5 јануари — Главната мисла на Светото писмо

Мараната — Господ доаѓа

Главната мисла на Светото писмо

5 јануари

„Но јас знам: Заштитникот мој е жив; Тој го има последниот збор на оваа земја.“ (Јов 19:25) {МАР 13.1}

„Една од најсвечените и најславни вистини откриени во Библијата е вистината за второто Христово доаѓање, кога Тој ќе дојде да го доврши големото дело на откупувањето. Ветувањето за доаѓањето на Оној кој е ’воскресението и животот‘, Кој ’се грижи да не го отфрли од Себе и отфрлениот‘, на Божјиот патнички народ, кој мора толку долго да патува низ ’долината на смртната сенка‘, му дава славна и блажена надеж. Учењето за второто Христово доаѓање е главна наука на Светото писмо. Почнувајќи од денот кога првиот човечки пар со жално срце го напуштил Едем, децата на верата го чекале доаѓањето на Ветениот, Кој ќе ја скрши моќта на непријателот и повторно ќе ги врати во изгубениот рај. …

Енох, седмиот од Адам, кој живеел ’според волјата Божја триста години‘, ја имал таа чест оддалеку да го посматра доаѓањето на Ослободителот. ’Ете‘, рекол тој, ’доаѓа Господ со илјадници Свои свети ангели, за да изврши суд над сите‘ (Јуда 14,15). А патријархот Јов, во ноќта на своите маки извикал со непоколеблива сигурност: ’Но јас знам: Заштитникот мој е жив; Тој го има последниот збор на оваа земја. И кога ќе се распадне кожата моја, во телото мое ќе Го видам Бога. Јас сам ќе Го видам; моите очи, не очите на друг, ќе Го видат Него‘ (Јов 19:25-27).“ (Големата борба, стр. 299) {МАР 13.2}

„Милостивиот Бог нека го просветли вашиот разум за да го разберете она што има вечна вредност. Со светлината на вистината нека ви ги открие вашите многубројни недостатоци онакви какви што се, за да го вложите потребниот напор да ги отстраните и, наместо зли и горки плодови, да донесете драгоцен плод за вечен живот. {МАР 13.3}

Понизете ги пред Бога своите бедни, горди срца кои се сметаат за праведни; наведнете се длабоко пред Неговите нозе, скршени поради својата грешност. Посветете се на подготовката. Не мирувајте сè додека не можете да кажете: Мојот Откупител е жив, и затоа што Тој живее, и јас ќе живеам. {МАР 13.4}

Ако го изгубите небото, губите сè; ако го добиете небото, добивате сè. Ве молам, немојте да погрешите во ова. Тука станува збор за вечни интереси.“ (2. Сведоштво, стр. 88) {МАР 13.5}