Совети за децата
Адвентен дом
На родителите им припаѓа почитувањето
Бог во детството. – Децата и младите треба рано да почнат да го бараат Бога, затоа што првите навики и впечатоци ќе влијаат силно на животот и на карактерот. Поради тоа младите кои што сакаат да бидат слични на Самуил, Јован, а особено на Христа, мораат да бидат верни во малку, оддалечувајќи се од пријателите кои смислуваат зло, кои мислат дека нивниот живот во светот треба да биде исполнет со уживање и со себично попуштање. На многу мали домашни должности се гледа како на нешто неважно; ако се запостават малите должности, ќе бидат запоставени и големите. Вие сакате да бидете вистински мажи и жени со чист, здрав и благороден карактер. Започнете го тоа во домот, прифатете ги малите должности и извршете ги темелно и совесно. Кога Господ ќе види дека сте верни во малку, Тој ќе ви довери поголеми одговорности. Внимавајте како градите и каков материјал, вградувате во својата животна зграда. Карактерот кој сега го обликувате ќе остане за вечност. {АД 297.1}
Исус да завладее со вашиот ум, со вашето срце и вашите чувства. Работете како што работел Христос, совесно извршувајќи ги домашните работи, малите дела на самоодрекување и љубезност, внимателно користејќи го секој момент, чувајќи се од малите гревови и благодарејќи од срце за малите благослови, за да можете да го добиете сведоштвото кое му е дадено на Јован и на Самоил, а особено на Христа: „И Исус напредуваше во премудроста и во растот и во милоста кај Бога и кај луѓето“. {АД 297.2}
„Дај ми го своето срце“. – Господ им вели на младите: „Сине мој, дај ми го своето срце“. Спасителот на светот сака децата и младите да му го предадат своето срце. Голем број на деца ќе се најдат верни на Бога, затоа што живеат во светлина како што Христос е во светлина. Тие го сакаат Господа Исуса и се радуваат што можат да ја извршуваат Неговата волја. Не се лутат кога ги караат родителите; тие го веселат срцето на таткото и мајката со својата љубезност, трпение и подготвеност да направат сѐ што можат, помагајќи им да го носат бремето на секојдневниот живот. Во текот на детството и младоста ќе останат верни Господови ученици. {АД 297.3}
Секој мора да направи личен избор. – Стражарете и молете се и настојувајте да стекнете лично искуство во она што е Божјо. Вашите родители можат да ве поучуваат и можат да настојуваат вашите нозе да ги упатат на сигурни патишта, но не можат да ви го сменат срцето. Вие морате да го предадете своето срце на Исуса и да одите во скапоцената светлина на вистината која ви ја дал Тој. Верно прифатете ги своите должности во домот и со Божја милост ќе достигнете полн раст на Христовата висина, што од вас Тој и го очекува. Фактот дека вашите родители ја почитуваат саботата и ја прифаќаат вистината, нема да ви обезбеди спасение. Кога и Ное, Јов и Даниел би биле на Земјата, „И ви велам, вели Господ Господ, нема да ги спасат синовите ни ќерките; тие со правдата своја ќе ги спасат своите души“. {АД 298.1}
Во детството и во младоста можете да стекнете искуство во служба за Бога. Правете го она што знаете дека е добро. Бидете им послушни на своите родители. Слушајте ги нивните совети, за тоа што ако го сакаат Бога и имаат Господов страв, на нив ќе почива одговорноста за воспитување, поучување и подготовка на вашите души за вечен живот. Со благодарност прифатете ја помошта која ви ја даваат и израдувајте им ги срцата со своеволна покорност на нивното мудро расудување. На тој начин ќе ги почитувате своите родители, ќе го прославите Бога и ќе станете благослов на сите со кои се дружите. {АД 298.2}
Деца, војувајте добра војна. Запомнете дека секоја победа ви дава предност над непријателот. {АД 299.1}
Децата треба да се молат за милост за помош. – Децата треба да се молат за милост за да се спротивстават на искушенијата кои ќе дојдат на нив со искушенијата одат по својот пат и ги остваруваат своите себични задоволства. Кога ќе се молат на Христа за помош во својата животна служба да бидат верни, љубезни, послушни и подготвени да ги носат своите одговорности во семејниот круг, Тој ќе ја слушне нивната едноставна молитва. {АД 299.2}
Исус би сакал децата и младите да дојдат кај Него со иста доверба како што доаѓаат кај своите родители. Како што детето, кога е гладно ја моли мајката или таткото за леб, така и Господ сака од Него да го побарате она што ви е потребно… {АД 299.3}
Исус ги познава детските потреби и Нему му е мило да ги слушне нивните молитви. Децата нека го отфрлат светот и сето она што ги одвојува нивните мисли од Бога; помогнете им да почувствуваат дека се сами со Бога, дека Неговиот поглед допира до длабочината на срцето и го чита копнежот на душата и дека може да разговара со Бог… {АД 299.4}
