Два завета

← Ризница на ЕвангелиетоЛЕКЦИЈА 11 ОД 30

Два завета

Истражете што учи Библијата за стариот и новиот завет.

Лекција 11 — Два завета

Вовед

Да се има договор со Бога — можете ли да си замислите таква предност? Таква можност во Божјиот план му се нуди на секого од нас. Вие знаете дека договорот претставува утврдена спогодба помеѓу договорните страни да го исполнат она за што се договориле, под одредени услови. За таквиот договор со Бога, Библијата зборува како за „завет“, а неговите законски формалности се разликуваат од оние што постојат во договорите направени помеѓу луѓето.

Во оваа лекција ќе учиме за заветот кој Бог го направил со Аврам, како и за заветот направен со синовите Израелови на Синајската Гора. Апостол Павле зборува за „новиот завет“, за Црквата во новозаветниот период, и важно е да се запознаеме со тоа. Во врска со оваа лекција, читајте ги и добро проучете ги осмото, деветтото и десеттото поглавје од Посланието до Евреите, каде што Павле ги објаснува заветите. Двете светилишта (земното и небесното), кои се спомнуваат во овие поглавја, исто така ќе бидат предмет на проучување во некои од следните лекции од нашиот курс.

СТАРИОТ ЗАВЕТ

Кој пример го имаме во Библијата за договор (завет) меѓу Бога и човекот, кој формално бил потврден? Што бил предмет на спогодбата?

„Во тој ден Господ направи завет со Аврам, велејќи: ‘На потомството твое му ја давам оваа земја’“

— Создавање 15:18 (прочитајте го целиот запис за овој настан во стиховите 8-18)

Како овој завет станал правосилен?

„А кога сонцето зајде и падна мрак, ете, дим како од печка и огнен пламен, помина меѓу оние делови“

— Создавање 15:17

Старото обичајно право барало, наместо денешното „потпишување“, договорените странки да поминат меѓу разделените делови на жртвуваните животни. Ова значело дека ќе ги снајде истата судбина како и тие животни, ако не ја извршат преземената обврска.

Што му открил Господ на Аврам во поглед на неговото семејство и каков требало да биде крајниот исход од сето тоа?

„И Господ му рече на Аврам: ‘Знај дека потомците твои ќе бидат придојдени во туѓа земја, ќе робуваат и ќе ги мачат четиристотини години. Но јас ќе го судам народот кај кого тие ќе бидат во ропство; потоа тие ќе излезат оттаму со големо богатство’“

— Создавање 15:13,14

Какво било искуството на Аврамовите потомци по нивното ослободување од Египет со силата на Божјата рака?

„И слезе Ти на гората Синај и говореше со нив од небото, им даде праведен суд, вистински закони, наредби и добри заповеди“

— Неемија 9:13

Кој сѐ се согласил со условите и обврските на заветот направен на Синај?

„И сиот народ одговори еднодушно и рече: ‘Сè што рекол Господ ќе направиме.’ Тогаш Мојсеј Му ги соопшти на Господ зборовите на народот“

— Излез 19:8

РАТИФИКАЦИЈА (ПОТВРДУВАЊЕ) НА СТАРИОТ ЗАВЕТ

Како и со што бил потврден овој завет?

„Потоа Мојсеј зеде половина од крвта и ја налеа во чаша, а другата половина од крвта ја изли на жртвеникот… Тогаш Мојсеј ја зеде крвта, и го попрска со неа народот, велејќи: ‘Ова е крвта на заветот, кој го воспостави Господ со вас за сите овие зборови’“

— Излез 24:6,8

Што му рекол Мојсеј на народот за употребената крв при ратификувањето на заветот? Каква важност и значење имало тоа?

„Велејќи: ‘Ова е крвта на заветот што ви го одреди Бог… и без пролевање крв нема проштевање’“

— Евреите 9:20,22

НОВИОТ ЗАВЕТ

Што треба да се направи со Божјиот закон во Новиот завет? Кој, според Божјото слово, треба да го направи тоа?

„Но овој е заветот што ќе му го дадам на домот Израелов во оние дни, вели Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ“

— Евреите 8:10 (прочитајте ги и пророштвата: Еремија 31:33; Езекиел 36:26,27)

Како и со што бил потврден овој завет?

„Ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп“

— Евреите 9:12

Во кое ветување, дадено набргу по падот на човекот, за прв пат се открива постоењето на овој завет?

„И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Тој ќе ти ја смачкува главата, а ти ќе го каснуваш во петата“

— Создавање 3:15

ПРЕДНОСТА НА НОВИОТ ЗАВЕТ

Која причина ја наведува апостол Павле за да го поткрепи своето тврдење дека Новиот завет е „подобар“ од Стариот?

„А сега Тој доби толку подобра служба, и стана посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања“

— Евреите 8:6

Чие ветување се наоѓа во зборовите на Новиот завет?

„Но, укорувајќи ги, вели: ‘Ете идат денови, вели Господ, и со домот Израелов и со домот Јудин ќе склучам нов завет’“

— Евреите 8:8

Што, според Христовите зборови, е неизбежен услов за вечен живот?

