28 септември — Полноќно ослободување

Мараната — Господ доаѓа
Полноќно ослободување
28 септември
„Тие умираат ненадејно; среде ноќ народот ќе се побуни и тие ќе исчезнат; без рака да се подигне, моќниците паѓаат;“ (Јов 34:20) {МАР 279.1}
„Бог секогаш ги избирал крајните мигови за да ја покаже Својата сила, кога изгледало дека нема избавување од сатанското дејствување.“ (5. Сведоштво, стр. 714) {МАР 279.2}
„Точно е полноќ кога Бог ја открива Својата моќ да го ослободи Својот народ. Сонцето се појавува во својот целосен сјај. Бргу и последователно се редат знаци и чуда. Грешниците со страв и ужас ги гледаат овие сцени, а праведниците со свечена радост ги посматраат знаците на своето ослободување. Во природата се чини дека сè излегло надвор од својот нормален тек. Реките престануваат да течат. Темни, тешки облаци се појавуваат и се судираат едни со други. Среде гневното небо се гледа едно место на неопислива слава од каде што доаѓа Божјиот глас како звук на многу води, изјавувајќи: ’Се сврши!‘ (Откровение 16:17).“ (Големата борба, стр. 636) {МАР 279.3}
„На звукот на Божјиот глас силите небесни се затресуваат: сонцето, месечината и ѕвездите се задвижуваат од своите места; нив нема да ги снема туку само се затресуваат од Божјиот глас. {МАР 279.4}
Темни, густи облаци се собираат удирајќи се еден од друг. Атмосферата се одвои и замота така што низ тој отворен простор можевме да го видиме Орион, од каде што дојде Божјиот глас.“ (Рани списи, стр. 41) {МАР 279.5}
„Што се однесува до доаѓањето на Синот Човечки, тоа ќе се случи дури откако народот ќе го чуе Божјиот глас и земјата ќе ја погоди страшен земјотрес. Луѓето се наоѓаат во очај и неволја каква што немало откако постојат луѓето, а Божјиот народ ќе поминува низ мака. Небесните облаци ќе се судираат и ќе настапи темнина. Потоа доаѓа глас од небото, а облаците почнуваат да се свиткуваат како свиток. Се појавува светлиот, јасен знак на Синот Човечки. Божјите деца знаат што значи тој облак.“ (Manuscript 81, 1886) {МАР 279.6}
„Сто четириесет и четирите илјади ја слават победата, а лицата им ја одразуваат Божјата слава.“ (Рани списи, стр. 37) {МАР 279.7}
„Кога Божјиот глас ќе ја измени судбината на Неговиот народ, ќе настапи големо отрезнување меѓу оние што во големиот животен судир изгубиле сè.“ (Големата борба, стр. 654) {МАР 279.8}
„Денот на гневот за Божјите непријатели истовремено е ден на конечно избавување за Неговата црква.“ (Пророци и цареви, стр. 727) {МАР 279.9}
