Совети за правилно воспитување на детето
Искреност и чесност
Искреноста да биде практикувана и поучувана. – Неопходно е чесноста да биде практикувана во сите детали на животот на мајката, и во воспитувањето на децата, младите девојки, како и момчињата, важно е да се поучуваат никогаш да не дволичат, ниту во најмало нешто да мамат. {СД 152.1}
Стандардот кој Бог го бара. – Бог бара луѓето во Неговата служба, под Неговото знаме, да бидат крајно искрени, беспрекорни по карактер, како нивните јазици не би изговориле ништо кое има најмал изглед на невистина… {СД 152.2}
Чесни мерки и мерила. – Чесен човек, според Христовото мерило, е оној кој ќе манифестира непопустлива чесност. Измамливи мерки и лажни мерила, со кои се настојува да се напредне интересот во светот, се одвратност во очите Божји. {СД 152.4}
Искрени со времето и парите. – Потребни се луѓе чијашто смисла за правда, дури и во најмалечките нешта, нема да им дозволи да прикажат изработено време кое не е точно и правилно – луѓе кои ќе сфатат дека ракуваат со средства кои му припаѓаат на Бога и кои нема неправедно да употребат ниту еден цент за сопствена употреба; луѓе кои ќе бидат верни и точни, грижливи и вредни во својата работа, во отсуство на својот работодавач како и во негово присуство, докажувајќи со својата верност дека тие не се луѓе кои сакаат само да им угодат на луѓето, служители на погледот, туку совесни, верни, вистински работници, чинејќи го она што е право, не само за човечка пофалба, туку затоа што тие сакаат и одбираат и се правилно поттикнати од високо чувство за својата обврска пред Бога. {СД 153.1}
Другите да мислат за него, токму тоа што тој е. – Во секоја деловна трансакција христијанинот ќе биде она што тој сака другите да мислат дека тој навистина е. Неговиот начин на постапување е воден од внатрешни начела. Тој не прави сплетки; и заради тоа тој нема што да сокрие, ништо да покрие. Тој може да биде критикуван, може да биде испробан, но неговата непопустлива чесност ќе светли како чисто злато. Тој е благослов за сите кои се поврзани со него, затоа што неговиот збор е достоен за доверба. Тој е човек кој нема да го искористи својот ближен. Тој е пријател и добротвор на сите, и неговите пријатели имаат доверба во неговиот совет… Вистински чесниот човек нема да ја искористи слабоста и неспособноста со цел да ја наполни својата торба. {СД 153.2}
Не дозволувајте застранување од строгата чесност. – Во секоја деловна трансакција бидете стриктно чесни. Колку и да сте искушувани, никогаш не мамете или зборувајте дволично дури ни најмалку. Понекогаш телесниот импулс може да донесе искушение да ве одврати од правиот пат на чесноста, но не застранувајте ниту за едно влакно. Доколку некогаш кажете дека нешто ќе правите и подоцна откриете дека тоа ќе биде во полза на другите а на ваша штета, ниту малку не отстапувајте од начелото. Извршете го она што сте се договориле. Настојувајќи да ги промените своите планови вие ќе покажете дека човек на вас не може да се потпре. И доколку се повлечете во една таква мала трансакција, вие би сте се повлекле и во поголема. Под такви околности некои се искушувани да измамат, велејќи, јас не бев разбран. Моите зборови беа разбрани поинаку отколку што јас замислував. Факт е, тие значат токму она што е кажано, но го изгубија добриот импулс, и тогаш сакаат да се повлечат од договорот, за да не бидат во загуба. Господ бара од нас да чиниме правда, да ја љубиме милоста, вистината и праведноста. {СД 154.1}
Одржувај стриктни начела. – Во сите детали од животот треба да бидат одржувани најстриктни начела на чесност… Одвојувањето од совршена правичност во една бизнис зделка може да изгледа како нешто малечко во проценката на некои, меѓутоа, нашиот Спасител тоа не го гледа така. Неговите зборови за тоа се јасни и точни: „Оној кој е верен во малку е верен исто така во многу”. Човек кој ќе го надитри својот ближен во малку, ќе измами и во многу доколку биде во такво искушение. Лажна репрезентација во нешто малечко е толку голема нечесност во Божјите очи како и лажноста во поголемо нешто. {СД 154.2}
Чесноста треба да биде печат на секоја постапка во нашите животи. Небесните ангели ја испитуваат работата која што е поставена во нашите раце; и тогаш кога постои одвојување од начелата на вистината, во записите стои „лесен“. {СД 154.3}
