22 септември — Зошто постои време на неволја

Мараната — Господ доаѓа
Зошто постои време на неволја
22 септември
„Бог ни е нам прибежиште и сила, докажан помошник, во неволја.“ (Псалми 46:1) {МАР 273.1}
„Иако Божјиот народ ќе биде опкружен со непријатели кои ќе настојуваат да го уништат, сепак, стравот што го поднесува не е страв од прогонство заради вистината; тој се плаши од тоа дека можеби не се покајал за секој свој грев и дека поради некоја своја грешка ќе биде лишен од ветувањето на Спасителот според кое ќе го ’запази од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет‘ (Откровение 3:10). Кога сигурно би знаеле дека гревовите им се простени, не би се плашеле од тортурата и од смртта; но, ако се покаже дека се недостојни и ако го загубат својот живот поради недостатоците во својот карактер, тогаш Господовото свето име ќе биде обесчестено. {МАР 273.2}
На секој чекор слушаат заговори за предавство и го гледаат активното бунтовничко делување; и кај нив се јавува силна желба, искрен копнеж на душата на ова големо отпадништво и беззаконие на непокајаните веќе еднаш да му дојде крајот. Но, додека се молат на Бога да стави крај на бунтот, тие самите себеси си префрлаат што немаат сила да ѝ се спротивстават на моќната струја на злото и да ја запрат. Тие чувствуваат дека кога сите свои способности би ги употребиле во Христовата служба и кога постојано би напредувале во силата, силите на сатаната во својата борба против нив би биле помалку успешни. {МАР 273.3}
Тие ги мачат своите души пред Бога, укажувајќи на нивното поранешно покајание за многу свои гревови и повикувајќи се на ветувањето на Спасителот: ’Ако пребегне кон заштитата Моја и склучи мир со Мене. Тогаш нека склучи мир со Мене‘ (Исаија 27:5). Нивната вера не престанува затоа што на нивните молитви не им е веднаш одговорено. Иако поднесуваат најголем страв, ужас и неволја, сепак, не престануваат да се молат. Тие се потпираат на Божјата сила како што Јаков се држел за Ангелот, а зборови на нивната душа се: ’Нема да Те пуштам додека не ме благословиш‘.“ (Големата борба, стр. 619,620) {МАР 273.4}
„Времето на неволјата е испит низ кој треба да се изградат карактери слични на Христовиот. Тоа е време кога Божјиот народ треба да ги отфрли сатаната и неговите искушенија.“ (Review and Herald, 12. август 1884.) {МАР 273.5}