И тогаш, деца, барајте од Бога да ви го направи она што вие не можете да го направите за себе. Кажете му сѐ на Исуса, откријте му ги тајните на своето срце; Неговиот поглед ги испитува нај скриените длабочини на душата и ги чита вашите мисли како отворена книга. Ако сте го барале она што е потребно за доброто на вашата душа, верувајте дека ќе примите и ќе добиете. {АД 299.5}
Извршувајте ги домашните должности со радост. – Децата и младите треба да бидат мисионери во домот, правејќи го она што некој мора да го направи и што мора да се изврши… Со верно извршување на должностите кои ви изгледаат неважни, можете да покажете вистински мисионерски дух. Со подготвеност да ги извршите должностите кои се наоѓаат пред вас, менувајќи ја преоптоварената мајка, ќе докажете дека можат да ви се доверат поголеми одговорности. Можеби не ја сметате за пријатна работата како што е миењето на садови, ни сепак не би сте се одрекнале од предноста да јадете јадења што ви се ставаат во нив. Мислите ли дека за вашата мајка тоа ќе биде попријатна работа отколку за вас? Дали ќе се однесувате како дама, а работата која не ви е пријатна, ќе ја оставите на својата со грижи оптоварена мајка? Треба да ги исчистите просториите, да ги истресете прекривките, да ги наместите собите; ако ги запоставувате таквите работи, дали е добро да тежнеете кон поголеми одговорности? Дали сте размислувале колку пати мајката морала да ги изврши сите овие домашни должности, додека вие сте биле ослободени затоа што сте оделе на училиште или сте се забавувале? {АД 300.1}
Многу деца ги извршуваат своите домашни должности како непријатни работи, додека на нивните лица јасно се оцртува нерасположението. На сѐ приговараат и негодуваат и ништо не прават со желба. Тоа не е слично на Христа; тоа е сатански дух и ако го негувате, ќе станете слични на него. Вие ќе бидете несреќни и сите околу себе ќе ги направите несреќни. Не се жалете затоа што имате многу работа, а толку малку време за разонода туку бидете сериозни и внимателни. Кога ќе го употребите времето за извршување на некоја корисна работа, ќе ја затворите вратата на сатанските искушенија. Вие морате да бидете слични на Исуса, а Тој не живеел угодувајќи си на Себе. Направете ја оваа вистина со верски начела и молете се Исус да ви помогне. Насочувајќи ја силата на својот ум во овој правец, ќе се подготвите да станете носители на товарот во Божјото дело, како што сте го правеле тоа во семејниот круг. Ќе извршите позитивно влијание на другите и можеби ќе се оспособите за Христовата служба. {АД 300.2}
Овозможете и на промена и одмор. – Тешко и е на мајката која сака да бара помош од своите деца кога ќе види дека немаат желба за работа и дека наоѓаат секаков можен изговор само за да се ослободат од непријатната работа. Деца и млади, Христос ве набљудува; дали Тој гледа како не се грижите за довербата која ви ја дава? Ако сакате да бидете полезни, ќе имате прилика за тоа. Вашата прва должност е да и помогнете на својата мајка, која направила толку многу за вас. Помогнете и во носењето на товарот и подарете и пријатни денови за одмор; во својот живот таа имала многу малку слободни денови и пријатни промени. Некогаш со право сте го присвојувале секое задоволство и разонода, но дошло време да внесете сончева светлина во домот. Прифатете ја својата должност и фатете се за работа. Со својата приврзаност овозможете и на мајката одмор и задоволство. {АД 301.1}
Божја награда. – Денес се потребни одлучни и храбри луѓе слични на Даниел. На современиот свет му е потребно чисто срце и цврста, постојана рака. Бог одредил човекот постојано да напредува и секој ден да станува сѐ посовршен. Тој ќе ни помогне, ако самите вложиме труд. Од нашиот напредок во овој свет зависи нашата среќа и тука и во светот кој ќе дојде… {АД 301.2}
Драги млади, Бог ве повикува да ја извршите работата која во Неговата милост можете да ја завршите. „Да ги дадете своите тела во жива жртва, света, угодна на Бога; тоа да ви биде духовна должност“. Станете умерени во зрелоста која ви ја подарил Бог. Бидете како Даниел, чисти во вкусот, апетитот и навиките. Бог ќе ве награди со постојаност, бистар ум, цврсто размислување и зрело забележување. Младите кои се држат до цврстите и непоколебливи начела, ќе имаат здраво тело, ум и душа. {АД 301.3}
Поправете го минатото. – Младите денес одлучуваат за својата вечна судбина и ве повикувам да обрнете внимание на заповедта на која Бог и додал и ветување: „За да ти се продолжат деновите на земјата, што ти ја дава твојот Господ Бог“. Деца, дали копнеете за вечен живот? Ако е така, тогаш почитувајте ги и ценете ги своите родители. Не ги растажувајте и не го ранувајте нивното срце и не дозволувајте да поминат бессони ноќи во страв и грижа за вас. Ако сте згрешиле затоа што сте им ги скратиле љубовта и послушноста, почнете да го поправате минатото. Немојте да тргнете по некој друг пат, затоа што тоа за вас би значело губиток на вечниот живот. {АД 302.1}
Дванаесетти дел
НАЧЕЛА НА СЕМЕЈНИОТ ЖИВОТ

