Воспитувањето на децата е првата мајчина грижа

Адвентен дом

Негата на малите деца

Можности за добро воспитано дете. – Бог ги гледа сите можности во тој мал црв. Тој гледа дека правилно воспитаното дете ќе стане сила за доброто на овој свет. Тој грижливо набљудува дали родителите ќе го исполнат Неговиот план или со својата неразумна љубезност ќе ја уништат неговата цел, препуштајќи го детето на пропаста за овој и идниот свет. Да се преобрази ова немоќно и навидум безначајно суштество, во благослов за светот и во слава за Бога е големо дело. Родителите не смеат да дозволат ништо да се испречи помеѓу нив и обврските што ги имаат кон своите деца. {АД 264.1}

Работата за Бога и домот. – Оние кои ги држат Божјите заповеди гледаат на своите деца со неискажани чувства на надеж и страв, прашувајќи секоја улога ќе ја одиграат децата во големата борба што им претстои. Загрижената мајка се прашува: „Кое гледиште ќе го прифатат децата? Што можам да направам за да ги подготвам чесно да го извршат својот дел и да добијат вечна слава“? Мајки, на вас почиваат големи одговорности! Иако не се наоѓате во собрание… вие можете да извршите големо дело за Бога и за својот дом. Вие можете да ги воспитате своите деца. Можете да им помогнете да развијат карактер кој нема да се двоуми ниту да му попушти на злото туку ќе влијае на другите да прават добро. Со своите страсни молитви во вера можете да ја подигнете раката што го подига целиот свет. {АД 264.2}

Во детството и младоста треба да се даваат упатства. Децата треба да се научат да бидат полезни. Тие треба да научат дека ги извршуваат оние обврски кои се врзани за домот. А родителите овие должности треба да ги направат што попријатни, со љубезни упатства и одобрување. {АД 265.1}

Мнозина го запоставуваат семејното воспитување. – И покрај претераните фалби за напредокот кој е постигнат на полето на воспитните методи, воспитувањето на децата во нашето време е за жал нецелосно. Причина е запоставувањето на семејното воспитување. Родителите, особено мајките, не ги сфаќаат своите одговорности. Тие немаат ниту трпение да ги воспитуваат ниту мудрост да ги надгледуваат децата кои им се доверени на чување. {АД 265.2}

Голема е вистината дека мајките денес не се веќе на својата должност верни на своите мајчински должности. Бог од нас не бара нешто што не би можеле да го постигнеме со Неговата сила туку нешто што би било за наше добро и за доброто на нашите деца. {АД 265.3}

Мајки, барајте ја божествената помош. – Кога мајките би ја виделе важноста на својата задача, тие често насамо би се молеле препорачувајќи ги своите деца на Исус, барајќи ги Неговите благослови за нив и молејќи се за мудрост правилно да ги извршат своите свети должности. Мајката нека ја искористи секоја можност да го изгради и обликува карактерот и навиките на своите деца. Нека внимателно го набљудува развојот на карактерот, отстранувајќи ги оние црти кои премногу се истакнуваат, а поддржувајќи ги оние кои недоволно се развиле. Нека својот живот го направи чист и благороден пример за своите сакани деца. {АД 265.4}

Мајката треба да ја прифати својата задача храбро и одлучно, потпирајќи се постојано на божествената помош во сите свои напори. Таа не смее да биде задоволна сѐ додека во своите деца не го види постепеното подигање на карактерот, додека не одредиле повисоки животни цели од телесните уживања на овој свет. {АД 265.5}

Не е возможно да се оцени моќта на влијанието на мајката која се моли. Таа го признава Бога на сите свои патишта. Таа ги води своите деца пред Престолот на милоста и ги препорачува на Исус молејќи Го да ги благослови. Влијанието на овие молитви за овие деца е извор на животот. Овие молитви, упатени со вера, се потпора и сила на христијанската мајка. Да се запостават молитвите со нашите деца значи да се изгуби еден од најголемите благослови што ни стои на дофат на раце, едно од најголемите помагала сред непријатностите на товарот и грижите во нашата животна работа. {АД 266.1}

Моќта на мајчините молитви не можеме да ги процениме доволно. Онаа која клечи покрај своите син и ќерка во текот на сите промени во детството, во текот на опасноста која им се заканува додека се млади, нема до судниот ден да знае какво влијание извршиле нејзините молитви на животот на нејзините деца. Ако таа со вера е поврзана со Божјиот Син, нејзината нежна рака може да ги сочува од попуштање на гревот. Кога страста сака да загосподари, силата на љубовта, мајчиното умерено, сериозно и одлучно влијание може да ја задржи душата на страната на доброто. {АД 266.2}

