Врата која мораме да ја чуваме
Адвентен дом
Чесност во работата
Зошто Бог ни дал очи, уши и способности да зборуваме. – Бог им дал на луѓето очи за да можат да ги набљудуваат величествените дела на Неговиот закон. Им дал уши за да можат да ја слушаат Неговата вест, која ја изговара живиот проповедник. На луѓето им дал дар да зборуваат, за да можат да го претстават Христа како Спасител Кој го простува гревот. Човекот со срце верува во правдата, а со устата го признава спасението. {АД 401.1}
Како сатаната продира во душата. – Сите треба да стражарат над своите сетила, бидејќи во спротивно сатаната ќе завладее со нив; тие претставуваат влез до душата. {АД 401.2}
Треба верно да стражарите над своите очи, уши и сите свои сетила ако сакате да го ставите под контрола својот ум и да спречите злобните и расипани мисли да ја извалкаат вашата душа. Единствено силата на милоста може да го постигне ова сакано дело. {АД 401.3}
Сатаната и неговите ангели работат на тоа да ги успијат вашите чувства, за да не ги слушнете опомените, советите, укорите и поуките, или ако ги слушнете, да немаат влијание на вашето срце и да не го препородат вашиот живот. {АД 401.4}
Браќа мои, Бог ве повикува како Свои следбеници да живеете во светлина. Потребно е сериозно да ве опоменам. Гревот е помеѓу нас и ние секогаш не гледаме на него како на нешто страшно. Сетилата на многумина се отапени поради попуштање на барањата и поради дружење со гревот. Потребно е повеќе да се приближиме кон небото. {АД 401.5}
Сатаната сака да ги помати сетилата. – Сатаната ги наведува луѓето да го презираат Бога, ги привлекува и им го обзема умот, така што во нивните мисли нема место за Бога. Тие добиле воспитание кое има за цел да го помати умот и да ја затемни вистинската светлина. Сатаната не сака луѓето да го познаваат Бога; и тој е многу задоволен ако успее со помош на игри и театарски претстави да ги помати сетилата на младите, дека луѓето ќе пропаднат во темнина, покрај светлината која свети секаде околу нив. {АД 401.6}
Сатаната не може да го помати умот без наша согласност. – Да им ја кажеме на луѓето вистината дека Бог така нѐ создал, дека нема да бидеме искушани повеќе отколку што можеме да издржиме туку со искушението ќе стави крај, за да можеме да го поднесеме. Ако живееме целосно за Бога, нема да му дозволиме на умот да се занимава со себични фантазии. {АД 402.1}
Ако постои некаков начин на кој сатаната може да му пријде на умот, тој ќе посее плевел и ќе направи да расте сѐ додека не донесе богата жетва. Во никој случај сатаната не може да владее со мислите, зборовите и постапките, ако ние доброволно не му ја отвориме вратата и го поканиме да влезе. Тогаш ќе влезе и ќе го земе доброто семе посеано во срцето и ќе ја укине вистината. {АД 402.2}
Затворете го секој влез на искушувачот. – Сите кои се нарекуваат христијани треба да бдеат, да се молат и да ги чуваат влезовите кои водат во нивната душа, затоа што сатаната има намера да расипе и уништи ако му се пружи и најмала можност. {АД 402.3}
За нас е опасно да застануваме размислувајќи за тоа какви предности ќе стекнеме ако ги прифатиме предлозите на сатаната. Гревот донесува срам и пропаст за секоја душа која му попушта; но има нешто во неговата природа што заслепува и лаже и така нѐ примамува со лажно прикажување. Ако се осмелиме да застанеме на сатанското тло не ни е ветена заштитата од Неговата сила. Што се однесува до нас, треба да го затвориме секој приод преку кој искушувачот може да дојде до нас. {АД 402.4}
Кој може во моменти на искушение да ги препознае последиците што доаѓаат по погрешен и брз чекор! Во секој час наша единствена сигурност е во заштитата на Божјата милост, а не затемнување на нашиот духовен вид, затоа што тогаш сме во состојба лошото да го наречеме добро, а доброто лошо. Без двоумење и докажување мораме да ги затвориме и да ги браниме приодите на душата против злото. {АД 403.1}
