10 мај — Големата неволја наскоро ќе дојде

Мараната — Господ доаѓа

Големата неволја наскоро ќе дојде

10 мај

„Мислам дека нас апостолите Бог нѐ прикажа најпоследни, како осудени на смрт, бидејќи станавме глетка за светот – на ангелите и на луѓето.“ (1 Коринтјаните 4:9) {МАР 138.1}

„Светот е театар. Неговите жители се актери кои се подготвуваат да ја одиграат својата улога во последната голема драма. Кај повеќето луѓе нема никакво единство, освен кога ќе се здружат заради некоја себична цел. Бог го посматра тоа. Ќе се оствари тоа што Тој го наменил во поглед на Своите бунтовнички поданици. Светот не е потполно препуштен во човечки раце, иако Бог допушта за одредено време да завладеат елементи на збрка и неред. Пеколните сили работат на тоа да ги забрзаат последните големи сцени во таа драма – доаѓањето на сатаната како Христос и неговата работа со секоја измама на неправедноста во тие што се поврзуваат во тајни друштва. Тие што се оддаваат на страсти со стапувањето во сојузи ги остваруваат плановите на непријателот. По причината ќе дојдат последиците. {МАР 138.2}

Престапот речиси ја достигнал својата крајна граница. Светот е исполнет со збрка и голем ужас наскоро ќе наиде на човечките суштества. Крајот е мошне близу. Ние што ја знаеме вистината треба да се подготвуваме за тоа што наскоро ќе наиде на светот како вчудовидувачко изненадување. … {МАР 138.3}

Дали ние како народ спиеме? О, кога младите мажи и жени во нашите институции кои денес се неподготвени да го дочекаат Господа, непогодни да станат членови на Господовото семејство, би можеле да ги распознаат знаците на времето, каква промена би се видела на нив! Господ Исус повикува самопожртвувани работници, за да појдат по Неговите стапки, да живеат и работат за Него, да го земат својот крст и да појдат каде што Тој ги води. {МАР 138.4}

Мнозина се задоволуваат со приложување на незначајна служба за Господа. Нивното христијанство е слабо. Христос се дал Себеси за грешниците. Со какво само неспокојство за спасение на душите треба да бидеме исполнети кога ги гледаме човечките суштества како пропаѓаат во гревот! Тие души се купени со неизмерно голема цена. Смртта на Божјиот Син на Голгота е мерило за нивната вредност. Тие секој ден се одлучуваат или за вечен живот или за вечна смрт.“ (Сведоштва за црквата, том 8, стр. 27–29) {МАР 138.5}