16 ноември — Сто четириесет и четири илјади

Мараната — Господ доаѓа

Сто четириесет и четири илјади

16 ноември

„Потоа видов: ете, Јагнето стои на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец.“ (Откровение 14:1) {МАР 328.1}

„На кристалното море пред престолот – на тоа стаклено море, кое во толкава мера ја одблеснува Божјата слава, што се чини како море измешано со оган – стои собрано мноштво, стојат ’оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име‘ (Откровение 15:2). Сто четириесет и четири илјади, кои се откупени од луѓето, стојат на гората Сион со Јагнето, ’имаа харфи Божји‘, и како бучава на силни води, како татнеж на силна грмотевица, се слуша ’глас на харфисти што свират на харфите свои‘. Тие ’пеат нова песна‘ пред престолот, песна што не може никој да ја научи, освен оние сто четириесет и четири илјади. Тоа е песната на Мојсеј и на Јагнето, песна на ослободувањето. Никој, освен овие сто четириесет и четири илјади не може да ја научи таа песна, зашто во неа се внесени нивните искуства – такви искуства какви што немала ниту една друга група. ’го следеа Јагнето каде и да оди‘. Земени од земјата меѓу живите, тие се сметаат како ’првенци на Бога и на Јагнето‘ (Откровение 15:3; 14:1-5). ’Тие се што дојдоа од големи маки‘; тие поминале низ времето на страдање ’какво што немало откако постојат луѓето‘ (Даниел 12:1); го вкусиле стравот на маките на Јакова. За време на последното излевање на Божјите судови биле без Посредник. Но тие се ослободени, зашто ’ги испраа облеките свои и ги избелија со крвта на Јагнето‘. ’и во устата нивна измама не се најде; тие се непорочни‘ (Откровение 14:5). ’Затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној, Кој седи на престолот, ќе се всели во нив‘. Тие ја виделе земјата опустена со глад и помор, сонцето кое ги печело луѓето со силна жега, а и самите тие претрпеле страдања, глад и жед. Но ’нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето и никаква горештина‘ (Откровение 7,14–16).“ (Големата борба, стр. 648,649) {МАР 328.2} {МАР 328.3} {МАР 328.4}