24 септември — Големото време на неволја

Мараната — Господ доаѓа

Големото време на неволја

24 септември

„Зашто во тие дни ќе има мака, каква немало досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има.“ (Марко 13:19) {МАР 275.1}

„Наскоро ќе настапи време на неволја какво што никогаш немало. Нам ни е потребно искуство што сега го немаме, а мнозина се премногу мрзливи за да го стекнат. Често се случува неволјата во очекувањето да изгледа поголема отколку во стварноста. Но не е така со неволјата што е пред нас. Ни најживиот опис не може да ја прикаже големината на тие маки. И сега, додека милостивиот Спасител врши помирување за нас, треба да се стремиме да станеме совршени во Христа. Божјото провидение е училиште во кое треба од Исуса да се научиме на кротост и понизност. Господ секогаш ни го покажува, не патот што самите би го избрале, кој е полесен и попријатен за нас, туку патот кон вистинските животни цели. Никој не смее да го отфрли или одложи ова дело ако не сака најстрашни последици за својата душа. {МАР 275.2}

Апостол Јован во видение чул продорен глас на небото што гласно зборувал: ’Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, бидејќи знае дека му останува малку време!‘ Страшни се сцените што го предизвикуваат овој небесен повик. Сатанскиот гнев расте како што се скратува времето, а неговото дело на измама и разурнување го достигнува врвот во времето на неволјата. Завршило времето на Божјото долготрпение. Светот ја отфрлил Неговата милост, ја презрел Неговата љубов и го погазил Неговиот закон. Грешниците ја пречекориле границата на своето време на проба, и Господ ја повлекува Својата заштита и ги остава на милост и немилост на водачот што самите го избрале. Сатаната ќе има власт над оние што ѝ се потчиниле на неговата власт и ќе ги вовлече жителите на земјата во големата, последна неволја. Кога Божјите ангели ќе престанат да ги задржуваат страшните ветрови на човечките страсти, сите сили на судирот ќе бидат пуштени. Целиот свет ќе биде вовлечен во пропаст пострашна од онаа што го снашла стариот Ерусалим.“ (The Spirit of Prophecy, том 4, стр. 440,441) {МАР 275.3}

„За време на неволјите — неволји какви што немало откако постојат народите — Неговите избраници ќе останат постојани. Сатаната со целата војска на злото не може да го уништи ни најслабиот од Божјите светии.“ (Пророци и цареви, стр. 513) {МАР 275.4}