Совети за правилно воспитување на детето
Подготовка за училиште
Првите осум или десет години. – Децата не треба долго да се држат затворени во домот, ниту од нив да се бара напорно да учат, сѐ додека не биде поставен добар темел за нивниот физички развој. Во текот на првите осум или десет години од животот, најдобрата училница за детето се полето или градината, мајката најдобар учител, а природата најдобар учебник. Дури и кога детето ќе порасне доволно за да посетува училиште, неговото здравје мора да се смета за многу поважно од интелектуалното знаење. Треба да му се обезбедат најповолни услови за физички и ментален раст. {СД 300.1}
Обичај е децата многу млади да се пратат на училиште. Од нив се бара да учат од книги кои ги обременуваат нивните млади умови… Тоа не е мудро. Едно нервозно дете не треба да биде обременето во таа насока. {СД 300.2}
Програмата на детето за време на раното детство. – За време на првите шест или седум години од животот на детето, посебно внимание треба да биде попрво посветено на неговото физичко воспитување отколку на умот. По тој период, доколку физичката конституција е добра, на воспитувањето на двете нешта треба да се посвети внимание. Раното детство се протега до шестата или седмата година. До тој период децата треба да бидат оставени, како млади јагниња, да талкаат околу куќата и во полињата, весело потскокнувајќи и скокајќи, слободни од грижата и неволјите. {СД 300.3}
Родителите, а посебно мајките, треба да бидат единствени учители на таквите мали деца. Тие не треба да ги образуваат од книги. Децата воглавном треба да бидат желни за знаење на нештата од природата. Тие ќе поставуваат прашања во поглед на нештата кои ги гледаат и слушаат и родителите треба да ја искористат можноста да ги поучат и трпеливо им одговорат на тие мали прашања. На тој начин тие можат да се здобијат со предност над непријателот и да подигнат бедем околу умовите на своите деца преку сеење на добро семе во нивните срца, не оставајќи му простор на лошото да зафати корен. Тоа што на децата им е потребно во нивните нежни години за обликувањето на карактерот е љубовната инструкција на мајката. {СД 300.4}
Поуки за време на транзициониот период. – Мајката треба да биде учителот, а домот училиштето каде секое дете ќе ги прима своите први лекции; и во тие лекции треба да бидат вклучени навиките на работливост. Мајки, нека малечките си играат на отворен простор; нека ги слушаат песните на птиците и научат за љубовта Божја која е изразена во Неговите прекрасни дела. Поучувајте ги на едноставните поуки од книгата на природата и нештата околу нив; и како што нивните умови раснат, можат да се придадат поуки од книгите и цврсто да се врежат во меморијата. Но нека тие исто така научат, дури во своите најрани години, да бидат корисни. Учете ги да мислат на тоа, како членови на домаќинството, тие треба заинтересирано да помагаат во споделувањето на домашните бремиња, и да тежнеат кон здрава физичка активност во извршувањето на неопходните домашни обврски. {СД 301.1}
Тоа не треба да биде болен процес. – Таквото воспитување е од неискажлива вредност за детето и таквото воспитување не треба да биде болен процес. Тоа треба така да биде дадено за детето да може да најде задоволство учејќи да биде корисно. Мајките можат да ги забавуваат своите деца додека ги поучуваат да ги извршуваат малечките домашни должности со љубов. Тоа е Делото на мајката – трпеливо да ги поучува своите деца, заповед врз заповед, правило врз правило, малку тука и малку таму. И во вршењето на таа работа, мајката самата ќе се здобие со бесценетото воспитување и дисциплина. {СД 301.2}
Моралот загрозен од страна на училишното друштво. – Не ги праќајте своите малечки премногу рано на училиште. Мајката треба да биде многу внимателна како вообличувањето на умот на толку мало дете му го предава на друг. {СД 302.1}
Многу мајки мислат дека тие немаат време за да ги поучат своите деца, и за да се ослободат од нив, од нивната врева и бељи, тие ги испраќаат на училиште… {СД 302.2}
Не само што може да биде доведено во опасност физичкото и умственото здравје на децата со тоа што ќе се испратат на училиште на премногу млада возраст, но тие се губители и во морален поглед на нештата. Таму тие имаат можност да се запознаат со деца кои се невоспитани во своите манири. Тие се фрлени во друштвото на некултурните, на оние кои лажат, пцујат, крадат и мамат, и кои наоѓаат задоволство тоа знаење за пороците да го дадат на оние кои се помлади од нив. Младите деца, доколку бидат препуштени на себеси, попрво го учат лошото отколку доброто. Лошите навики најдобро се слагаат со телесното срце, и нештата кои тие ги слушаат и гледаат во раното детство и детството се длабоко врежуваат врз нивните умови; и лошите семиња кои се сеат во нивните млади срца ќе фатат корен и ќе станат остри трња кои ќе ги рануваат срцата на нивните родители. {СД 302.3}
