Основи на создавањето на домот
Адвентен дом
Основи на создавањето на домот
Најпривлечно место на светот. Додека од една страна родителите имаат голема обврска грижливо да ја чуваат идната среќа и доброто на своите деца, нивна должност е и да го направат домот што попривлечен. Тоа е многу поважно од стекнување на имот и пари. Во домот не смее да недостасува топлина. Во срцето на своите деца сочувајте ја љубовта кон домот, за подоцна на домот од своето детство да гледаат како на место на мирот и среќата, кое е претходница на небото. Кога ќе пораснат, за возврат, тие треба да се трудат да бидат утеха и благослов на своите родители. {АД 21.1}
За децата домот треба да биде најпривлечно место на светот, а присуството на мајката е неговата најголема привлечност. Децата имаат чувствителна природа која се заснова на љубовта. Лесно е нив да ги задоволиш и лесно можеш да ги направиш несреќни. Со нежните барања, со зборови и постапки со љубов, мајката може да ги врзе за своето срце. {АД 21.2}
Чист, пријатен и уреден дом. За правилно управување со домот, неопходни се чистотата, пријатноста и уредноста. Меѓутоа, кога мајката сето ова ќе го сфати како најважна должност во својот живот и целосно и се посвети, занемарувајќи го телесниот развој на своите деца, нивното морално и умствено напредување, таа прави жалосна грешка. {АД 21.3}
Иако можеби сиромашни, на верниците треба да им се укаже дека не мораат да бидат неуредни, лично или во својот дом. Во ова треба да им се помогне на оние кои не се доволно свесни за значењето и важноста на чистотата. Тие треба да се поучат дека оние кои го претставуваат возвишениот и свет Бог, мораат да ги чуваат своите души чисти и оваа чистота да ги опфати нивните облеки и сѐ во домот, за да им докажат на небесните ангели дека вистината ја извршила својата промена во животот, чистејќи ја душата и облагородувајќи го вкусот. Оние кои ја примиле вистината, а со своите зборови или однесување, со своето облекување, или пак во средината во која живеат не покажуваат дека доживеале промени, сѐ уште живеат за себе, а не за Христа. Тие не се наново родени во Исуса Христа, во светост и правда… {АД 21.4}
Чувајќи се од непотребно украсување и расфрлање, во ниту еден случај не смееме да бидеме невнимателни и рамнодушни кон сопствениот надворешен изглед. Сето она што е во нас и во нашите домови треба да биде и привлечно и уредно. Младите треба да се учат дека е важно со својата појава да не предизвикаат критика туку да служат на чест на Бога и вистината. {АД 22.1}
Невнимателноста кон чистотата ќе предизвика болест. Болеста не доаѓа без причина. Силните епидемии на грозница ги погодиле селата и градовите, за кои се мислело дека се потполно здрави и предизвикале смрт или изнемоштеност на организмот. Во многу случаи животната средина на овие жртви била загадена со бактерии кои семејството и соседите ги вдишувале. Зачудувачко е незнаењето од кое произлегуваат невниманието и лесномисленоста за човечкото здравје. {АД 22.2}
Во среќниот дом потребен е ред. – Нередот, невнимателноста и недостатокот од чистота и уредност го навредуваат Бога. Овие недостатоци се сериозно зло, кое се заканува да ја помати љубовта на сопругот кон сопругата, во случај кога тој сака ред, добро воспитани деца и уредна куќа. Сопругата и мајка не може да го направи домот пријатен и среќен, ако нема смисла за ред, не го чува своето достоинство и не е добар управувач со домот. Затоа сите кои го немаат ова, мораат веднаш да почнат да го учат за да го изградат она што е најпотребно. {АД 22.3}
Будност и внимателност. – Кога целосно ќе се посветиме на Господа, тогаш ќе ја увидиме важноста за извршување на едноставни, секојдневни должности во домот, со што ќе се усогласиме со Божјата волја. Ние мораме да бидеме будни, секогаш подготвени за доаѓањето на Синот човечки; но мораме да бидеме и внимателни, вредни во работата; овие две мораат да станат целина. Тоа ќе му даде рамнотежа на христијанскиот карактер кој само така складно ќе се развие. Да го отфрлиме сфаќањето дека сѐ останато мораме да запоставиме и да се предадеме на размислување, проучување или молитва, тоа пак не значи дека треба да се препуштиш на работа и постојано брзање, а да ја запоставиш личната побожност. Чекањето, стражарењето и работата треба да се поврзат во едно. „Не бидете мрзеливи во работата; бидете огнени во духот, служете Му на Господа”. {АД 23.1}
Средства кои ќе ја олеснат работата. Во многу домови сопругата и мајка нема време за читање, за да биде добро информирана, нема време да биде другар на својот сопруг, нема време да го следи умствениот развој на децата. Таа нема време во својот драг Спасител, да го сретне добриот и близок Пријател. Малку помалку, таа тоне во домашната работа, затоа што нејзината сила, време и интерес се окупирани со она што е минливо. Кога веќе ќе биде предоцна, таа согледува дека станала речиси странец во сопствениот дом. Скапоцените предности со кои некогаш можела да ги поттикнува своите најблиски на подобар живот, не ги искористила, па засекогаш исчезнале. {АД 23.2}
Втемелувачите на домот нека одлучат да живеат помудро. Ваша најголема цел нека биде изградба на пријатен дом. Потрудете се да обезбедите средства кои ќе ја олеснат работата и ќе го сочуваат здравјето. {АД 24.1}
Мали должности – Божји дела. – Сите работи коишто мораме да ги извршуваме, без разлика дали тоа е миење садови, поставување на масата, негување на болен, готвење или перење имаат морална вредност… Некој мора да ги извршува секојдневните мали должности, а оние кои ги извршуваат треба да почувствуваат дека извршуваат потребна и чесна работа која, колку и да изгледа скромно, го претставува Божјото дело, слично на работата на ангелот Гаврил кога бил пратен кај пророците. Секој човек во својата средина извршува одредена работа. Жената во својот дом, кога ги извршува едноставните животни должности, може и треба да покаже верност, послушност и љубов која ангелите ја покажуваат во својата средина. Покорноста кон Божјата волја ја прави чесна секоја работа којашто треба да се изврши. {АД 24.2}

