Подготовка за иднината

Адвентен дом

Учете ги децата како да заработуваат и како да ги трошат парите

Штедењето наспроти расипништвото. – Братот и сестрата Б. не ја научиле лекцијата за штедењето. Уживале додека можеле, а кога дошла неволјата ги фатила неподготвени… Кога братот и сестрата Б. штедливо би работеле, помалку би трошеле за себе, веќе би можеле да имаат и свој дом, а покрај тоа и средства кои би ги употребиле во случај на неволја. Меѓутоа, тие не штеделе како другите, од кои одвреме навреме зависеле. Ако не ги научат овие поуки, нивниот карактер нема да биде совршен на Божјиот ден. {АД 395.1}

Овој совет би ви помогнал. – Ти си имал работа која одвреме навреме ти донесувала голема заработувачка. Кога си заработил, не си размислувал за ситуации во кои парите нема толку лесно да ги заработиш туку многу си потрошил на измислени потреби. Кога ти и твојата сопруга би ја сфатиле должноста што Бог ви ја доверил, да се откажете од својот вкус и желби и да се погрижите за иднината, наместо да живеете само за сегашноста, денес би имале доволен приход за живот и твоето семејство би можело да живее удобно. Треба да ја научиш оваа лекција… Треба да направиш да трае што подолго. {АД 395.2}

Планско штедење. – Кога би штедел како што треба, денес би имал голема готовина која би можел да ја употребиш во итни случаи и да му помогнеш на Божјото дело. Секоја седмица треба да одвоиш дел од својата заработувачка и да не го трошиш, освен во голема потреба или да ги вратиш даровите на Дародавецот… {АД 395.3}

Средствата кои си ги заработил не се мудро и штедливо потрошени за да остане нешто за во случај на болест, а твоето семејство е лишено од средствата кои ги носиш за издржување. Твоето семејство мора да има нешто на што ќе се потпре во случај да за паднеш во неприлики. {АД 396.1}

Совет за едно семејство. – Секоја недела треба да оставиш на некое сигурно место пет до десет долари, кои нема да ги трошиш освен во случај на болест. Ако штедиш, ќе имаш нешто и од каматата. Со мудро работење, ќе задржиш нешто кога ќе ги платиш своите долгови. {АД 396.2}

Познавав семејство кое имаше примање од дваесет долари неделно и ја трошеше секоја пара, додека друго семејство со иста големина, примајќи само дванаесет долари седмично, одвојуваше еден или два долари неделно; тие успеаја во тоа, одречувајќи се од купување на работи, кои изгледаа потребни, но без кои сепак може да се живее. {АД 396.3}

Осигурете го имотот со тестамент. – Оние кои се верни управители со Господовите средства, ќе знаат како стои нивната работа и како мудри луѓе ќе бидат подготвени за непредвидени случаи. Доколку времето на милост за нив ненадејно заврши, тие нема да остават толку голема грижа на оние кои ќе бидат повикани да го средат нивното наследство. {АД 396.4}

Многумина не мислат на оставање наследство додека сѐ уште ги служи добро здравје. Но нашите браќа мораат да преземат соодветни мерки. Тие треба да ја познаваат својата материјална состојба и да не дозволат нивните работи да се заплеткаат. Тие се должни прашањето за својот имот да го уредат така што ќе можат во секое време да го остават. {АД 396.5}

Тестаментот треба да се направи така што ќе биде законски исправен. Бидејќи е направен, тој може со години да стои и на никого да не му нанесе штета, ако се продолжи со повремено давање дарови во склад со потребите на делото. Браќа, смртта нема да дојде ниту еден ден порано затоа што сте направиле тестамент. Делејќи го со тестамент својот имот на роднините, не го заборавајте Божјото дело. Вие сте Негово орудие, управители на Неговиот имот и за тоа Неговите барања треба да добијат прво место. Секако вашата сопруга и децата не треба да останат без ништо; ако се во сиромаштво треба да се погрижиш за нив. Во својот тестамент не внесувајте долга листа на имиња на свои роднини, кои не се во сиромаштво, само затоа што тоа е вообичаено. {АД 397.1}

Имајте го на ум Божјото дело. – Никој нека не мисли дека ќе ја стекне Христовата мудрост ако за време на својот живот натрупува богатство, а тогаш пред смрт одлучи еден дел да го подари за добротворни цели. {АД 397.2}

Некои во текот на својот живот себично ги задржуваат своите средства, верувајќи дека ќе го поправат својот немир ако во тестаментот се сетат за Божјото дело. Но ниту пола од тоа што е одвоено не се користи за тоа што е наменето. Браќа и сестри, вложувајте сами во небесната ризница и не ја препуштајте својата управителска служба на друг. {АД 397.3}

Неразумно пренесување на одговорностите. – Родителите треба да се плашат да им ги доверат на своите деца материјалните добра кои им ги дал Бог, доколку немаат најсигурен доказ дека нивните деца покажуваат поголемо интересирање и поголема љубов и посветеност кон Божјото дело од нив самите и дека овие деца ќе бидат посериозни и поревносни во унапредување на Божјото дело и подарежливи во грижата за унапредување на неговите различни гранки на кои тие средства би им биле потребни. Меѓутоа многумина им ги даваат своите средства на децата и затоа што сатаната ги поттикнува на тоа, ги оптоваруваат со одговорност во управувачката служба, која им била доверена на нив самите. Со оваа постапка тие ги пренесуваат овие средства во непријателските редови. Сатаната работи на тоа да ги постигне своите цели и да ги земе средствата на Божјото дело кои му се потребни за цврста потпора. {АД 397.4}

Проклетство кое почива на богатството. – Оние кои стекнуваат богатство само за да го натрупаат, го пренесуваат проклетството кое почива на него и го пренесуваат на своите деца. За татковците и мајките кои прават така тоа е грев, страшен, за душата опасен грев, кој се пренесува на нивното потомство. Децата често ги трошат нивните средства на безумен раскош и разуздан живот, така што стануваат просјаци. Тие не ја знаат вредноста на наследството кое го потрошиле. Доколку таткото и мајката им дале добар пример, не натрупувајќи туку делејќи го своето богатство, тие за нив би собирале богатство на небото, а за возврат уште на овој свет би примиле мир и среќа, а во идниот живот вечни богатства. {АД 398.1}

Четиринаесетти дел

ДА СЕ ЧУВААТ ВЛЕЗОВИТЕ НА ДУШАТА