Суштината на одморот
Адвентен дом
Божиќ
Погрешни сфаќања за одморот. – Има луѓе со болна фантазија за кои религијата е тиранин кој владее над нив со железна палка. Таквите постојано воздивнуваат поради измисленото зло. Во нивното срце нема љубов; нивното чело секогаш е намрштено. Се згрозуваат над секоја насмевка на младите или на било кој друг. Сметаат дека секој одмор или разонода претставува грев и мислат дека умот секогаш мора да се занимава со сериозни и длабоки мисли. Тоа е една крајност. Други мислат дека умот треба секогаш да биде во потрага по нови забави и разоноди за да се сочува здравјето. Тие се навикнуваат на постојано возбудување и не можат без него. Тоа не се вистински христијани. Тие одат во друга крајност. Вистинските христијански начела им пружаат на сите извор на среќа, чија висина и длабочина, ширина и должина не може да се измери. {АД 493.1}
Освежување на духот и јакнење на телото. – Предност и должност на христијаните е да настојуваат да го освежат својот дух и да го зајакнат своето тело со наивна разонода со цел своите телесни и умствени сили да ги употребат за слава на Бога. Нашата разонода не смее да биде слика на бесмислено уживање. Ние можеме да ја исполниме така што ќе биде од корист и за издигнување на оние со кои се дружиме, за да нѐ оспособи поуспешно да ги извршуваме должностите кои нѐ чекаат како христијани. {АД 493.2}
Покажано ми е дека христијаните кои ја почитуваат саботата како народ премногу работат, не дозволувајќи си на себе никакви промени или периоди на одмор. Разонодата им е потребна на оние кои работат физички, но уште попотребна им е на оние чијашто работа е претежно од умствена природа. Не е неопходно за наше спасение, ниту е за Божја слава, нашиот ум постојано и без одмор да е вработен, па дури ни со религиозни теми. {АД 494.1}
Околината на домот и училиштето е во тесна врска со рекреацијата. При изборот на домот или на местото на училиштето треба за ова да се размисли. Оние на кои менталното и физичкото добро им е поважно од парите или барањата и обичаите на друштвото би требало на своите деца да им обезбедат благослов на учење од природата и рекреација во природа. {АД 494.2}
Разонодата условува подобра работа. – Времето кое се поминува во физичко вежбање не е изгубено… Рамномерната активност на сите органи и на телесни способности го условуваат најдоброто дејствување на секој од нив. Ако мозокот постојано се напрегнува, додека останатите органи се невработени, се создава губиток на физичка и на умствена сила. Физичкиот систем го губи својот здрав изглед, умот ја губи својата свежина и сила, а последица е болната чувствителност. {АД 494.3}
Треба да се обрне внимание на редовни часови за спасување и работа. Ние мораме да имаме време за одмор, време за разонода, време за размислување… начелата на умереност имаат поголем опсег отколку што повеќето мислат. {АД 494.4}
На учениците им е потребно опуштање. – Оние кои учат треба да се опуштат. Умот не смее постојано да биде окупиран со размислување, затоа што чувствителната умствена машина се троши. Телото како и умот мора да имаат можност за вежбање. {АД 494.5}
Вниманието посветено на рекреација и на физичка култура понекогаш, нема сомнеж ќе го прекине редовниот тек на училишната работа; но тој прекин нема да се покаже како вистинска пречка. Со освежувањето на умот и телото, со јакнењето на несебичниот дух и поврзување на ученикот и наставникот со врски на заеднички интереси и пријателско дружење, потрошеното време и напор ќе бидат двојно надополнети. Така ќе се даде благословена оддишка на онаа немирна енергија кога многу често е извор на опасности за младите. Окупираноста на умот со она што е добро е многу повредна како заштита против злото, од многубројните законски дисциплински забрани. {АД 495.1}
Службениците мора да имаат време за одмор. – Видов дека има малку од оние кои ја сфаќаат постојаната, заморна работа на оние кои ја носат одговорноста на работа во канцеларија. Тие ден по ден, седмица по седмица, се зад затворена врата, а постојаниот напор на умствените моќи сигурно го поткопува нивниот организам и ја намалува неговата животна сила. Овие браќа се во опасност да доживеат ненадеен слом. Тие не се бесмртни и без промена тие ќе се истрошат и ќе станат изгубени за делото. {АД 495.2}
Имаме скапоцени дарови во браќата А, Б и Ц. Не смееме да дозволиме да го уништат своето здравје со затворање во четири ѕида и со постојана работа… {АД 495.3}
Тие ретко кога доживеале некоја промена, освен кога добивале температура или заболувале од некоја болест. Тие треба почесто да вршат промени, почесто да посветат цел ден одмор со своето семејство, кое речиси е целосно лишено од нивното друштво. Можеби сите не можат да ја напуштат работата во исто време, но треба да ја организираат својата работа така што еден или двајца ќе можат да отидат, оставајќи им на другите да ги пополнат нивните места, а потоа на другите да им дадат иста можност. {АД 495.4}
Видов дека овие браќа А, Б и Ц треба да ја сметаат за верска должност грижата за здравјето и силата која им ја дал Бог. Господ не бара од нив денес да станат маченици во Неговото дело. За оваа жртва тие нема да примат награда, затоа што Бог сака да живеат. Просветлениот ум ќе најде доволно можности да се забавува и опушти на начин кој нема да биде само наивен туку и корисен. Одморот на чист воздух, размислувањето за Божјите дела во природа ќе биде од најголема корист. {АД 496.1}
Додека тежнеме да го освежиме својот дух и да го зајакнеме своето тело, верувам дека Бог од нас бара во секое време да ги искористиме своите сили на најдобар начин. Можеме да се состануваме како што го правиме тоа денес, но сѐ треба да биде на Божја слава. Можеме и треба така да го поминуваме својот одмор и така да станеме способни за уште поуспешно извршување на должностите кои нѐ чекаат и за уште поблагословено влијание на оние со кои се дружиме. Тоа особено важи за ваквите можности, кои треба на сите да ни донесат радост. Ние ќе се вратиме дома со зајакнат ум и освежено тело, подготвени повторно да и се посветиме на работата, со подобра надеж и поголема храброст. {АД 496.2}
Божјиот повик за младите. – Божјиот повик за секое момче и девојче гласи: „Сине мој, дај ми го своето срце: Јас ќе го сочувам во чистота. Јас ќе ги задоволам неговите тежнеења за вистинска среќа”. Бог сака младите навистина да бидат среќни и затоа ги повикува да Му го дадат своето срце, за сите дадени способности да бидат сочувани во цврста здрава состојба. Тие содржат Божји дар. Тој прави срцето да чука; Тој дава сила за секоја способност. Чистата разонода нема да расипе ниту еден од Божјите дарови. {АД 497.1}

