24 октомври — Вознесување на праведните на небото

Мараната — Господ доаѓа

Вознесување на праведните на небото

24 октомври

„Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ.“ (1 Солунјаните 4:16,17) {МАР 305.1}

„Потоа се покажува голем бел облак. Изгледаше поубав од кога и да е претходно. На него седеше Синот човечки. Не го запазуваме веднаш Исуса, но како облакот се приближува кон земјата, сè појасно го гледаме Неговиот драг лик. … Гласот на Божјиот Син ги повикува заспаните светии, кои се појавуваат облечени во бесмртна слава. Живите светии беа преобразени во еден момент и заедно со нив беа земени во кола сочинета од облак, која издигнувајќи се кон небото изгледаше многу величествено. На секоја страна од колата имаше крилја, а одоздола тркала. Тркалата при искачувањето извикуваа: ’Свет,‘ додека крилјата во движење извикуваа: ’Свет‘. Светите ангели придружници кои го опкружуваат облакот извикуваа: ’Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот‘. А спасените на облакот воскликнуваат: ’Слава! Алелуја!‘“ (Рани списи, стр. 35) {МАР 305.2}

„Сите заедно на облакот се вознесувавме седум дена до Стакленото море каде што Исус ги донесе круните и со сопствената десница ги постави врз главата на секого од нас. Исто така ни даде и златни харфи и палми на победа, тука, на стакленото море 144.000 стојат во совршен четириаголник. Некои имаа многу блескави круни, а други не толку сјајни. Некои имаа круни полни со ѕвезди, додека некои имаа само неколку. Сите беа целосно задоволни со своите круни. И сите од глава до пети беа облечени во славни бели облеки. Ангелите беа насекаде околу нас додека преку Стакленото море чекоревме кон вратите на Градот. Исус ја подигна Својата моќна, славна рака, се фати за бисерните порти и ги отвори наназад на нивните блескави шарки велејќи ни: ’Вие ги оправте своите облеки во Мојата крв и цврсто стоевте заради Мојата вистина; влезете внатре‘. И сите влеговме внатре чувствувајќи дека имаме целосно право на Градот.“ (Рани списи, стр. 16,17) {МАР 305.3}

„Глас помилозвучен од секоја музика што смртното уво некогаш ја чуло тогаш ќе рече: ’Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот‘.“ (Counsels on Stewardship, стр. 350) {МАР 305.4}