Кога посетителите ни пречат. – Најдете време да разговарате и да се молите со своите малечки, и не дозволувајте ништо да ви го попречи вашето време на заедница со Бога и децата. На своите посетители можете да им кажете: ,, Бог ми доверил да извршам една задача и немам време за празни разговори”. Треба да знаете дека за овој живот и за вечноста ви е доверена задача. Вашите деца се вашата прва должност. {АД 266.3}

Вашите деца треба да бидат поважни од вашите посетители и пред сѐ останато… задачата што ја имате за своето дете во Неговите први години не дозволува никаква невнимателност. {АД 267.1}

Нема моменти во неговиот живот кога може да го заборавите ова правило. Не ги праќајте децата надвор од домот за да можете да се занимавате со своите посетители туку научете ги да се владеат мирно и со почит во нивна присутност. {АД 267.2}

Мајките како пример на добрина и благодарност. – Мајки, бидете свесни за вредностите на вашите скапоцени моменти. Имајте на ум дека вашите деца одат понатаму, кога можат да бидат надвор од досегот на вашето воспитување и образование. Вие можете да им бидете пример за сѐ што е добро, чисто и благородно. Нивниот интерес мора да биде и ваш. {АД 267.3}

Ако било што друго пропуштиш, во ова биди темелна и успешна. Ако твоите деца излезат од домот воспитани во чистота и благородност и ако го заземат најмалото и најскромно место во Божјиот план за доброто на овој свет, за твојот живот никогаш не може да се каже дека е промашен и никогаш поради него не мораш да се каеш. {АД 267.4}

Малите деца се огледало за мајката, која во него може да го види одразот на своите навики и владеења. Колку внимателен мора да биде изборот на нејзините зборови и однесување во присуство на овие мали ученици! Сите оние особини на карактерот кои сака да ги види во нив, таа мора да ги изградува во себе. {АД 267.5}

Тежнејте кон повисока цел. – Мајката не смее да се раководи според сфаќањето на овој свет ниту да се мачи да го постигне неговото мерило. Таа мора сама да одлучи која е големата цел и смисла на животот и тогаш со сите сили да настојува да ја постигне таа цел. Таа може пореди недостаток на време да запостави многу работи околу домот, а тоа да не предизвика некои посериозни последици, но таа не може неказнето да го запостави правилното воспитување на своите деца. Нивниот лош карактер ќе ја објави нејзината неверност. Злото што таа дозволила да остане неотстрането, грубото, невоспитано однесување, непочитувањето и непослушноста, навиките на неработење и невнимание, сѐ тоа ќе ѝ донесе срам и ќе ѝ го загорчи животот. Мајки, судбината на вашите деца во голема мера е во ваши раце. Ако не ги исполните своите должности, вие можете да ги ставите во редовите на сатаната и да ги направите негово орудие за пропаст на другите души. Но вашето верно настојување да ги воспитате во побожен пример може да ги донесе кај Христа, а за возврат тие ќе влијаат на другите и така со вашиот труд многу души ќе се спасат. {АД 267.6}

Негувајте го доброто и отстранувајте го злото. – Родителите се Божји соработници во изградување на своите деца во Божјата љубов и страв. Вие не можете толку да го натажите Бога како кога го запоставувате воспитанието на своите деца… Вие сте должни да внимавате како се изразуваат вашите деца и како се однесуваат, за непријателот да не ја преземе власта врз нив. Сатаната постојано мисли да го направи тоа, за да им се спротивстави на Божјите намери. Настојувајте љубезно, заинтересирано и нежно да работите со своите деца, изградувајќи го во нив сето она што е добро, а отстранувајќи го она што е зло, што се развива во карактерот на вашите малечки. {АД 268.1}

Радост поради внимателно извршената работа. – Децата се Господово наследство, а ние сме одговорни пред Бога за начинот на постапување со тоа наследство. Воспитанието и образованието на нивните деца да бидат христијани е највозвишената служба што родителите можат да ја направат за Бога. Таа задача бара трпелива работа доживотни, внимателни и истрајни напори. Да се изневери оваа доверба, значи да се најдеш пред Бога како неверен слуга… {АД 268.2}

Во љубовта, верата и молитвата родителите нека работат со своите домашни, додека со радост не пристапат кај Бога зборувајќи: „Еве ме мене и децата што Господ ми ги даде“. {АД 269.1}