23 септември — Божјото око бдее над Неговиот народ

Мараната — Господ доаѓа

Божјото око бдее над Неговиот народ

23 септември

„Зарем Бог нема да ги одбрани Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави? Ви велам, ќе ги одбрани набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“ (Лука 18:7,8) {МАР 274.1}

„Така и Божјиот народ за време на големата неволја би бил совладан кога би имал непокајани гревови од минатото што би излегувале пред него во миговите на страв и болка. Очајот би ја уништил нивната вера и тие не би имале смелост да Му се молат на Господа за избавување. Но, иако длабоко се свесни за својата недостојност, сепак, не можат да откријат ниту еден прикриен грев. Нивните гревови уште порано биле изнесени пред судот и избришани и затоа тие не се сеќаваат веќе на нив. … {МАР 274.2}

Оние таканаречени христијани, кои во овој последен и страшен судир ќе влезат неподготвени, во својот очај ќе ги исповедаат своите гревови со зборови на длабока болка, додека злите ќе ликуваат поради нивната мака. … {МАР 274.3}

Случајот на Јаков исто така е гаранција дека Бог нема да ги отфрли оние што биле измамени, искушувани и наведени на грев, но се вратиле кај Него со искрено покајание. Додека сатаната се обидува да ги уништи овие луѓе, Бог ги праќа Своите ангели да ги тешат и да ги заштитат во време на опасноста. Нападите на сатаната се жестоки и решителни и неговите измами страшни, но окото Господово бдее над Неговиот народ и Неговите уши ги слушаат нивните повици. Нивната болка е голема; се чини дека само што не ги проголтал пламенот на искушението; но Бог ќе ги спроведе низ огнот, како златото што се чисти во оган. Божјата љубов кон Неговите деца за време на нивното најтешко искушение е исто толку силна и нежна како и во деновите на нивната најголема благосостојба, но тие имаат потреба да поминат низ огнот на печката. Сè што е земно во нив мора да изгори, за да можат совршено да го одразуваат Христовиот лик. {МАР 274.4}

Времето на неволја и страв, какво што е пред нас, ќе бара вера што може да поднесе премореност, одлагања и глад, вера која нема да се поколеба иако ќе биде жестоко испробана. Времето на милоста им се дава на сите за да се подготват за тоа време…. Сите што се потпираат на Божјите ветувања, како и Јаков, и ја покажуваат истата сериозност и истрајност, ќе одолеат како што одолеал и тој.“ (Големата борба, стр. 620,621) {МАР 274.5}