како и кај телефонскиот разговор, што мора да правиме додека се молиме?

„Ќе застанам на стража, ќе се качам на кулата за да набљудувам за да разберам, што ќе ми каже Тој, и што ќе ми одговори на моите поплаки“

— Авакум 2:1

Кога треба христијанинот да се моли?

„Со секаква молитва и молба во секоја пригода молете се во духот. Затоа бидете постојано будни со сета истрајност и молитва за сите светии“

— Ефесјаните 6:18

„Молете се постојано!“

— 1. Солунјаните 5:18

„Зошто Божјите синови и ќерки би се двоумеле да се молат, кога молитвата е клуч во рацете на верата кој ги отвора небесните ризници во кои се чуваат неограничени резерви на Семоќниот“

— Патот кон Христа, 94

„Не треба секогаш да клекнеме на колена за да се помолиме. Негувајте навика да разговарате со Спасителот кога сте сами, кога шетате и кога сте зафатени со секојдневните работи. Нека вашето срце се издигне во безгласна молба за помош, светлина, сила и знаење. Секој ваш здив нека биде молитва“

— Здравје и среќа, 510

„Нашиот небесен Татко чека да го излее врз нас изобилството на Свои благослови. Наша предност е што можеме обилно да пиеме од изворот на бескрајната љубов. Зарем не е тогаш чудно што толку малку се молиме“

— Патот кон Христа, 94

Проверете го наученото

Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.

  • а) Исус
  • б) нашиот небесен Отец
  • в) Марија, мајката на Исус
  • г) светците
  • а) е заинтересиран за нас повеќе отколку нашите земни родители.
  • б) бара постојано да се молиме.
  • в) ќе ги исполни нашите молитви само во посебни случаи.

(Може да има повеќе точни одговори)

  • а) сѐ што ќе посакаме.
  • б) сѐ што ни е навистина потребно.
  • в) сѐ што можеме да побараме во Исусово име.

(Може да има повеќе точни одговори)

  • а) не се упатени во вера.
  • б) на молитва доаѓаме пречесто.
  • в) сме во искушение и грешиме.
  • г) во своето срце негуваме грев.

(Може да има повеќе точни одговори)

  • а) не се молиме доволно често.
  • б) негуваме неправда во срцето.
  • в) се сомневаме дека Бог може и сака да го направи она за што се молиме.

(Може да има повеќе точни одговори)

  • а) да се молиме сами на Господа.
  • б) на молитва да се собираме во што е можно поголем број.
  • в) да има неколку верници здружени во молитва.
  • а) со некоја посебна жртва или дар.
  • б) со пост.
  • в) со вера.

(Може да има повеќе точни одговори)

  • а) Исус.
  • б) Отецот.
  • в) Светиот Дух.
  • а) стоел.
  • б) седел.
  • в) клечел на едно колено.
  • г) клечел на двете колена.
  • а) да одиме во црква.
  • б) да ги собереме своите пријатели.
  • в) да бидеме сами и да ја затвориме вратата зад себе.
Покажи ги точните одговори ✧ РЕШЕНИЈА ✧
  • 1. б) нашиот небесен Отец. (Лука 11:2 – „Оче наш“)
  • 2. а) е заинтересиран за нас повеќе отколку нашите земни родители (Лука 11:13); б) бара постојано да се молиме (1. Солунјаните 5:18).
  • 3. б) сѐ што ни е навистина потребно; в) сѐ што можеме да побараме во Исусово име (Јован 14:13).
  • 4. а) не се упатени во вера (Јаков 1:6); г) во своето срце негуваме грев (Псалм 66:18).
  • 5. б) негуваме неправда во срцето (Псалм 66:18); в) се сомневаме дека Бог може и сака да го направи она за што се молиме (Јаков 1:6,7).
  • 6. в) да има неколку верници здружени во молитва (Матеј 18:19).
  • 7. б) со пост (во исклучително важни случаи – Даниел 9:3); в) со вера (Јаков 1:6).
  • 8. в) Светиот Дух. (Римјаните 8:26)
  • 9. г) клечел на двете колена. („ги преклонувам колената свои“ – Ефесјаните 3:14)
  • 10. в) да бидеме сами и да ја затвориме вратата зад себе. (Матеј 6:6 – лична, тајна молитва)