25 јули — Сите народи го следат американското водство

Мараната — Господ доаѓа

Сите народи го следат американското водство

25 јули

„Затоа, кога го чуја звукот од трубата, од свирката, од харфата и од другите свирки, паднаа на колена сите народи, племиња и јазици и му се поклонија на златниот идол што го беше поставил царот Навуходоносор.“ (Даниел 3:7) {МАР 214.1}

„Историјата ќе се повтори. Лажната религија ќе биде издигната. Првиот ден од седмицата, обичен работен ден што никогаш не бил посветен, ќе биде издигнат како некогашниот вавилонски лик. На сите народи, јазици и племиња ќе им биде заповедано да ѝ се поклонуваат на оваа лажна сабота. Ова е планот на сатаната за да го омаловажи денот што самиот Бог го прогласил за свет и му го оставил на светот како спомен на создавањето. {МАР 214.2}

Прогласот за принудно празнување на овој ден ќе се прошири низ целиот свет.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 976) {МАР 214.3}

„Како што Америка, земјата на верската слобода, ќе се обединува со папството, вршејќи притисок на совеста и принудувајќи ги луѓето да го празнуваат лажниот ден за одмор, народите од сите земји на светот ќе бидат наведени да тргнат по нејзиниот пример.“ (Сведоштва за црквата, том 6, стр. 18) {МАР 214.4}

„Странските земји ќе се угледаат на примерот на Соединетите Држави. Иако Соединетите Држави први ќе ја започнат, истата криза ќе го зафати нашиот народ во сите делови на светот.“ (Сведоштва за црквата, том 6, стр. 395) {МАР 214.5}

„Народите ќе бидат потресени до својата срцевина. Ќе им биде ускратена поддршката на оние што го истакнуваат единственото Божјо мерило на праведноста, единствениот сигурен испит на карактерот. Сите што нема да сакаат да се покорат на одредбите на државните парламенти и на законите што ја издигаат саботата воспоставена од човекот на гревот за да го обезвредни Божјиот свет ден, ќе ја почувствуваат тиранската сила не само на самиот папа, туку и на протестантскиот свет, ликот на ѕверот.“ (Selected Messages, книга 2, стр. 380) {МАР 214.6}

„Во времето на неволјите кое му претстои на Божјиот народ ќе биде потребна непоколеблива вера. Неговите деца мораат да покажат дека Му служат единствено на Бога и дека ништо, дури ни животната опасност, не може да ги натера да направат и најмала отстапка кон идолопоклонство. За верното срце, заповедите на грешен, смртен човек стануваат безначајни во споредба со речта на вечниот Бог. Вистината ќе биде почитувана дури и последиците да бидат затвор, прогонство или смрт.“ (Пророци и цареви, стр. 512, 513) {МАР 214.7}