Секој христијанин мора постојано да стражари, внимавајќи на секој приод преку кој сатаната би можел да и пријде на душата. Тој мора да се моли за божествена помош, а во исто време одлучно да се спротивстави на секоја склоност кон гревот. Тој може да победи со вера, храброст и со истрајни напори. Но нека знае дека Христос мора да биде во него и тој во Христос, ако сака да извојува победа. {АД 403.2}
Не го читајте, не го гледајте и не го слушајте злото. – Апостол Петар настојувал да ги поучи верниците колку е важно да се сочува умот да не се занимава со недозволени и неважни предмети. Оние кои не сакаат да станат плен на сатанските стапици, мораат добро да ги чуваат приодите на душата; тие мораат да избегнуваат да читаат, гледаат и да слушаат сѐ што би можело да предизвика нечисти мисли. Не смееме да му дозволиме на умот постојано да се занимава со секој предмет што непријателот на душата може да ни го понуди. Над срцето мораме будно да стражариме, затоа што злото кое доаѓа однадвор, ќе поттикне зло во нас и душата ќе талка во темнина. {АД 403.3}
Мораме да направиме сѐ што е можно за себе и своите деца да не ги доведеме во ситуација да го гледаат беззаконието кое се случува во светот. Грижливо да ги чуваме своите очи и уши, така што овие зла нема да можат да влезат во нашиот ум. Кога во домот ќе ни пристигнат списанија, посакувам да ги сокријам за да не се види она што е бесмислено и возбудливо. Се чини дека самиот непријател е издавач на многу работи што се јавуваат во списанијата. Тие го разоткриваат и изложуваат на светот сето она што е грешно. {АД 403.4}
Оние кои копнеат за мудроста која доаѓа од Бога, мораат да станат луди за грешното знаење на ова време, за да можат да станат мудри. Тие треба да ги затворат своите очи, да не го видат и не го запознаат злото. Тие треба да ги затворат своите уши, за да не го слушнат она што е зло и да стекнат знаење кое би ја извалкало чистотата на нивните мисли и постапки. Тие треба да го чуваат својот јазик, да не изговараат зли зборови и измамата да не се најде на нивните усни. {АД 404.1}
Слабеење на отпорот. – Не се обидувајте да пријдете што поблиску до работ на провалијата и да можете да останете неповредени. Избегнете ја првата средба со злото. Не можете да си играте со спасението на својата душа. Вашето знаење е вашиот карактер. Ценете го како најскапоцено богатство. Трпеливо негувајте ја моралната чистота, самопочитувањето и отпорот кон злото. Во секој момент бидете внимателни. Една семејна постапка, една невнимателност можат да ја загрозат душата, отворајќи ја вратата на искушението и слабеејќи ја моќта на отпорот. {АД 404.2}
Сатаната сака да ја затемни идната слава. – Сатаната постојано настојува да ја затемни славата на идниот свет и сето внимание да го насочи на работите на овој живот. Тој се труди сѐ да прилагоди така што нашите мисли, нашата грижа и нашиот труд толку ќе ги преокупира со тоа што е земно за да не ја видиме и да не ја сфатиме вредноста на вечната реалност. Светот и неговите грижи го зазеле најважното место, додека Исус и она што е небесно добиле многу малку место во нашите мисли и чувства. Ние треба совесно да ги извршуваме сите должности во секојдневниот живот, но исто така е важно пред сѐ друго да ја негуваме светата наклонетост кон нашиот Господ Исус Христос. {АД 404.3}
Небесните ангели ќе ни помогнат. – Да имаме секогаш на ум дека невидливите сили, добрите и лошите, се трудат да загосподарат со умот. Тие делуваат со невидлива, но делотворна сила. Добрите ангели се службени духови кои го пренесуваат небесното влијание врз срцето и умот, додека големиот непријател на душата, ѓаволот и неговите ангели, постојано настојува да ја предизвика нашата пропаст… {АД 405.1}
Иако треба секогаш да бидеме свесни дека сме изложени на нападите на непријателот, треба да бидеме сигурни дека тие не можат да не повредат ако тоа не им го дозволиме. {АД 405.2}

