30 септември — Посебно воскресение

Мараната — Господ доаѓа

Посебно воскресение

30 септември

„И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за вечен срам.“ (Даниел 12:2) {МАР 281.1}

„На полноќ Бог одлучи да го избави Својот народ. Како што злите се исмеваа околу нив, одеднаш на полноќ додека месечината сè уште свети, се појавува сонцето во својот полн сјај. … Темни, тешки облаци се насобираат и се судираат еден со друг. Меѓутоа на едно место се запазува сјај на неопислива слава откаде допира Божјиот глас сличен како жубор од многу води. Настанува голем земјотрес. Гробовите се отвораат и оние кои умреа со вера во третата ангелска вест, држејќи ја саботата, излегоа од своите правливи кревети, прославени, за да го слушнат заветот на мирот кој Бог ќе го направи со оние кои го одржаа Неговиот закон.“ (Рани списи, стр. 285) {МАР 281.2}

„Оние што спијат во Исуса ќе бидат повикани од своите темници … во славна бесмртност. … Тој воскреснал, мили пријатели, и во својата безнадежност знајте … дека Исус е покрај вас за да ви даде мир. {МАР 281.3}

Знам за што зборувам. Поминав низ време кога мислев дека брановите ќе ме совладаат. Тогаш почувствував колку ми е драгоцен Спасителот. Кога умре мојот најстар син, чувствував голема болка, но Исус дојде кај мене и тогаш го почувствував Неговиот мир во душата. Чашата на утехата ги допре моите усни. {МАР 281.4}

А потоа умре и оној што беше покрај мене триесет и шест години. … Заедно работевме во делото, но моравме да ги склопиме рацете на овој борец и да го положиме да почива во тивкиот гроб. Повторно мојата болка беше страшна, но по сето тоа дојде чашата на утехата. Исус ми е драгоцен. Беше покрај мене … а ќе биде и покрај вас. Кога нашите пријатели заминуваат во гробот, за нас тие и понатаму се убави. Можеби ќе се разделиме со својот татко или мајка: кога повторно ќе дојдат, брчките ќе исчезнат, но ликот ќе остане и ќе ги препознаеме. … {МАР 281.5}

Да бидеме подготвени да се сретнеме со овие драги пријатели кога ќе се појават во утрото на воскресението. … Ќе се држиме ли за надежта што се наоѓа во евангелијата, дека ќе бидеме како Него, зашто ќе Го видиме каков што е?“ (In Heavenly Places, стр. 353) {МАР 281.6}