„А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите“

— Матеј 19:17

Бидејќи условите на Новиот завет било невозможно да се исполнат, во што човекот наоѓал единствена надеж за спасение?

„Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израелов по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон внатре во нив, и ќе го напишам во срцата нивни, па Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ“

— Еремија 31:33

Која е една од битните карактеристики на оние што сакаат да стекнат право на учество во благословите на небото?

„Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите“

— Откровение 22:14

Бог дал ветување дека во Новиот завет Своите закони ќе ги вметне во нашите срца и мисли, за да можеме спонтано да ги извршуваме и тоа да стане составен дел на нашата природа и карактер.

Бидејќи, според Стариот завет, не постоела никаква можност за спасение со помош на дела, каде и во што се наоѓа надежта за целиот човечки род?

„Тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог. Затоа е Тој посредник на новиот завет, та по Неговата смрт, што стана за откуп на престапите од времето на првиот завет, призваните да го добијат ветеното вечно наследство“

— Евреите 9:14,15

ЗАКЛУЧОК

Божјиот закон не претставува завет сам по себе, туку тој е суштински предмет и услов и на Стариот и на Новиот завет. И во двата завета договорените остануваат исти — Бог и Неговиот народ. Кога Божјиот закон беше објавен од Синај како услов на заветот, Израеловите синови ветија дека ќе го држат законот со сопствена сила. Сепак, во рок од само шест седмици тие го прекршија овој услов, со што заветот беше раскинат. Во Новиот завет Бог ветува дека ќе го втисне Својот закон во срцето на луѓето, овозможувајќи им послушност без потреба да се потпираат на сопствените заслуги за спасение. Важно е да се има предвид дека Новиот завет постои уште од самиот почеток – од времето кога на Адам и Ева во рајската градина им беше најавен Спасителот (Создавање 3:15). Тој се нарекува „Нов завет“ затоа што беше ратификуван (потврден) со Христовата смрт на Голгота — односно по заветот направен и ратификуван на Синај, кој се нарекува „Стар“. Верните луѓе низ сите векови, иако живееле во времето на Стариот завет, ја добивале победата преку вера во ветувањата на Новиот завет. И денес, многумина кои се обидуваат со сопствени сили да постигнат „сопствена праведност“ (Римјаните 10:3), се ставаат под осуда на Стариот завет. Нашата единствена надеж лежи во Христовата милост, која ни овозможува да ги исполниме сите услови.

„Условите на стариот завет биле јасни: ‘Слушај и живеј!’ ‘Им ги дадов Моите заповеди и им ги објавив Моите наредби, преку кои човекот, откако ќе ги изврши, ќе биде жив’ (Езекиел 20:11; Левитска 18:5). ‘Проклет да е секој, кој не ќе ги исполни сите наредби од овој закон и не ќе постапи според нив’ (Второзаконие 27:26). ‘Новиот завет’, пак, е заснован на подобри ветувања, на ветување за проштавање на гревовите и за божествена милост, која има моќ да го прероди срцето и да го доведе во хармонија со начелата на Божјиот закон. ‘Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израелов по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон внатре во нив, и ќе го напишам во срцата нивни… ќе им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веќе да се сеќавам’“ (Еремија 31:33,34).

Истиот закон, кој бил напишан на камени плочи, Светиот Дух ги втиснал на плочите на срцето. Наместо празното настојување да „утврдиме“ некоја своја правда, треба да ја прифатиме Христовата правда. Неговата крв е измирување за нашите гревови. Неговата послушност ни се припишува нам.“

— Патријарси и пророци, 372

Проверете го наученото

Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.

  • а) Стариот завет
  • б) Новиот завет
  • а) на небото
  • б) во Едемската градина
  • в) на крстот
  • г) на Синај
  • а) со крвта на жртвуваните животни
  • б) со Христовата крв
  • а) Бог ветил дека ќе го стави Својот закон во срцето на луѓето.
  • б) Народот ветил дека ќе го исполнува законот со своја сила.
  • а) светилиште
  • б) посредник
  • в) крв
  • г) жртвување на животни

Одговори на следните прашања:

Покажи ги точните одговори ✧ РЕШЕНИЈА ✧
  • 1. б) Новиот завет.
  • 2. г) на Синај.
  • 3. б) со Христовата крв.
  • 4. б) Народот ветил дека ќе го исполнува законот со своја сила. (Излез 19:8)
  • 5. в) крв. (Евреите 9:22 – „без пролевање крв нема проштевање“)
  • 6. Во тоа што се потпирал на човечкото ветување („сè што рекол Господ ќе направиме“), а народот не бил способен со сопствена сила да го исполни законот. Заветот бил раскинат поради човечката слабост.
  • 7. Под Стариот завет (или под неговите принципи).
  • 8. Да ги исполнуваме Божјите заповеди (преку силата што ја дава Новиот завет). (Откровение 22:14)
  • 9. Дека неговите потомци ќе бидат придојденци во туѓа земја, ќе робуваат и ќе бидат мачени 400 години, но потоа ќе излезат со големо богатство. (Создавање 15:13,14)
  • 10. Бог го судел народот кај кого тие биле во ропство (Египет), и Израелците излегле од Египет со големо богатство. (Создавање 15:14; Излез 12:35,36)