9 ноември — Одговори што задоволуваат

Мараната — Господ доаѓа

Одговори што задоволуваат

9 ноември

„Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли.“ (Исаија 55:9) {МАР 321.1}

„Нашите планови не се секогаш Божји планови. … Во Својата голема љубов и грижа, Оној што нè разбира подобро отколку што се разбираме самите себеси, често не ни дозволува себично да бараме задоволство во сопствените стремежи. … Често нашите планови пропаѓаат за да можат Божјите планови за нас да успеат. … {МАР 321.2} {МАР 321.3}

Тајните, кои тука нè вознемирувале и разочарувале, ќе ни бидат разјаснети во идниот живот. Ќе видиме дека нашите навидум неуслишени молитви и неисполнети надежи биле меѓу нашите најголеми благослови.“ (Здравје и среќа, стр. 473,474) {МАР 321.4}

„Не сме напреднале доволно во духовното знаење за да ги разбереме Божјите тајни. Но кога ќе станеме составен дел од небесното семејство, тие тајни ќе ни бидат откриени. … {МАР 321.5}

Тогаш ќе бидат откриени и разјаснети многу прашања за кои Бог сега молчи, зашто не го собираме и не го цениме правилно она што ни е откриено за тие вечни тајни. Патиштата на Провидението ќе бидат разјаснети, тајните на Христовата благодат ќе бидат откриени. Она што умот сега не може да го сфати, што е толку тешко да се разбере и прифати, тогаш ќе стане сосема јасно. Ќе ја видиме целта на она што сега ни изгледа сосема необјасниво; мудроста во она што ни било ускратено, добрината и неизмерната милост во сето она што ни било дарувано. Вистината ќе заблеска во умот на спасените без никакви нејаснотии, и тие ќе бидат способни да го поднесат сјајот на нејзината светлина. Срцето ќе биде исполнето со радосни песни, зашто борбата и сите тешкотии засекогаш ќе завршат.“ (The SDA Bible Commentary, том 6, стр. 1091) {МАР 321.6}

„Во идниот свет сето тоа што нè збунувало во Божјото Провидение конечно ќе ни стане јасно. Тогаш ќе бидат објаснети појавите кои денес е тешко да се разберат. Пред нас ќе се открие тајната на благодатта. Таму каде што нашиот ограничен ум гледал само збрка и неисполнети ветувања, ќе забележиме најсовршена и најубава хармонија. Ќе увидиме дека токму бескрајната љубов одредила да го преживееме она што ни изгледало потешко од сè. Кога ќе ја сфатиме нежната грижа на Оној кој прави сè што ќе нè снајде да биде за наше добро, тогаш ќе почувствуваме неискажана радост и благодарност.“ (9. Сведоштво, стр. 286) {МАР 321.7}