Влијанието на мајката

Адвентен дом

Положбата на мајката и нејзините одговорности

Влијанието на мајката се задржува во вечноста. – Подрачјето на дејствувањето на една мајка може да биде кратко, но нејзиното влијание соединето со татковото ќе се задржи и во вечноста. По Божјата, мајчината сила за доброто е најсилна на оваа Земја. {АД 240.1}

Мајчиното влијание е бесконечно и ако е секогаш насочено кон доброто, карактерот на нејзините деца ќе сведочи за нејзината морална сериозност и вредностите. Нејзината насмевка нејзиното охрабрување, можат да бидат подвижувачка сила. Таа може да внесе сонце во срцето на своето дете со зборови на љубов и насмевка на одобрување… {АД 240.2}

Кога нејзиното влијание оди во прилог на вистината и на христијанските вредности, кога се раководи според божествената мудрост, каква сила за Христа ќе биде нејзиниот живот! Нејзиното влијание ќе се почувствува до вечноста. Каква помисла е тоа: мајчините погледи, зборови и постапки донесуваат плодови во вечноста, така што спасението или пропаста на многу плодови зависи од неа! {АД 240.3}

Мајката не е доволно свесна дека нејзиното влијание во разумното воспитување на децата поминува со таква сила низ минливоста на овој живот и допира до идниот бескраен живот. Изградбата на карактерот според небесниот Пример бара верна, искрена и истрајна работа; но таа ќе се исплати затоа што Бог го наградува секој добро насочен труд за спасение на душата. {АД 240.4}

Каква мајка – такви деца. – Најнежната врска на светот е врската помеѓу мајката и нејзиното дете. На детето посилно дејствуваат животот и примерот на мајката отколку на таткото, затоа што ги поврзува посилна и понежна врска. {АД 240.5}

Мислите и чувствата на мајката ќе имаат силно влијание на наследството што таа го предава на детето. Ако му дозволува на своето срце да се занимава само со своите чувства, ако е себична, ако е мрзлива и многу бара, тоа ќе се види во природата на нејзиното дете. Така мнозина во наследство примиле речиси непобедливи склоности кон злото. Непријателот на душите го знае ова многу подобро отколку многу родители. Тој со своето искушение ќе ја нападне мајката, знаејќи дека преку неа, ако не му се спротивстави, може да влијае на нејзиното дете. Бог е единствената мајчина надеж. Таа може да дојде кај Него за сила и милост; и нема да дојде напразно. {АД 241.1}

Христијанската мајка секогаш ќе биде будна за да ги воочи опасностите што ги опкружуваат нејзините деца. Таа ќе ја чува својата душа во чиста и света атмосфера; таа ќе ја усогласи својата природа и начелата според Божјата реч и верно ќе ја извршува својата должност, трудејќи да се подигне над малите искушенија на кои секогаш може да биде изложена. {АД 241.2}

Доброто влијание на трпеливата мајка. – Многу пати во текот на денот се слушаат извици: мамо, мамо, прво едното, па другото возбудено дете. На тој извик мајката е подготвена да побрза и да ги исполни нивните барања. Едно се наоѓа во неволја и му е потребна мајчината мудрост за да се ослободи неволјата. Другото е толку задоволно со нешто што направило, така што мајката тоа мора да го види: тоа верува дека таа ќе се израдува на тоа. Само еден збор на одобрување ќе му донесе сонце на срцето многу часови. Мајката може своите останати малечки да ги осветли со скапоцени зраци на светлина и радост. Своите сакани може така да ги врзе за своето срце, што нејзината присутност ќе им биде најсончево место на светот. {АД 241.3}

Меѓутоа, трпението на мајката често е оптоварено со многубројни мали тешкотии кои се едвај вредни за внимание. Немирните раце и нозе на мајката ѝ создаваат многу работа и проблеми. Таа мора цврсто да ги држи уздите на самосовладување затоа што во спротивно од нејзините усни ќе потечат нетрпеливи зборови. Понекогаш се заборава, но тивката молитва кон нејзиниот милостив Спасител ги смирува нејзините нерви и таа е во состојба со тивко достоинство да ги држи уздите на самосовладување. Нејзиниот глас е мирен, но тоа барало напор за да ги задржи острите зборови и да го контролира чувството на гнев, кои ако ги искажала би го уништиле нејзиното влијание и потоа би требало многу време да го врати. {АД 242.1}

Детското забележување е остро и тие се во состојба да ги разликуваат трпеливите и благи тонови од нетрпеливиот раздразлив однос кој ја уништува свежината на љубовта и наклонетоста на детското срце. Вистинската христијанска мајка нема никогаш да ги избрка своите деца од себе со својата раздразливост и недостатокот на љубов кој се чувствува. {АД 242.2}

Да се обликува умот и карактерот. – Мајката носи особена одговорност. Хранејќи го своето дете со својата крв и изградувајќи го неговото тело, таа на него ги пренесува и умствените и духовните влијанија од кои зависи обликувањето на умот и карактерот. Јохаведа, еврејската мајка, силна во вера, не се уплашила од „царевата заповед“; таа го родила Мојсеј кој го ослободил Израел. Ана, жена со молитва и небесна вдахновеност, го родила Самоил, детето учено од небото, од неподмитливиот судија, основач на светите израелски училишта. Елисавета, роднина со ист дух како Марија од Назарет, била мајка на гласникот на нашиот Спасител. {АД 242.3}

Што им должи светот на мајките. – Божјиот ден ќе открие колку овој свет им должи на побожните мајки кои останале непоколебливи во нападите и искушенијата; луѓето кои избрале возвишени и свети интереси на вистината и Божјата слава наместо световната чест или самиот живот. {АД 243.1}

Мајки, бидете свесни за фактот дека вашето влијание и пример влијае на карактерот и на судбината на вашите деца. Со оглед на вашата одговорност, развивајте стабилен ум и чист карактер, кој ќе ја осветлува само вистината, добрината и убавината. {АД 243.2}