Совети за правилно воспитување на детето

Бодрост и благодарност

Сподели го ова:

Нека пријатно влијание го исполнува домот. – Над сѐ друго, родителите треба да ги опкружат своите деца со атмосфера на бодрост, учтивост и љубов. Домот во кој пребива љубовта и во кој се изразува преку погледи, зборови и дела е место на кое ангелите со задоволство го покажуваат своето присуство. {СД 146.1}

Родители, дозволете му на сонцето на љубовта, ведрината и среќното расположените да влезе во вашите срца; и дозволете му на неговото благо, весело расположение да го исполнува вашиот дом. Покажувајте љубезен, воздржан дух; и охрабрувајте го истиот кај вашите деца, негувајќи ги сите доблести кои ќе го разубават домашниот живот. Вака создадената атмосфера ќе биде за децата она што се воздухот и сончевата светлина за растенијата; таа ќе го унапредува здравјето и виталноста како на умот така и на телото. {СД 146.2}

Нека изразот на лицето биде весел. – Децата ги привлекува ведрото и весело однесување. Бидете кон нив љубезни и учтиви и тие ќе се однесуваат исто така кон вас и едни кон други. {СД 146.3}

Децата ја мразат намуртеноста и жалоста. Нивните срца се одѕиваат на веселоста, бодроста и љубовта. {СД 146.4}

Зборувајте пријатни, весели зборови. – Пријатните, весели зборови не чинат повеќе од неугодните, непријатни зборови. Дали ти се допаѓа кога некој ти упатува груби зборови? Имај на им дека кога ти зборуваш такви зборови, други го чувствуваат тој остар убод… Родители, внесете практична побожност во домот. Ангелите не се привлечени во дом каде што владее неслога. Воспитајте ги вашите деца да изговараат зборови кои ќе донесат светлина и радост. {СД 147.1}

Смејте се родители, смејте се. – Некои родители –  како и некои учители –  изгледа како да забораваат дека и тие некогаш биле деца. Тие се сочувство на лично достоинство, ладни и нечувствителни… Нивните лица обично имаат израз на сериозност и критичност. Детската радост или самоволност, неодморната активност на младешкиот живот, не наоѓа изговор во нивните очи. Безначајните грешки се третирани како тешки гревови. Таквата дисциплина не е христијанска. Децата кои се така третирани се плашат од своите родители или учители но не ги сакаат; тие не им ги доверуваат своите детски искуства. Некои од највредните квалитети на умот и срцето се оладени до смрт, како нежното растение пред зимската виулица. {СД 147.4}

Смејте се родители; смејте се учители. Доколку вашето срце е ожалостено, нека вашето лице не го открива тоа. Нека сончевата светлина од благодарното, со љубов полно срце го засветли изразот на лицето. Попуштете од своето железно достоинство, прилагодете се себеси на потребите на децата, и направете тие да ве љубат. Вие морате да ја придобиете нивната љубов доколку сакате да втиснете верска вистина врз нивните срца. {СД 148.1}

Учете ги децата да бидат благодарни. – „Ќе се радуваш за сите добра, што Господ, твојот Бог, ти ги даде тебе”. Благодарност и пофалба треба да му се изрази на Бога за земните нешта и за сите удобности коишто Тој ги излева врз нас. Бог сака секое семејство, кое Тој го подготвува да ги наследи вечните живеалишта, да му даде слава за богатите блага на Неговата благодат. Доколку децата во домашниот живот се образовани и воспитани да бидат благодарни на Давателот за сите добра, ние ќе видиме како небесната добродетел се манифестира во нашите семејства. Веселоста мора да се покаже во домот, и доаѓајќи од такви домови, младите со себе ќе донесат дух на почит и стравопочит во училницата и во црквата. {СД 148.3}

Сподели го ова:

Поврзани статии