11 јануари — Да го забрзаме враќањето на нашиот Господ

Мараната — Господ доаѓа
Да го забрзаме враќањето на нашиот Господ
11 јануари
„Зашто ќе го заврши делото и ќе реши по правда: ’Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата.‘“ (Римјаните 9:28) {МАР 19.1}
„Во пророштвото за уништувањето на Ерусалим Христос рекол: ’и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади. А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен. И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.‘ Тоа пророштво повторно ќе се исполни. Беззаконијата кои изобилувале во тоа време се повторуваат и во ова поколение. Така е и со пророштвото за проповедање на евангелието. Пред падот на Ерусалим, Павле, пишувајќи според вдахновението на Светиот Дух, објавил дека евангелието му е објавено ’на секое поднебесно создание‘. (Колосјаните 1:23) Така и денес, пред доаѓањето на Синот Човечки, вечното евангелие мора да се проповеда ’на секое племе и колено, јазик и народ‘. (Откровение 14:6, 14) Бог ’определи ден кога праведно ќе му суди на светот‘. (Дела 17:31) Христос ни кажува кога ќе дојде тој ден. Тој не рекол дека сиот свет ќе се обрати, туку дека ’И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.‘ Проповедајќи го евангелието по светот, ние сме во можност да го забрзаме доаѓањето на Господа. Ние не треба само да го очекуваме, туку и да го забрзаме доаѓањето на Божјиот ден. (2 Петрово 3:12) Кога Христовата црква би го извршила делото кое Господ ѝ го наменил, сиот свет би бил опоменат, а Господ Исус Христос веќе би дошол на нашата Земја со сила и голема слава.“ (Копнежот на вековите, стр. 633–634) {МАР 19.2}
„Неверувањето, световноста, непосветеноста и неслогата меѓу оние што тврдат дека се Господов народ нè задржуваат толку многу години во овој свет на грев и тага. … {МАР 19.3}
Поради нашата непокорност, можеби ќе треба да останеме уште многу години во овој свет, како што им се случило и на Израеловите деца. Но, заради Христос, Неговиот народ не треба да додава грев на грев обвинувајќи го Бога за последиците од својот погрешен начин на постапување.“ (Evangelism, стр. 696) {МАР 19.4}
