26 септември — Нема маченици по завршувањето на времето на милоста

Мараната — Господ доаѓа

Нема маченици по завршувањето на времето на милоста

26 септември

„Ќе повика кон Мене, и ќе го чујам; со него ќе сум во неволја; ќе го избавам и ќе го прославам,“ (Псалми 91:15) {МАР 277.1}

„Божјиот народ нема да биде поштеден од страдања. Но, иако ќе биде прогонуван и угнетуван, иако ќе поднесува немаштија и ќе страда од недостиг на храна, сепак, нема да биде оставен да загине. … {МАР 277.2}

Сепак, според човечко мислење, се чини дека Божјиот народ наскоро ќе мора да го запечати своето сведоштво со крв, како и мнозина маченици пред нив. И тој самиот ќе почне да се плаши мислејќи дека Бог го оставил да падне во рацете на своите непријатели. Тоа е време на ужасна душевна агонија. Дење и ноќе ќе викаат пред Бога за избавување. … {МАР 277.3}

Божјото око, гледајќи низ вековите, било насочено токму на кризата која мора да наиде на Божјиот народ кога сите земни сили ќе се здружат против него. Слично на протераните заробеници, тие ќе се плашат од смрт со глад и насилство. Но Светиот, кој го раздвоил Црвеното Море пред Израелците, и сега ќе ја покаже Својата моќна сила и ќе го укине нивното ропство. ’Тие ќе бидат Мои, вели Господ Саваот, Моја сопственост во оној ден, што го готвам, и ќе бидам милостив кон нив како што татко е милостив кон синот свој, кој му служи‘ (Малахија 3:17). Кога крвта на верните Христови сведоци во тоа време би била пролеана, таа не би можела, како крвта на мачениците некогаш, да претставува семе кое требало да донесе род за жетва на Бога. Нивната верност не би била сведоштво кое другите би ги осведочило за вистината, зашто брановите на милоста се одбиле од закоравените срца за никогаш повеќе да не се вратат. Кога праведниците сега би биле препуштени да паднат како плен на своите непријатели, тоа би значело триумф за кнезот на темнината. Псалмистот вели: ’Зашто во злочест ден Тој би ме сокрил во Својата скинија, би ме сокрил под покривот на Своето живеалиште; би ме искачил на карпа‘ (Псалм 27:5). Христос рекол: ’Ајде народе Мој, влези во покоите свои и затвори ги зад себе вратите свои, сокри се за миг, додека да мине гневот; зашто, ете, Господ излегува од Своето живеалиште да ги казни жителите земни за нивното беззаконие‘ (Исаија 26:20,21). Славно ќе биде ослободувањето на оние кои стрпливо го чекале Неговото доаѓање, чиишто имиња се запишани во Книгата на животот.“ (Големата борба, стр. 629,630,634) {МАР 277.4}